Се огласи Орбан по расколот на самитот на ЕУ: Унгарија мора да остане надвор од војна - Канал 5

Се огласи Орбан по расколот на самитот на ЕУ: Унгарија мора да остане надвор од војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија мора да остане надвор од војната, со порака дека неговата земја не смее да биде вовлечена во конфликтот.

Се огласи Орбан по расколот на самитот на ЕУ: Унгарија мора да остане надвор од војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија мора да остане надвор од војната, со порака дека неговата земја не смее да биде вовлечена во конфликтот во време кога, како што изјави, Германија се движи кон војна, а во исто време нагласи дека правото на вето е „важно и корисно“ и дека без него, нема да има смисла Унгарија да биде членка на Европската Унија.

Во изјава за новинарите по самитот на Европската Унија во Брисел, Орбан рече дека Европската народна партија (ЕПП) носи посебна одговорност, оценувајќи дека таа е „водечка воена партија“, во која, според него, се вкоренети главните проблеми.

Орбан нагласи дека ЕПП е во суштина германска политичка структура и додаде дека во Германија претстојат избори, но само на регионално ниво, поради што, како што изјави, шансите за победа на „прорускиот или мировен камп“ се исклучително мали, пренесува МТИ.

Зборувајќи за финансиската помош за Украина, Орбан рече дека за време на самитот имал идеја да стави вето на заедничкиот заем од ЕУ за Украина, бидејќи промените во буџетот бараат едногласна согласност од сите земји-членки.

Тој додаде дека се консултирал со, како што го нарече, „главните играчи“ за ова прашање, но заклучил дека Унгарија не може да си дозволи да се соочи со сите големи провоени европски држави како директни непријатели одеднаш.

„Не можевме да дозволиме чизмите на Германија, Франција и Италија да ни паднат на градите истовремено“, рече Орбан, додавајќи дека Унгарија затоа е принудена да се задоволи со помала цел.

„Целта беше да се држиме подалеку од тој заем и успеавме во тоа“, нагласи унгарскиот премиер.

Орбан, исто така, изјави во Брисел дека правото на вето е „важна и корисна моќ, без која нема смисла Унгарија да биде членка на Европската Унија“.

„Ако на земјите-членки им се одземе правото на вето за клучни прашања, Европската Унија ќе стане империја. За мене и за Унгарците, ова не е само прашање на суверенитет, туку и економско прашање“, заклучи Орбан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Условна затворска казна од една година, ако стори кривично дело во следните три години, доби екс-претседателката на антикорупциска Татјана Димитровска, откако беше прогласена за виновна за оддавање на службена тајна и компјутерски фалсификат. 

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Судот како отежнителна околност го наведе тоа што делата ги сторила како претседателка на една од најважните институции за борба против корупцијата, а ја компромитирала и државната безбедност и го изиграла системот за да добие највисок безбедносен сертификат, по што, на крајот и изрече условна казна.

Предметните обвинители, пак, се задоволни што е докажана вина, а по однос на казната, посочија дека очекувале ефективен затвор. Најавија дека дополнително ќе се произнесат дали ќе поднесат жалба до Апелација.

И условната казна претставува неуспех, порача адвокатот на поранешната антикорупционерка – Владимир Туфекџиќ. Тој веќе најави жалба до апелацискиот суд, со цел, како што кажа, да се докаже невиноста на Димитровска.

Второбвинетиот, ревизорот Миле Столевски, кој го полагал безбедносниот сертификат во име на Димитровска доби исто така условна затворска казна од шест месеци. Единствено, ослободителна пресуда доби Биљана Манева, обвинета во случајот дека му оддавала службени информации на Небојша Стојановиќ, поранешен директор на ТЕЦ Неготино и обвинет во предметот „Адитив“. Судот оцени дека Стојановиќ во тој период не можел да се смета за неповикано лице, бидејќи бил директор на институцијата. Што се однесува до Мантева – обвинителството децидно најави дека ќе се жали пред Апелација

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина е длабоко загрижена

Кина е длабоко загрижена поради обновената ескалација на воените конфликти во регионот на Персискиот Залив, изјави денес портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.

Кина е длабоко загрижена

Тој, исто така, ги повика сите релевантни страни да покажат воздржаност и „да го одржат тешко постигнатиот прекин на огнот“, објави Синхуа.

Одговарајќи на поврзано прашање за време на редовната прес-конференција, Лин ги повика сите вклучени страни да избегнат враќање на војната.

Тој особено нагласи дека спречувањето на понатамошна ескалација на борбите е клучно за заштита на животите на невините луѓе.

„Почитувањето на легитимните права и интереси на крајбрежните земји на Ормутскиот теснец и брзото враќање на нормалниот и безбеден премин низ теснецот е она што меѓународната заедница сака да го види“, рече Лин, додавајќи дека релевантните страни мора да работат во иста насока и да бараат соодветно решение, соопшти агенцијата.

Централната команда на САД (CENTCOM) објави претходно денес дека го завршила најновиот бран напади врз воени цели во Иран.

САД започнаа неколку бранови напади врз Иран од 7 јули.

CENTCOM соопшти дека нападите биле одговор на иранските напади врз комерцијалниот брод во Ормутскиот теснец.

Техеран одговори со напади врз американските бази во Кувајт, Бахреин и Јордан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Конечно решение за булевар „Борис Трајковски“

Фејсбук објава на градоначалникот на Град Скоје, Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Конечно решение за булевар „Борис Трајковски“

„30 години голгота - конечно решение за булевар „Борис Трајковски“

Зборот е збор.

Со силна динамика продолжуваат работите на довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект што со децении беше симбол на лажни ветувања, застој и секојдневен сообраќаен хаос.

Денес, со задоволство можам да кажам дека работите напредуваат според предвидената динамика и дека наскоро повеќе од 100.000 жители ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, како и уредена пешачка и велосипедска патека.

Трасата е речиси целосно пробиена, а паралелно се гради и нова атмосферска канализација, со што трајно се решаваат проблемите што со години го отежнуваа животот на граѓаните од овој дел на Скопје.

Свесен сум низ што поминуваше мојот народ сите овие години.

Свесен сум за изгубеното време, нервозите и долгото чекање.

Но, деценискиот сообраќаен хаос конечно заминува во историјата.

Ова е враќање на достоинството на граѓаните и доказ дека кога има волја, работа и одговорност - нема невозможни работи!

Продолжуваме да го менуваме ликот на Скопје!“- напиша Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер