Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава
Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
1Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава
2Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
3Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
Шоу бизКим Кардашијан има 50 елки во вилата: „Изгледа како магацин“Ким Кардашијан е позната по својата екстравагантност, а оваа празнична сезона не е исклучок. Таа ја трансформираше својата вила од 60 милиони долари во зимска земја на чудата со најмалку 50 елки, за кои се проценува дека вредат околу 10.000 долари.45-годишната ријалити ѕвезда сподели видео од импресивната глетка на својот Инстаграм. Огромните елки, покриени со вештачки снег и украсени со илјадници бели светла, го исполнија пространиот влез и дневната соба. „Ова е она на што се враќам дома“, тивко рече Кардашијан во видеото, додека во позадина свиреше класична пијано музика. „Не можам ни да почнам да ви објаснувам како мириса ова и како се чувствува. Прилично е лудо“, опиша Кардашијан, покажувајќи кон ходник исполнет со дополнителни елки. „Нејзината куќа е пријатна како мртовечница“ Додека Ким беше воодушевена, нејзината објава предизвика поплава од негативни коментари на „Reddit“, каде што многумина не беа импресионирани од нејзиниот празничен декор. „„Магично“ не е зборот што би го употребил за да ја опишам мојата куќа како магацин со новогодишни елки на распродажба“, коментираше еден корисник. „Изгледа како продавница за новогодишни елки во трговски центар“, додаде друг, додека трет заклучи: „Нејзината куќа е пријатна како мртовечница“. Традиција на луксузно декорирање Ова не е прв пат Кардашијан да претера со празничните декорации. Таа, исто така, ја искористи снежната атмосфера на вилата за неодамна да снима нова зимска колекција за нејзиниот бренд „SKIMS“. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Пред неколку години, таа и ќерката Норт закачија банкноти од 100 долари на нивната новогодишна елка, кои ги споделија на нивниот заеднички „TikTok“. Во 2021 година, таа откри дека ангажирала пијанист да свири божиќни песни секое утро за да ги разбуди нејзините деца. „Добро утро! Секое утро во текот на декември @philthekeys доаѓа да свири божиќна музика на пијано за да ги разбуди децата“, напиша таа во тоа време.Тагови: Ким Кардашијан елки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕгипет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава Според дел од информациите што се споделуваат египетските власти оваа и останатите 30-ина организации ја поврзуваат со транснационални исламистички движења како „Муслиманско братство“, кои во Египет се забранети и се сметаат за екстремни. Невладина организација од Скопје се најде на листата од 35 терористички организации кои Египте ги прогласи за закана за државата. Одлуката ја донел Кривичниот суд во Каиро, а Решението е објавено во египетскиот Службен весник. Според листата објавена во медумите и на социјални мрежи, се работи за Здружението „Исламски младински форум – Скопје“, кое фигурира во јавно достапните податоци од Централниот регистар, но нема официјална потврда за тоа. Канал 5 се обиде да стапи во контакт со македонската организација на јавно наведенот телефонски број, но никој не одговори на нашиот повик. Како што дознава „Канал 5“ од свои извори, здружението „Исламски младински форум – Скопје“ веќе неколку години не функционира активно, наводно поради блокирани банкарски сметки и сомнежи поврзани со неговото финансирање. Организацијата функционирача уште од 90-тите години, а пред пандемијата имала простории во близина на Мавровка и во скопската населба Јаја Паша. Нејзините активности главно биле насочени кон едукација на младите, организирање курсеви и програми за нивна интеграција во општеството. Раководството се менувало на секои две години. „Канал 5“ побара одговори од Агенцијата за национална безбедност и МВР дали се запознаени со египетската одлука, за која конкретна организација станува збор и дали таа претходно била предмет на безбедносни проверки за евентуални врски со радикални или екстремистички структури, но до објавувањето на прилогот не добивме одговор. Египетските власти тврдат дека организациите од списокот се дел од европска мрежа поврзана со Муслиманското братство, но не се објавени конкретни докази за секоја од нив поединечно. Братството е забрането во Египет од 2013 година, по воениот удар со кој беше соборен претседателот Мохамед Морси, а на власт дојде Абдел Фатах ал-Сиси. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаПрвостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилство врз 13-годишно девојче во скопско Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом. Како што потврдија од Основниот кривичен суд за Канал 5, судија за деца, на две од девојките им изрекол мерка во траење од една година, додека за останатите две, во траење од по осум месеци. Од кривичен посочуваат дека се работи за одлука што не е правосилна. Станува збор за случај од март годинава што ја шокираше јавноста поврзано со група деца која се изживува врз девојче, додека дел од присутните го снимаат насилството. По откривањето на случајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири малолетнички, една на возраст од 17 години која во меѓувреме стана и полнолетна, како и против три девојчиња на возраст од 14 години, поради основано сомнение за кривичното дело „насилство“.. обвинителството тогаш информираше дека малолетничките учествувале во дејствија на насилство во два одвоени настани.. Во рамките на истиот случај, до обвинителството беа доставени и шест кривични пријави против родители за „запуштање и малтретирање дете“.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор МацураПремиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година.Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, со која како што тврди, по предлог тогашниот министер Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка - Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија. Лидерот на СДСМ, Филипче, пак, како целосни невистини и манипулации ги отфрли ваквите наводи на прес-конференција која ја одржа на пауза од надзорната расправа. Тој објасни дека, откако Мацура во 2023 година се стекнал со над 90 проценти од акциите во белградската Алта банка, која претходно се викала ЈУБМЕС – односно Југословенска банка за меѓународна економска соработка, преостанатите акции биле преземени без согласност на македонската страна, според механизмот предвиден во српското законодавство. На прес-конференцијата од Филипче реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. И тој покажа документи од записникот од владината седница во 2023 година кои според власта ги демантираат обидите на опозицијата да ги изврти фактите и аргументите, а опозициските пратеници како што рече наместо на пресови надвор од сала сите прашања можеле да ги постават директно до учесниците на надзорната расправа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook