Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЖивотИстражување: Објавувањето на интернет ноќе е потенцијално поврзано со лошото ментално здравјеЛуѓето кои објавуваат на социјалните мрежи ноќе, имаат поголема веројатност да се соочат со лоша ментална состојба, покажува ново истражување. Со други зборови, кај „ноќните (онлајн) птици“ има поголема опасност да пројават симптоми на депресија и анксиозност, според истражувачите. Повеќето научни трудови за менталната благосостојба и социјалните мрежи, се наведува, се сосредоточуваат на фреквенцијата на користење на интернет. Научниците од британскиот Универзитет во Бристол овојпат сакале да проценат дали времето игра улога. За таа цел, на платформата „Икс“, околу 310 луѓе се избрани, земајќи го предвид времето на нивните објави и кога одговарале на прашалници за нивната благосостојба. Истражувачите испитале 18.288 објави. - Иако социјалните медиуми често се третираат како монолит, нивното влијание врз менталното здравје ќе зависи од вкупното однесување што го извршува корисникот и искуствата што тој/таа ги има на овие платформи. Нашиот труд ја истакнува потенцијалната штета од едно многу специфично однесување - објавување содржина во текот на ноќта. Истражување како нашето би можело да помогне во информирањето на интервенциите или законодавството што има за цел да го спречи штетното користење на социјалните режи, а воедно да овозможи и корисни однесувања или искуства, изјави Даниел Џонсон, докторски истражувач на Универзитетот во Бристол и главен автор на трудот. Испитувањата откриле дека луѓето кои, во просек, објавувале ноќе - од 23 до 5 часот наутро, се чини, имаат „значително полоша ментална благосостојба“ од оние кои објавувале преку ден. Објавувањето и испраќањето пораки навечер, исто така, може да доведат до „возбуда на умот“, а сината светлина од паметните телефони може „да го инхибира производството на хормонот мелатонин“, се нагласува. „Сите овие фактори, комбинирани, можат да го одложат почетокот на спиењето и да доведат до полош квалитет и квантитет на сон. Од друга страна, подобрените резултати поврзани со спиењето се поврзани со подобро ментално здравје“, се вели во написот во списанието „Сајентифик репортс“ (Scientific Reports). Авторите сметаат оти објавувњето преку ноќ објаснува речиси 2 насто од варијациите во менталната благосостојба. Тие, исто така, пронашле врска меѓу активноста преку ноќта со депресијата и анксиозноста, но тие не биле толку силни. Се истакнува и како ноќното користење на социјалните мрежи „може да го помести сонот“, додека луѓето се будни. Тагови: интернет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактотВкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“. Kapal Virgo Transport 8 rute Surabaya-Banjarmasin dilaporkan hilang kontak di perairan Laut Jawa, Kalimantan Selatan, Minggu (13/9/2026) dini hari. Berdasarkan laporan awal Kantor Pencarian dan Pertolongan atau SAR Banjarmasin, kapal tersebut membawa 240 orang. Kapal diketahui… pic.twitter.com/sCB7cBtS5V — Radio Suara Surabaya (@e100ss) September 13, 2026 Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот. BREAKING: At least 125 people are missing after the passenger ship Virgo Transport 8 lost contact in the Java Sea near South Kalimantan, Indonesia. Authorities have rescued 115 people, while 1 person has been confirmed dead. Search and rescue operations are ongoing. pic.twitter.com/urIUSJQ0e7 — Weather Monitor (@WeatherMonitors) September 13, 2026 Тагови: брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
СветКушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на РусијаТериторијалното прашање останува да се реши пред да може да се постигне договор за крај на војната меѓу Русија и Украина, но Киев не е подготвен на отстапки, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на американскиот претседател и негов зет.Тој додаде дека американската страна изминатите девет месеци работела на други елементи од мировниот договор, вклучувајќи безбедносни гаранции и механизми за спречување на повторно разгорување на непријателствата. Кушнер истакна дека за време на преговорите во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ги изнел своите територијални барања. „Ако Украина се согласеше да се повлече до таа линија, веќе ќе го имавме подготвено остатокот од договорот. Но, засега, украина не е подготвена да го стори тоа“, рече пратеникот на Трамп.Тагови: Кушнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДевет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранетиБројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца.Најмалку девет лица загинаа, а десетици се ранети во серијата жестоки руски воздушни напади врз неколку украински области, во кои се оштетени станбени згради и критична инфраструктура, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија загрижувачки ја пренесува војната кон економијата со истрелување на речиси 500 дронови од раните утрински часови. Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените руски напади врз електроцентралите и другата инфраструктура. Од своја страна, украина изведува напади врз енергетски објекти и магацини во оддалечените области на Русија, а двете страни напаѓаат и бродски пловни објекти. „Москва ја пренесува војната од фронтот, каде што не постигнува успех, кон економијата, уништувајќи објекти што му помагаат на населението да се справи со воените услови. Русија сака да ја уништи украинската економија и да го скрши нашиот отпор“, изјави Зеленски на Телеграм.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook