3Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
МакедонијаСДСМ: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела МакедонијаВо над 50 населени места во Македонија водата не е безбедна за пиење а листата расте секој ден. Гостивар, Крушево, Валандово, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово, Маврово, Рич, Белотино, Башино Село, Елшани, Велестово, Ново Село, Сушица, Зубово, Државо, Гарани, Шутово и уште многу други места. Во Гостивар има ризик од епидемија на жолтица. И власта повторно задоцни со реакција. Иако претседателот Филипче уште пред 2 недели алармираше за ризикот од жолтица, власта дури вчера излезе со препораки за превенција и откривање симптоми. Се уште не се објавува извештај за водата во Гостивар, кој одобри, потпиша и кој гарантира дека „техничката вода“ е безбедна. А Мицкоски и Клековски даваат спротивни изјави. Клековски вели до крај на неделата водата во Гостивар ќе може да се пие а Мицкоски вели има нова бактерија. Ова е тотален институционален колапс. Резултат на неспособност, небрежност и целосно игнорирање на основните потреби на граѓаните од страна на тендер-патриотитe. Додека Мицкоски отвора базени и оди на „екскурзии“, а Клековски држи прес-конференции, илјадници луѓе се разболуваат, а цела држава се претвора во зона на ризик. Пола Македонија е без безбедна вода за пиење. А одговорен сè уште нема. Ниту еден. СДСМ бара: • Итна и целосна одговорност - политичка и кривична • Јавно објавување на сите анализи и причини за загадувањето на водата • Итна интервенција и обезбедување чиста вода за сите засегнати населени места Македонија не смее да биде држава во која основното човеково право - чиста вода за пиење е луксуз. Прес конференција на Маја Серафимовска Борозан, СДСМ Скопје, 01.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДрама во Шведска: Упаднал со меч во училиште и почнал да сече сѐ околу себе (ВИДЕО)Маж вооружен со меч повреди неколку лица во средно училиште во Фагерста во централна Шведска, соопштија локалните власти. „Примен е телефонски повик поврзан со насилство кое е опасно по живот во училиштето во Фагерста. Полицијата дојде на местото на настанот и едно лице е приведено“, соопшти полицијата. Полицијата го блокираше подрачјето „Полицијата продолжува да работи на местото на настанот. Апелираме до јавноста да ги почитува блокадите на патиштата и да ги слуша упатствата на полицијата“, додадоа тие. Шведската влада е во близок контакт со полицијата по нападот, изјави за Ројтерс министерот за правда Гунар Штромер. Suède: plusieurs personnes blessées à coups d'épée dans un lycée, un suspect interpellé pic.twitter.com/y5W3alHj9k — BFM (@BFMTV) August 21, 2026 „Бевме информирани за сериозен инцидент во Фагерста. Полицијата е на местото на настанот и работи многу интензивно на инцидентот“, рече Штромер.Тагови: училиште Шведска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалАрсенал тргнува по најголемата ѕвезда на ЈувентусАнглискиот шампион Арсенал ја разгледува можноста за ангажирање на најголемата ѕвезда на италијанскиот гигант, Јувентус, 21 годишниот Турчин, Кенан Јилдиз објави синоќа „Индипендент“.Микел Артета бара уште еден врвен играч за левата напаѓачка позиција; откако Винисиус Жуниор одлучи да остане во Реал Мадрид, турскиот репрезентативец се наметна како приоритетна цел на клубот. Јувентус не е склон да го продаде еден од своите клучни играчи и би барал сума поголема од 70 милиони евра за воопшто да размисли за преговори. Исто така, се зборува и за можноста Арсенал да го вклучи Габриел Мартинели во договорот. Јилдиз има договор со Јувентус до 2030 година, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 75 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДали на фронтот во Украина пристигнуваат 50.000 војници? Киев тврди дека Пјонгјанг наскоро ќе испрати до 50.000 војници за да ѝ помогне на Русија во војната против Украина.Северна Кореја има намера да го зголеми бројот на своите војници кои треба да се борат на страната на Москва во војната против Украина. Ова би значело дека дури 50.000 Севернокорејци би можеле да бидат распоредени во Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Кон крајот на јули, украинскиот лидер изјави дека Русија сака да ангажира уште 30.000 севернокорејски војници, а викендов ја спомена бројката од „меѓу 30.000 и 50.000“ од нив. Тој не прецизираше дали таа бројка ги вклучува и севернокорејските војници кои веќе учествуваат во конфликтот. Минатиот викенд, Зеленски исто така предупреди дека Северна Кореја стекнува драгоцено искуство во модерното војување и ја повика Јужна Кореја да ја зајакне соработката со Украина во областа на противвоздушната одбрана и беспилотните летала. Русија и Северна Кореја потпишаа одбранбен договор во летото 2024 година; неколку месеци подоцна, Северна Кореја почна да испраќа војници во Русија. Аналитичарите проценуваат дека се распоредени меѓу 14.000 и 15.000 војници, главно во регионот Курск. Пјонгјанг подоцна се согласи да испрати уште 6.000 борци, вклучувајќи деминери и инженери. Според јужнокорејските и украинските власти, Северна Кореја исто така ја снабдила Русија со милиони артилериски гранати и балистички ракети. Јужнокорејските разузнавачки служби проценуваат дека околу 6.000 севернокорејски војници загинале или биле ранети. Јапонската агенција „Кјодо њуз“, повикувајќи се на украинското воено разузнавање, синоќа објави дека е потврдено претстојното зголемување на бројот на севернокорејски војници. Украинските извори наведуваат дека до крајот на ноември во Русија би можеле да бидат распоредени до 50.000 севернокорејски војници. Според тие наводи, војниците би ги презеле задачите во руските региони Курск, Брјанск и Белгород, со што руските сили би се ослободиле од обврските таму и би можеле да бидат испратени да се борат на украинскиот фронт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook