ЕвропаМосква задоволна од компромисот на ЕУ за УкраинаЗаем за Украина од 90 милијарди евра, но без да се користат замрзнатите руски средства – ова е исходот од маратонскиот 16 часовен самит на ЕУ. Деталите рано утринава ги соопштија челниците на Унијата информираа дека иако не бил постигнат консензус за планот „А’, односно за замразнатите руски средства, сепак украинските финансиски потреби за одбраната ќе бидат задоволени во наредните две години. Според договореното, Украина долгот ќе го врати откако Русија ќе ги исплати репарациите за агресијата врз земјата. Најголемо противење за заемот имало од Унгарија, Словачка и Чешка кои според конечниот текст на договорот, ќе бидат ослободени од финансиските обврски и гаранциите на Унијата за кредитот. -Ова ќе ги задоволи итните финансиски потребите на Украина. Украина ќе го отплати овој долг само откако Русија ќе ги плати репарациите. Единствениот начин да се доведе Русија на преговарачка маса e да се зајакне Украина,- - Антонио Кошта – Претседател на ЕС. -Дотогаш, замрзнатите руски средства ќе останат замрзнати, а Унијата го задржува правото да користи готовински средства за финансирање на заемот,- - Урсула Фон дер Лајен – Претседателка на ЕК. Украинскиот претседател Зеленски експресно го поздрави исходот и порача дека важно е на овој начин да се покаже дека светот ја поддржува борбата против руската агресија врз Украина. -Тука е важен принципот, дека светот поддржува да се дадат пари како и различни замрзнати средства на Руската федерација за нивната агресија врз Украина и да и се дадат на Украина на еден или на друг начин,- - Володимир Зеленски – Претседател на Украина. Руските власти во првите јавни реакции по одлуката во Брисел изразија задоволство што нивните средства нема да бидат засегнати. Заемот на Унијата беше и меѓу главните теми на годишната прес-конференција на рускиот претседател Путин кој одговарајќи на новинарско прашање обидите да се искористат замрзнатите средства на неговата земја ги нарече грабеж. -Кражба“ не е вистинскиот термин. Кражбата е тајно одземање на сопствеништво. Но, овде се обидуваат да го сторат тоа отворено. Тоа е грабеж,- - Владимир Путин – Претседател на Русија. Русија според информациите има околу 210 милијарди средства кои се замрзнати во Европската Унија. Од нив, дури 88 проценти се наоѓаат во клириншката банка во Брисел, а белгиските власти се противат на нивно користење за војната во Украина, предупредувајќи дека на тој начин би се создал опасен преседан. Тагови: ЕУ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско. Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправаНа 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: бугарски државјанин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаОпштина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината. Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook