Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандовo
1Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандовo
МЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене
2МЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене
ЗабаваСе фалат дека не ги фотошопирале фотографиите, а многумина се прашуваат: Па тогаш какви мани имаа таа? (фото)Онлајн продавницата „In The Style” ја пушти во продажба новата линија за долна облека инспирирана од Денот на вљубените.Она што посебно ги воодушеви луѓето ширум свето е фактот дека манекенката која носи долна облека е прикажана во природно издание без фотошоп и без разубавување на фотографијата. Истакнале дека намерно ги прикажале сите неправилност кои можат да се најдат на женското тело сакајќи да го претстават тоа како сосема нормална појава. View this post on Instagram Our Valentine's lingerie range is now here babes! 🙌🏽 Be your own girl crush and embrace who you are 😍 It's all about loving your perfect imperfections and this is why we haven't retouched these images 💗 Head over to our stories to shop NOW! A post shared by InTheStyle.com (@inthestyle) on Jan 29, 2019 at 9:01am PST На манeкенката јасно се гледаат лузните, стриите, младежите и сето она што е составен дел од една жена. „Вистинско освежување е да се види како долната облека стои на вистинско, реално женско тело“. „За некој кој се породил пред четири месеци ова е феноменално. Ви благодарам што направивте да се чувствувам нормално“ беа само некои од бројните коментари кои жените ги упатија кон оваа кампања. View this post on Instagram Valentines launch 🚀 @inthestyle 📸@wjrphoto 💄 @kategately A post shared by •MOLLY KRENZ (@mollykrenz_) on Jan 29, 2019 at 9:53am PST Оваа кампања е осмислена и да испрати пораки до жените да се сакаат себе си без оглед на тоа како изгледаат. „Во време кога сме бомбардирани со слики од совршени жени кои испраќаат поради до обичните жени дека не се доволно добри, ние сакаме да испратиме порака дека никој не треба себе си да се разубавува. Вие сте веќе совршени“ – изјавиле од „In The Style”. Критичарите изјавиле дека сепак избрале манекенка која само по себе и нема некои мани, па доколку сакале да ја прослават несовршеност тогаш тоа требало појасно да го покажат на фотографиите. View this post on Instagram Huns we have some beaut' news for you ❤️ Our lingerie collection drops on Tuesday 🙌🏽 Right on time for Valentine's Day! How unreal does our babe @mollykrenz_ look in it? If you can’t wait until Tuesday to get your shop on, good news babes we have 25% off sitewide with code FLASH25 💸 A post shared by InTheStyle.com (@inthestyle) on Jan 27, 2019 at 9:00am PST Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -ВаландовoСо комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на Министерството за транспорт и околу 35 милиони денари преку двата повици за инфраструктурни проекти, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при днешената посета на општината Валандово. “ Само преку овие 65 милиони денари од Министерството за транспорт реализираме навистина еден голем проект, а тоа е асфалтирање на улици и тоа во село Собри од 650 метри, во село Пирава од 580 метри, во село Брајковци од 774 метри, во село Раброво во должина од 1.230 метри и во село Марвинци, каде што сме сега, во должина од 1.560 метри, што сериозно треба да допринесе за подобрување на условите за живот на жителите на сите овие населени места. Но, исто така, имајќи предвид дека овие населени места се во близина на Коридорот 10, се работи за најживиот и економски најзначајниот автопат, ова ќе значи можност и за искористување на туристичкиот потенцијал на овие места. Веќе зборувавме со градоначалникот во однос на поголема презентација на познатиот Исар Марвинци, кој може да стане сериозна туристичка атракција, така што ќе работиме во насока и на таа поддршка, со цел да се зголеми бројот на туристи коишто доаѓаат. Ако на тоа се додадат и мерките за поддршка на земјоделието, што ги прави Владата, во една комбинирана поддршка на развојот на инфраструктурата и развојот на земјоделието, мислам дека многу можеме да направиме во следниот период. И градоначалникот и пратеничката прават одлична работа, даваат голем свој личен ангажман и посветеност во нивната работа и затоа општина Валандово и во годините коишто се пред нас ќе продолжи да ја има поддршката од Владата и ќе продолжиме заеднички да инвестираме и да имаме уште подобри проекти”- изјави вицепремиероот Николоски Тој најави и реконструкција на регионалниот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско брдо. “ Имајќи предвид дека постојниот пат е во лоша состојба, екипи на Јавното претпријатие за државни патишта направија увид, ја скенираа состојбата, направивме проект и очекувам во најскоро време да излезе повикот од ЈПДП, со кој повик треба да се избере изведувач кој ќе направи целосна реконструкција на овој пат. Значи, планираме целосна реконструкција на патот што води од Струмица до Валандово” – додаде вицепремиерот Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСе појави апче за рак на панкреасот: „Ова е најголемиот напредок во последните децении“Апче што може да ги намали – па дури и потенцијално да ги елиминира – туморите на панкреасот, се опишува како најзначаен напредок во лекувањето на оваа болест во последните неколку децении.Лекот, „дараксонрасиб“ (daraxonrasib), кој се давал за време на клиничко испитување, довел до исчезнување на видливите тумори кај еден од дванаесет пациенти, додека кај речиси сите учесници го запрел напредувањето на болеста, пренесува „Гардијан“. Смртоносна болест Во студијата учествувале 61 пациент со ново дијагностициран, напреднат рак на панкреасот, кој се проширил и на други делови од телото. Иако лекарите предупредуваат дека апчето сè уште не може да се смета за дефинитивен лек – а останува нејасно и колку долго може да ја држи болеста под контрола – тие ги сметаат резултатите за охрабрувачки. Се очекува третманот да им обезбеди на пациентите повеќе време, дури и да доведе до целосна ремисија. Ракот на панкреасот е исклучително смртоносен. Половина од сите дијагностицирани лица умираат во рок од три месеци, а само околу три отсто од пациентите преживуваат пет години откако болеста ќе се прошири на други органи. Во Обединетото Кралство, овој вид рак има најниска стапка на преживување од сите вообичаени типови на рак. Значително продолжување на животот Пациентите биле следени во просек 18 месеци, а во некои случаи, ракот не се вратил во текот на тој период. За време на испитувањето, растот на туморот бил запрен кај 90 отсто од пациентите. Кај нешто повеќе од 60 отсто од учесниците, туморите се намалиле или исчезнале, додека кај приближно осум отсто станале неоткривливи на КТ-снимките. Една година по почетокот на третманот, 76,6 отсто од пациентите сè уште биле живи. За споредба, кај пациентите кои примаат само хемотерапија, стапката на едногодишно преживување изнесува меѓу 40 и 45 отсто. Планирани се долгорочни студии за да се утврди дали кај некои пациенти може да се постигне трајна ремисија. „Најблиску до лек што некогаш сме биле“ Резултатите беа претставени на симпозиум за молекуларни цели и терапија на рак во Барселона од страна на д-р Вунгки Парк, онколог во Центарот за рак „Меморијал Слоан Кетеринг“ во Њујорк. „Ова е најблиску што некогаш сме биле до лек“, рече Парк, додавајќи дека никогаш претходно нема видено толку голем број тумори да исчезнат кај пациенти чиј рак веќе метастазирал. „Почнуваме да гледаме не само поголем процент на одговор на туморите кон терапијата, туку и подлабоки одговори, како и речиси двојно подолга контрола врз болеста – што на крајот би можело да резултира со подолго преживување“, изјави тој. „Медијаната на периодот на следење изнесува 18 месеци. Замислете – во просек 18 месеци, болеста едноставно исчезнува од снимките на компјутерска томографија (КТ)... тоа е најблиску што може да се стигне до целосна ремисија... неверојатно е.“ Механизам на дејство и потенцијал за други видови тумори Дараксонрасиб (Daraxonrasib) спаѓа во класа на лекови познати како инхибитори на „KRAS“. Тој делува така што се врзува за специфични мутации, присутни кај поголемиот дел од случаите на рак на панкреасот, и ги деактивира. Овие мутации вообичаено го поттикнуваат растот на туморот. Постои надеж дека овој третман би можел да биде ефикасен и кај десетина други видови рак кои можеби содржат слични мутации. Мишел Мичел, извршен директор на организацијата „Cancer Research UK“, изјави дека се потребни дополнителни истражувања, но ги поздрави резултатите како најголем напредок за пациентите со рак на панкреасот во последните неколку децении. „Овие резултати отвораат возбудлива можност овој напредок на крајот да го отвори патот за лекување и на други видови рак кои носат мутации во генот KRAS“, рече таа. Сепак, Мичел напомена дека се потребни повеќе клинички испитувања пред третманот да биде одобрен за широка употреба, како и дека, и покрај овие достигнувања, стапката на преживување кај ракот на панкреасот останува многу ниска. Извор: Индекс.хрТагови: лек за рак, панкреас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: СДС со нови лаги за Алта банка, јавната аукција сака да ја претстави како тајна зделкаСДС повторно со паушални обвинувања манипулира за Алта банка, иако сите претходни им пропаднаа во вода.Кога немаат што да понудат на граѓаните и немаат излез од својот неуспех во реорганизацијата на партијата, веднаш создаваат нови лаги за случајот Алта банка. Да потсетам, лажеа дека има сомнителни милионски трансфери кон Србија и Русија, лажеа дека се одлевале пари од Србија кон Македонија, лажеа дека банката ќе пропадне, дека граѓаните ќе останат без пари, и што се не излажаа, но на крајот најважно е дека се излезе спротивно од нивните тврдења, односно поволно за граѓаните. За спречување на вакви идни очајни обиди од страна на Филипче и СДС за стекнување на ситни политички поени, во новиот Кривичен законик ќе се воведе ново кривично дело со кое се предвидува казна затвор, за секој оној кој со својата службена или општествена положба и углед, со лажни изјави или исправи ќе изнесе во јавност неточни информации со што ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем. Филипче и СДС обвинуваат, а потоа фактите ги демантираат. Граѓаните заслужуваат вистина, а не нова епизода од нивната политичка кампања. Доста е веќе со ширење на лажни вести, хистерија и паника меѓу граѓаните. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45