Се апсат актуелни началници и полицајци кои биле на смена за време на трагедијата во Кочани - Канал 5

Се апсат актуелни началници и полицајци кои биле на смена за време на трагедијата во Кочани

Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од ОЈО ГОКК. 

Се апсат актуелни началници и полицајци кои биле на смена за време на трагедијата во Кочани

Како што објавуваат медиумите во Кочани и во Штип вечерва се приведени 13 лица, меѓу кои се началници и полицајци кои биле на смена, вечерта кога се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Приведени се Т.Д. (началник на крим полиција), Д.П. (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М. (началник на ОВР Кочани), К.Ј. (началник на економски криминал при ПС Кочани), како и М.Р (полицаец кој бил на смена вечерта на несреќата).

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи ноќта на 16 март загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Од Обвинителството најавија дека соопштение ќе има во текот на утрешниот ден.

Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен

Електричните возила во Норвешка се присутни речиси насекаде. 

Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен

Оваа нордиска земја, позната по своите огромни резерви на нафта и гас во Северното Море, долго време е предводник на патот кон целосно елиминирање на бензинските и дизел-возилата од пазарот на нови автомобили. А, сѐ тоа - благодарение на низа мерки за поттикнување на купувањето електрични возила, како што се пониските даноци.

Според Норвешката асоцијација на електрични возила, во некои поголеми градови околу 30 отсто од сите патнички автомобили се веќе целосно електрични. Во главниот град Осло, таа бројка е 40 насто. Кристина Бу, генерална секретарка на Aсоцијацијата, за „Си-ен-би-си“ (CNBC) вели дека тоа е одлична вест.

- Многу е забележливо. Мислам дека некои луѓе дури не ни сфаќаат колку е ова добро, бидејќи се случува толку брзо. Воздухот е почист, потивко е и навистина не ги чинеше многу потрошувачите, за да го сменат (своето возило). Луѓето уживаат во возењето електрични возила и тоа функционира многу добро, изјави Бу.

Продажбата на електрични автомобили во Норвешка порасна од помалку од еден насто од вкупната продажба во 2010 година - на 88,9 отсто лани. Според Норвешката администрација за јавни патишта, електричните возила сочинуваат повеќе од 93 насто од сите нови возила продадени во 2025 година досега.

Недостатокот на силно лоби за „традиционални“ автомобили во Норвешка се смета за еден од факторите што го олеснуваат воведувањето на електромобили.

- Норвешка има силна политика веќе со години. Не станува збор само за даночни олеснувања за електричните возила, туку и за зголемување на даноците за автомобили со мотори со внатрешно согорување. Последниве три години, даноците за купување се удвоија - а тие веќе и беа високи претходно... Така, во Норвешка, загадувачките автомобили се оданочуваат до „точка на истребување“, додаде Бу.

Некои пратеници ја доведоа во прашање праведноста на системот за стимулации за електрични возила, тврдејќи дека тие непропорционално им користат на побогатите граѓани и оти тоа би можело да биде на штета на други одржливи видови сообраќај, како што е возењето велосипед, или пак, пешачењето.

Во скопскиот кривичен суд треба да биде изречена пресудата за петмина обвинети кои се дел од криминалната група од Грчец

Во скопскиот кривичен суд треба да биде изречена пресудата за петмина обвинети кои се дел од криминалната група од Грчец. 

Во скопскиот кривичен суд треба да биде изречена пресудата за петмина обвинети кои се дел од криминалната група од Грчец

Тројца од нив како дел од меѓународна криминална група се обвинети за трговија на над 15 кг кокаин. Двајца од нив се обвинети за планирање и извршување на убиства.

Крем супа од печен зеленчук

Крем супата од печен зеленчук е идеална како лесен оброк или предјадење, а нејзината едноставна подготовка и пријатен вкус ја прават омилен избор за љубителите на здрава храна. 

Крем супа од печен зеленчук

Се карактеризира со богат и сладок вкус.

Состојки:

2 тиквички

4 моркови

1 црвена пиперка

2-3 домати

1 кромид

1 главица лук

4 лажици маслиново масло

1 лажица сув зачин

Подготовка:

Исечете ги тиквичките на парчиња, исчистете ги морковите и оставете ги цели, исечете ги пиперките на половина и исчистете ги, исечете ги доматите на половина, исечете го кромидот на парчиња и исечете ги горните и дебелите делови од чешнето лук. Ставете го зеленчукот во голем плех за печење покриен со хартија за печење, прелијте го со масло и наросете го сув зачин. Печете во рерна загреана на 200°C додека зеленчукот не омекне. Ставете го печениот зеленчук, освен лукот, во блендер. Исцедете го лукот од неговата обвивка, додадете го во другиот зеленчук во блендерот додавајќи топла вода, добро блендирајте до саканата конзистенција.

притисни ентер