МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!
1МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!
Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
2Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
МакедонијаСДСМ: За ВМРО не важат законите, наместо казна - срамна одлука за бодигардот на МицкоскиСкандалозна, срамна и понижувачка за секоја жртва на семејно насилство е одлуката за условна казна за бодигардот на Мицкоски.Човекот кој ја претепа сопругата и призна вина за насилство, да добие условна казна е пораз за правдата, навреда за жртвите и јасен доказ дека блискоста до власта носи заштита од одговорност. Ова е порака дека за криминалната ВМРО, Мицкоски и луѓето блиски до нив не важат законите. Таква порака испраќа оваа одлука на жртвите кои собираат храброст да пријават насилник, на жените кои секојдневно трпат закани, навреди и физичко насилство. Дека не се заштитени. Дека ако насилникот е близок до ВМРО ќе му биде простено. Можат ли жртвите да се чувствуваат безбедни? НЕ! Не беа ли доста задоцнетите постапувања на МВР во случаите кои завршија со убиства и самоубиства на жртви на семејно насилство. Згаснаа животи на мајка и малолетно дете и покрај 12 пријави до МВР за две години за семејно, физичко и психичко насилство врз младата Ивана. Насилник во Велес ја уби младата Росица и нејзиниот татко - исто поради задоцнети реакции од МВР. Сериски убиец во Кумановско Старо Нагоричане уби пет жени, додека две години биле игнорирани пријавите на жителите до МВР. Треба ли повторно да згасне нечиј живот и да читаме за жена која барала помош од институциите, а институциите не ја заштитиле? Треба ли уште едно семејство да биде уништено за некој да сфати дека попустливоста кон насилниците не е правда, туку опасност за целото општество? Кога насилникот е заштитен, жртвата е оставена сама. Кога репер за пресуда е блискоста до власта, тоа е пораз за правниот поредок, за државата, . За луѓето од најтесниот круг на Мицкоски и на ВМРО очигледно има привилегии, разбирање и попустливост. За нив не важат закони. Затоа ВМРО не сака ЕУ и не ја спроведува реформската агенда. Не сакаат усогласување со европските стандарди и европските вредности. Затоа што европското обвинителство не прави разлика меѓу обичен граѓанин и човек од обезбедувањето на премиерот. Европското судство, значи еднаков третман за сите. Тоа ВМРО не го сака. Не сакаат неселективна правда, ред и функционален систем, за да можат да прават криминали, кривични дела, а за тоа да не одговараат. Затоа повикуваме на обединување во „Фронтот за вистина и правда“, да се стави крај на криминалните политики на оваа Влада, за крај на самоволието на ВМРО, за правда, вистина и европска иднина на Македонија. Прес конференција, Кети Штерјова – Форум на жени СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Хајди Клум повторно провоцираЛегендарната манекенка и топ модел Хајди Клум повторно ги воодушеви фановите со фотки во бикини коие се чиста провокација. Летото е во полн ек, што значи дека Хајди Клум сè уште има време да ги покаже различните модели на костими за капење што ги подготвила за ова лето. Појавувањето на фаталната русокоса е чиста провокација, градите ќе и излетаат од бикинито. Позната по своите заводливи облини и по тоа што нема проблем да се разголи пред своите обожаватели, манекенката Хајди Клум повторно го почести светот со жешки летни фотографии. Неодамна беше фотографирана на островот Сент Бартелеми, а благо кажано, со своето издание таа ја разгори фантазијата на многумина. За време на фотографирањето, познатата убавица носеше бикини што едвај ги покриваше нејзините интимни делови, особено бујните гради кои се закануваа дека ќе „изѕирнат“ од горниот дел на овој провокативен костим за капење. За време на снимањето, славната убавица носеше бикини што едвај ги покриваше нејзините интимни делови, особено бујните гради кои се закануваа дека ќе „изѕирнат“ од горниот дел на овој провокативен костим за капење. Фотографиите се проширија на социјалните мрежи со брзината на светлината, а јавноста имаше можност да ужива во заводливите облини на славниот топ-модел од 90-тите.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Снимател доби отказ поради неа! Винифер Фернандез долги години важи за една од најубавите и најатрактивни спортистки на светот. Но, таа исчезна преку ноќ: Каде е и што прави најубавата одбојкарка на светот? Во изминатите осум години, познатото видео од потезите на Винифер Фернандез на YouTube собра дури 15 милиони прегледи. Ретко кој не ги видел нејзините фотографии што го преплавија интернетот во 2016 година. Таа се најде на насловните страници ширум светот, многумина ја прогласија за најубава, односно најатрактивна одбојкарка на планетата, а потоа речиси преку ноќ исчезна од центарот на вниманието. Во изминатите осум години, познатото видео со нејзините потези на YouTube собра дури 15 милиони прегледи. Винифер Марија Фернандез (30), одбојкарка од Доминиканската Република, во тој период важеше за една од најпопуларните спортистки во светот. Речиси и да немаше човек што не ги виде нејзините фотографии кои ги преплавија социјалните мрежи и интернетот, но потоа таа одеднаш исчезна од очите на јавноста. Последниот клуб за кој настапуваше беше „Карибењас“, а со години беше една од најголемите ѕвезди на репрезентацијата на Доминиканската Република. Иако денес не е толку присутна во медиумите како порано, на Инстаграм ја следат повеќе од 65.000 луѓе. Винифер е висока 169 сантиметри и тешка 62 килограми, а додека играше на Куба, се случи интересна анегдота според која еден снимател наводно добил отказ бидејќи, наместо да го сними одлучувачкиот поен во натпреварот, ја насочил камерата кон младата Винифер Фернандез.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамПрвиот електричен Ferrari е веќе целосно распродаденПрвиот целосно електричен модел на Ferrari, Luce, можеби не ги освои симпатиите на љубителите на автомобили на социјалните мрежи, но тоа не ги спречи купувачите да резервираат речиси секој планиран примерок. Иако моделот се соочи со критики во врска со дизајнот и преминот на Ferrari кон електричен погон, првичната серија на производство е веќе целосно распродадена. Ова потврдува дека јавното мислење не секогаш се совпаѓа со желбите на купувачите кои можат да си дозволат огромни суми за ексклузивни автомобили. Повикувајќи се на два извори запознаени со плановите на компанијата, Financial Times известува дека Ferrari планирало да продаде нешто помалку од 500 примероци од моделот Luce во текот на првата година, пренесува Računalo.com. Според извештаите, целата планирана серија на производство за првата година била распродадена уште на почетокот на овој месец, и покрај почетната цена од 550.000 евра (без данок). Иако Ferrari ги демантираше тврдењата дека купувачите мора да го нарачаат моделот „Luce“ за да го задржат својот привилегиран статус кај брендот, многумина сметаат дека овој фактор можеби придонел за големата побарувачка. Наводно, од дилерите било побарано да не вршат притисок врз долгогодишните колекционери на Ferrari да го купат „Luce“, туку да се фокусираат на нови купувачи – особено на богати клиенти во Кина и во технолошките центри како Силиконската долина, каде што електричните автомобили веќе се широко прифатени. Се чини дека оваа стратегија дава резултати. Според „Фајненшл тајмс“ (Financial Times), Ferrari планира да продаде приближно 2.500 примероци од моделот „Luce“ до 2030 година, што изнесува околу 600 возила годишно.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08