Се обидел да изеде смрдливо тофу, но не очекувал дека ќе биде толку лошо- снимката е хит (ВИДЕО) - Канал 5

Се обидел да изеде смрдливо тофу, но не очекувал дека ќе биде толку лошо- снимката е хит (ВИДЕО)

Џејмс Патрик Елингсворт стана познат на почетокот на септември откако се осмели да ја проба познатата ферментирана харинга (Сурстреминг), а сега повторно е во центарот на вниманието.

Се обидел да изеде смрдливо тофу, но не очекувал дека ќе биде толку лошо- снимката е хит (ВИДЕО)

Младиот инстаграмер си играше со стомакот и се обиде да изеде таканареченото смрдливо тофу, едно од омилените улични деликатеси во Источна Азија.

Вистински кулинарски предизвик

Веднаш ќе откриеме дека се покајал што го отворил производот, кој се добива со скиселување на соино млеко. Многумина го опишаа неговиот мирис како мешавина од „скапано ѓубре, валкани чорапи и смрдливи стапала“.

Овој специјалитет е вистински кулинарски предизвик, а штом ја отвори стаклената тегла, Елингсворт се чувствуваше лошо!

Заедно со објавеното видео, тој напиша дека тофуто е „Далеку од најлошото досега…“, а како заврши неговиот потфат ќе дознаете откако ќе го погледнете виралното видео.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Косово почна ископување во потрага по масовна гробница, се огласи Курти

Форензичарите денеска започнаа со ископ на локација на северот од Косово, барајќи масовна гробница во која би можеле да бидат пронајдени останките на околу дваесет жртви кои се водат како исчезнати од војната во 1990-тите, објави косовскиот премиер.

На Косово почна ископување во потрага по масовна гробница, се огласи Курти

Околу 13.000 луѓе, вклучувајќи 11.000 косовски Албанци, претежно цивили, беа убиени за време на косовската војна 1998-1999 година, во конфликтот меѓу српските сили и косовските Албанци. Речиси 1.600 луѓе сè уште се сметаат за исчезнати, објави Индекс.

Ископувањето на масовната гробница започна во селото Калудри во општина Зубин Поток на северот од Косово, изјави премиерот Курти. Властите се надеваат дека таму ќе ги пронајдат „останките на група од 23 интелектуалци од Митровица, лекари, професори и активисти за човекови права, кои беа киднапирани и се водат како исчезнати од 19 април 1999 година“, објави Курти на платформата X.

Пребарувањата на локацијата започнаа три дена по апсењето на двајца Срби од Зубина Поток, според обвинителството. Властите, исто така, претходно оваа недела посочија дека на местото на настанот се пронајдени човечки остатоци, без да откријат детали.

Обвинителот Блерим Исуфај денес за медиумите за време на посетата на местото изјави дека во оваа фаза од ископувањето е сè уште „прерано“ да се зборува за резултатите. „Идентификацијата бара време и почитување на строги процедури за пронаоѓање, а потоа и идентификација на секое тело преку ДНК анализа“, рече Исуфај.

Речиси три децении по војната, затегнатите односи меѓу Косово и Србија, која никогаш не ја призна независноста што нејзината поранешна покраина ја прогласи во 2008 година, исто така влијаат на процесот на барање исчезнати лица. Сепак, заедничка комисија од косовски и српски специјалисти се состана за прв пат во Брисел во јануари, повеќе од две години откако беше објавено нејзиното формирање.

Се очекува комисијата да иницира соработка меѓу Белград и Приштина за лоцирање на местата на масовни гробници. Меѓу исчезнатите, 1.100 жртви се косовски Албанци, додека околу 500 се Срби, Роми или припадници на други малцинства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ерупција на вулканот Етна на Сицилија (ВИДЕО)

Ерупцијата на вулканот Етна се случи денес по повеќе од три недели мир.

Ерупција на вулканот Етна на Сицилија (ВИДЕО)

Голем облак од пепел се издигна од кратерот на врвот на Ворагина, предизвикувајќи паѓање на пепел во градот Бронте на италијанскиот остров Сицилија.

Вулканската пепел предизвика привремени ограничувања на воздушниот простор над вулканот, додека операциите на меѓународниот аеродром во Катанија продолжија без прекин, според локалните власти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски во Вести Плус: Се разговара, на маса се и уставни измени со одложено дејство

Македонија има само план А за ЕУ, вели министерот Тимчо Муцунски..

Муцунски во Вести Плус: Се разговара, на маса се и уставни измени со одложено дејство

Во Вести Плус на Канал 5 Муцунски изјави дека се разгледуваат повеќе механизми за откочување на процесот,а повторно на маса се и уставни со одложено дејство.

За назначувањето на поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи за специјален претставник во Брисел , решение кое предизвика бројни политички реакции, Муцунски вели дека за Владата тој бил најкометенетнен за оваа позиција. Се школувал во Белгија, имал двојно државјанство но и контакти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер