ЗабаваДоџа Кет го изеде карминот на црвениот тепих на ВМА наградите (ВИДЕО)Доџа Кет уште еднаш докажа дека е кралица на црвениот тепих кога станува збор за неочекувани потези.На синоќешните МТВ ВМА наградите за 2025 година, пејачката ја шокираше публиката кога буквално го изеде својот кармин. Пејачката се појави на црвениот тепих во впечатлив фустан од Balmain, со голема фризура и уште поголема торбичка за кармин, потпишана од Judith Leiber Couture. Нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на фотографите и медиумите. Додека позираше за фотографии, Доџа извади кармин од чантата за да го нанесе на усните. Но, наместо вообичаеното шминкање, следеше шокантен момент - таа одгриза големо парче кармин. Doja Cat applies and then eats lipstick on the carpet at the 2025 #VMAs pic.twitter.com/AJaq2YDaPv — The Hollywood Reporter (@THR) September 7, 2025 Еден од новинарите подоцна ја праша каков вкус има карминот, на што таа отсечно одговори: „О, беше вкусно“. “Oh, it was delicious.” 💄 .@DojaCat on eating her red lipstick on the 2025 #VMAs carpet earlier tonight. pic.twitter.com/mIhb6uLJTj — The Kittens Room (@TheKittensRoom) September 7, 2025 Реакции на интернет Секако, овој необичен потег предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. „Каква кралица“, „Потег на икона“, „Девојко, зошто јадеш кармин?“ и „Ок, ова е навистина чудно“, се само дел од коментарите.Тагови: црвениот тепих ВМА наградите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИсториски триумф на Швајцарија за мундијалско четвртфинале! Репрезентацијата на Швајцарија е последниот учесник во елитното четвртфинале на 23 Светско фуудбалско првенство. Швајцарската фудбалска репрезентација по понал рулет и триумф со (0-0) 4-3 над Колумбија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство По регуларниот дел од натпреварот немаше голови, мрежите мируваа и по двете продолженија од по 15 минути по што следуваше пенал рулетот, во кој поконцетрирани и попрецизни беа фудбалерите на Швајцарија кои мја добија серијата со 4-3. Со овој триумф Швајцарија го постигна својот најголем успех на светските првенства (точно е дека играла во четвртфиналето во 1938 и 1954 година, но тогаш имало помалку учесници), а за пласман во полуфиналето ќе игра против бранителот на тронот Аргентина.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за локална нестабилностПроменливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Според УХМР денеска во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДелови од Скопје без струјаОд ЕВН Македонија АД информираат дека на денес поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисници во повеќе скопски општини.Во општина Сопиште, од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улица 8 во селото Горно Соње, на местото викано Коштан, а од 09:00 до 12:00 часот прекин ќе има и за дел од корисниците на улица 4 во Сопиште, на локалитетот Ветрила. Во општина Бутел, од 09:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на булеварот „Македонско-косовска бригада“, во близина на Сервис Бутел. Во општина Аеродром, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Тодор Чангов“ – крак 21. Во истиот период, од 09:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и за дел од корисниците на улиците „Хашка“, „Будимпештанска“ и „Душко Бојковски“ во општина Карпош. Во општина Ѓорче Петров, од 09:30 до 14:30 часот без струја ќе останат корисниците на улиците „Александар Македонски“, „Борис Сарафов“ и „Смилевска“, како и објектот на месната заедница, бензинската пумпа и дел од корисниците на улицата „Црногорска“. Исто така, од 12:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата 95 и околните улици во селото Волково, во општина Ѓорче Петров. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter