ЕвропаБабиш се огради од ставовите на Орбан и Фицо за парите од ЕУ за УкраинаНовиот чешки премиер, Андреј Бабиш, се дистанцира од ставовите на Унгарија и Словачка, кои одбија 90 милијарди евра финансиска помош за Украина на самитот на Европската унија во Брисел, и нагласи дека Чешка го поддржува договорот.- Ние немаме ист став како Словачка и Унгарија. Ние ја поддржуваме Украина. Ги поддржавме заклучоците од самитот само со исклучок што не сакаме ние да даваме гаранции за кредити. Словачка и Унгарија одбија каква било помош, изјави Бабиш за чешките медиуми доцна синоќа, по самитот во Брисел. Иако унгарскиот премиер Виктор Орбан и словачкиот Роберт Фицо објавија дека Бабиш ќе го зајакне дуото што ја отфрла помошта за Украина, Бабиш пред самитот изјави дека во принцип Чешка дури и го поддржува користењето на руските замрзнати средства, што Орбан го означи како „практично објавување војна“ на Русија, пренесе Бета. - Јасно е дека Русија мора да плати репарации, но за тоа ќе се преговара кога ќе заврши војната. Русија ја нападна Украина и ќе мора да плати за штетите што ги предизвика. Сега е важно европските лидери, Трамп, Зеленски да се договорат за примирје и мир, рече Бабиш вчера пред самитот. Во блиска иднина се очекува можна средба меѓу Бабиш и украинскиот претседател Володимир Зеленски, но според неофицијалните најави, чешкиот премиер прво сака да се запознае со Меѓународната иницијатива за муниција што ја почна претходната влада на премиерот Петр Фијала. Преку таа иницијатива, од јуни 2024 година, чешки посредници наоѓаат артилериска муниција во трети земји. Тие се платени од развиените западни земји кои се членки на иницијативата и се даваат како подароци на Украина. Новиот чешки премиер остро ја критикуваше таа иницијатива во предизборната кампања и се закани дека веднаш ќе ја откаже, но кога стана премиер се повлече и сега сака да види дали и како може да се продолжи. Тагови: Виктор Орбан Роберт Фицо Бабиш Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско. Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправаНа 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: бугарски државјанин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината. Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16