Огромна ајкула им се приближува на сурфери во Калифорнија- драматичната сцена е снимена со дрон (ВИДЕО)
1Огромна ајкула им се приближува на сурфери во Калифорнија- драматичната сцена е снимена со дрон (ВИДЕО)
МакедонијаСтојкоски: Две нови градинки со капацитет од по 120 деца, нови училници и мега-парк на кејот на ВардарДве нови градинки со капацитет од по 120 деца, нови училници и мега-парк на кејот на Вардар, Ѓорче Петров се развива со засилено темпо.Довербата што ми ја дадовте ја разбирам како обврска да носам одлуки што ќе го подобрат нашиот живот и ќе создадат сигурна иднина за сите нас во Ѓорче. Во минатиот период, завршивме едно важно поглавје. Наш приоритет беше подобрувањето на инфраструктурата и создавањето услови за понатамошен развој на општината. Денес може да кажеме дека направивме еден сериозен исчекор и не застануваме тука. Секој развој има своја цел. Нашата цел во овој мандат и нашиот најголем фокус се децата, нивното образование, креирањето подобри услови и создавање подобар квалитет на живот за сите семејства во Ѓорче . Нашиот најважен приоритет во овој мандат е целосно надградување на образовната инфраструктура во нашата општина. Во само првата година во мојот нов мандат, започнуваме со три големи училишни доградби. Во основното училиште „Страшо Пинџур“ Во Даме Груев се градат 6 нови училници Во основното училиште „Јоаким Крчоски“ во Волково се градат 8 нови училници. Во подрачното училиште „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ во населбата Хром започнавме со изградба на исто така 8 нови училници, со што вкупно 22 нови училници на територија на општина Ѓорче Петров во моментов се градат и создаваме услови за едносменска настава во сите основни училишта. Хром конечно ја доби и новата спортска сала во подрачното училиште на „Димитар Поп-Георгиев Беровски“. Реконструираме училишни простории, инвестираме во опрема и ги уредуваме кабинетите по информатика. Истовремено градиме и нови детски градинки. Новата градинка во Дексион ќе биде со капацитет од 120 деца и целосно современ, енергетско ефикасен објект. А продолжуваме и со изградбата и на новата градинка во Стопански двор, која е исто така со капацитет од 120 дечиња и ќе има дополнително нова централна кујна со нов магацински простор кои ќе служат за потребите на јавната установа Росица во Ѓорче Петров. Нашата грижа е секое едно дете да има услови и можност за квалитетно образование и личен развој. Основното училиште „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ е првото училиште во општината кое доби најсовремен систем за греење со топлински пумпи. Во соработка со нашите партнери од УНОПС започнуваме проект во кој сме лидери со кој ги опфаќаме сите 6 основни училишта во Ѓорче Петров како и објекти од 3 детски градинки, со што постојните системи за греење ќе бидат надградени со современи топлински и еколошки пумпи. Единствена фотоволтаична централа од 2.2 МВ на покривите на училиштата, самата по себе претставува еден исклучителен проект и не позиционира како општина лидер во Република Македонија , бидејќи по самиот обем е најголема проект преку кој со јавно приватно партнерство покрај тоа што ги поставуваме фотоволтаичните централи на нашите кровови, обезбедуваме и дополнителен приход во буџетот од најмалку 7 милиони денари годишно, без дополнителен трошок од општинскиот буџет. Покрај тоа што инвестираме во образовната инфраструктура, воведовме и мерки што директно влијаат на намалување на семејниот буџет. За 410 првачиња обезбедивме бесплатни ранци, училишен прибор и по 3.000 денари еднократна финансиска поддршка. За прв пат сите полуматуранти во Ѓорче добија по 5.000 денари финансиска поддршка, мерка која што ќе продолжи и во иднина. А за младите од 18 до 25 години започнавме со иницијатива и програма за добивање на субвенции од 10.000 денари за полагање на возачки испит од Б категорија. Учениците со попреченост во нашата општина во основното образование добиваат по 10.000 денари еднократна поддршка во текот на образованието. А ја зголемивме и поддршката за новороденчиња на 8.000 денари. Општина Ѓорче Петров е инклузивна општина. А во мај оваа година и официјално го отворивме Центарот за дневен престој и индивидуален третман, кој обезбедува стручна грижа и индивидуални третмани за децата и возрасните со попреченост. Во патната инфраструктура само во периодот од последната година изградивме повеќе од 10 км нови коловози, улици и нивни краци во повеќе населени места, со што вкупната бројка на досега реализирани нови улици и краци од почетокот на првиот мандат изнесува над 300 нови вакви објекти. Ја реконструиравме улицата Воин Драшкоци во населбата Хром, главна улица којашто после години добива темелна реконструкција во должина од 950 м, а покрај целосната реконструкција на коловозот изведени се и нови тротоари на обете страни на коловозот, ќе бидат изведени и легнати полицајци и за првпат оваа улица добива и атмосферска канализација. Со којашто го решаваме долгогодишниот проблем со одведувањето на атмосферските води во населбата Хром. Поставуваме и нова канализациона мрежа во руралниот дел на улица 31 и 37 во вкупна должина од приближно 1 км. Улицата 101 во Волково во тек е со реконструкција и уредување на последната автобуска станица на линијата 22 со нова автобуска постојка, проект којшто го работиме заедно со градот Скопје. Продолжуваме со уредување на многу улици и нивни краци во руралниот дел на Ѓорче Петров, а во урбаниот дел во населбата Александрија успеавме да поставиме нова топловодна инфраструктура со цел поекономично и еколошко централно греење за жителите на оваа населба. Паралелно на тоа работиме и на ново улично осветлување од приближно 700 м и нова мрежа во населбата Александрија. Нашата цел е Општина Ѓорче Петров да стане силна општина во која луѓето не само што ќе живеат, туку ќе сакаат да останат, да создаваат семејства и да ја градат својата иднина заедно во заедницата. Затоа во периодот што следи фокус ставаме и на јавните простори, зеленилото, спортот и местата за дружење и рекреација. Започнуваме со изградбата на нов мега-парк во Ѓорче Петров, паркот Македонија на кејот на реката Вардар, веднаш до фудбалското игралиште Македонски лавови. Паралелно со тоа продолжуваме со создавање на нови рекреативни простори, меѓу кои и нов парк во населбата Волково. Продолживме со инвестиции во спортските и рекреативните зони, нешто по што бевме и претходно препознатливи, а изградивме и три нови фитнес зони во дворот на училиштето Мирче Ацев, во дворот на Беровски како и близу локалитетот Бранители во населеното место Волково, со што создаваме услови за младите од овие делови да може да рекреираат и спортуваат на отворен простор. Нашата визија е јасна: општина која ги решава инфраструктурните проблеми, општина која ја градиме во која квалитетот на живот ќе биде еден од нејзините најголеми предности. И тоа нема да го постигнеме со само еден проект, туку заедно со граѓаните и со нивното партиципативно учество во секој еден проект, заедно со институциите на општината Ѓорче Петров. Со сето ова, со отворениот пристап, Ѓорче Петров е високо на скалата на транспарентност, со подобрување од минатата година, и со сериозен напредок од 25%. А во март оваа година успеавме да ја добиеме и европската ознака CAF Effective User и станавме првата општина во Република Македонија што успешно ја помина надворешната евалуација за признание за квалитет во јавната администрација. Продолжуваме да работиме за секое маало, за секое дете и за секое семејство. Ѓорче Петров е општина во која се живее, се расте и се создава иднина заедно. Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Граѓаните со свои предлози и идеи за Кавадарци во 2027 годинаЗапочнаа посетите и средбите со граѓаните во урбаните и месните заедници на територијата на Општина Кавадарци.Со голем одзив и во позитивна атмосфера, вечерва ги реализиравме првите средби во УЗ „Браќа Досеви“, УЗ „Задругар“, УЗ „Слога“ и МЗ „Ваташа“. Отворените разговори донесоа бројни предлози, идеи и конкретни иницијативи од граѓаните, насочени кон подобрување на инфраструктурата, комуналните услуги и севкупните услови за живот во нивните населби и населени места. Токму преку ваквите непосредни средби ги слушаме потребите на граѓаните и ги утврдуваме приоритетите кои ќе бидат дел од годишната програма за работа за 2027 година. Се гледаме утре - САБОТА • Ресава – 11:00 часот • Дабниште – 11:45 часот • Бегниште – 12:30 часот Продолжуваме понатаму, со средби во сите урбани и месни заедници!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКолумбија пријави 256 загинати и 973 лица во војната во Украина, земја оддалечена 10.000 километри Министерството за надворешни работи на Колумбија соопшти дека 256 колумбиски државјани се пријавени за мртви, а 973 се исчезнати во врска со војната меѓу Русија и Украина, според информациите добиени преку дипломатски и конзуларни канали.Од вкупниот број пријавени смртни случаи, 162 се евидентирани врз основа на информациите доставени од Украина, а 94 врз основа на информациите од Русија, објави УПИ. Што се однесува до исчезнатите лица, 676 случаи се регистрирани врз основа на информациите добиени од Украина, а 297 врз основа на информациите од Русија. Министерството соопшти дека примило 1.927 барања за конзуларна помош поврзани со конфликтот, вклучувајќи 1.013 случаи поврзани со Русија и 914 со Украина. Колумбиските власти соопштија дека официјално побарале од Русија и Украина да преземат мерки за да ги спречат колумбиските граѓани да се приклучат на нивните вооружени сили. Министерството, исто така, предупреди за шеми за регрутирање што вклучуваат понуди за работа во странство, особено на воени, безбедносни и оперативна поддршка. Ги повика колумбиските граѓани да ги проверат условите за вработување и да ги проценат ризиците пред да потпишат договори што би можеле да ги однесат во воени зони. Според различни извештаи, Колумбија стана еден од главните странски извори на воен персонал за конфликтот. Cancillería informa sobre 256 colombianos reportados como fallecidos y 973 como desaparecidos en el contexto del conflicto entre Rusia y Ucrania. 👇 https://t.co/fjjLllc6oJ — Cancillería Colombia (@CancilleriaCol) October 29, 2026 Во март, Работната група на Обединетите нации за употреба на платеници презентираше прелиминарен извештај во кој се истакнува зголеменото регрутирање на колумбиски борци за странски конфликти. Експертите на ОН изјавија дека во текот на изминатите 11 години, повеќе од 10.000 Колумбијци биле регрутирани како платеници за да се борат во војни во странство. Украина, Русија, Судан и Демократска Република Конго беа наведени како главни дестинации. Мишел Смол, претседателка на Работната група, предупреди дека феноменот е „во пораст“. Извештајот ги опиша практиките на регрутирање како „предаторско регрутирање“, предизвикувајќи загриженост за транснационален криминал, експлоатација на трудот и трговија со луѓе. Експертите рекоа дека регрутерите сè повеќе ги користат социјалните медиуми за да привлечат кандидати. Тие, исто така, идентификуваа фиктивни компании регистрирани во трети земји, вклучително и Панама, кои наводно биле користени за прикривање на финансиски трансакции и избегнување на правна одговорност. Според експертите на ОН, колумбиските регрути се претежно поранешни воени офицери и пензионирани полицајци под 40 години. Многумина имаат обемна обука за рурално војување, борба против бунтовниците и напредни воени тактики стекнати за време на повеќедеценискиот внатрешен вооружен конфликт во Колумбија. Ограничените можности за вработување дома и можноста за заработка помеѓу 2.000 и 6.000 долари месечно ги направија странските воени договори привлечни за некои поранешни воени лица. Сепак, експертите предупредуваат дека регрутите честопати се соочуваат со злоупотребувачки услови по пристигнувањето во странство, вклучувајќи договори напишани на јазици што не ги разбираат, незаконско одземање на нивните пасоши и итно распоредување на позиции на фронтот по минимална обука. Некои, исто така, пријавуваат неисплатени плати и ограничувања што ги спречуваат да ги раскинат своите договори. Наодите ги истакнуваат растечките загрижености за регрутирањето на искусни колумбиски воени ветерани во странски конфликти и ризиците со кои се соочуваат по распоредувањето. За да бидат овие информации уште пошокантни, Колумбија е земја која е оддалечена над 10.000 километри од Украина воздушна линија.Тагови: Колумбија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотОгромна ајкула им се приближува на сурфери во Калифорнија- драматичната сцена е снимена со дрон (ВИДЕО)„Блиска средба“ со морски предатор, долг помеѓу 3,6 и 4,5 метри, покрај брегот на округот Сан Луис Обиспо, Калифорнија, е снимена од дрон.Голема бела ајкула опасно се приближи до група сурфери во среда, 28 октомври, и сè беше снимено и објавено на социјалните мрежи од Дејвид Штајнер. Откако предаторот се приближи до луѓето, одеднаш ја смени насоката и го испрска сурферот Џоел Хендрикс со вода. После тоа, исчезна во длабочините. „Ајкулата ме испрска, како да ме крстеше“, рече подоцна Хендрикс. Тој, исто така, коментираше за својата реакција. „Немав време да паничам или да се исплашам. Само помислив: „Ова не е местото каде што сакам да бидам повеќе“, рече тој. Снимката јасно открива колку блиску ајкулата се приближила до сурферите, како и ненадејното прскање што се случило откако ја замавнала опашката. По „блиската средба“, Хендрикс допливал до брегот. Дејвид Штајнер со години снима ајкули по должината на брегот на Калифорнија. Овој пат, тој снимил средба со примерок значително поголем од големите бели ајкули што можат да се видат во крајбрежните води, објавува „Дејли Војс“. View this post on Instagram A post shared by Dave (@caveman_476) Времето на инцидентот исто така не е случајно. Тоа е време од годината кое се карактеризира со враќање на возрасни единки во оваа област. Овој сезонски феномен е познат како Шарктобер, што се добива со комбинирање на англиските зборови shark (ајкула) и October (октомври). Како што објаснуваат експертите, возрасните единки доаѓаат во локалните води за да се хранат со фоки.Тагови: ајкула сурфери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter