СДСМ: „Пониква“ не е соодветна, власта импровизира со здравјето на повредените од Кочани - Канал 5

СДСМ: „Пониква“ не е соодветна, власта импровизира со здравјето на повредените од Кочани

Наместо да биде акт на грижа, оваа одлука изгледа како импровизација на сметка на здравјето на веќе трауматизирани и повредени граѓани.

СДСМ: „Пониква“ не е соодветна, власта импровизира со здравјето на повредените од Кочани

Најавата дека Владата планира да го отстапи одморалиштето „Пониква“ како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во трагичниот пожар во Кочани отвора сериозни прашања околу професионалноста, одговорноста и капацитетите на институциите.

Наместо да биде акт на грижа, оваа одлука изгледа како импровизација на сметка на здравјето на веќе трауматизирани и повредени граѓани.

Дали „Пониква“ е навистина погодна за медицинска нега?

Одморалиштето „Пониква“ е објект стар повеќе децении, наменет за одмор и рекреација, а не за медицински третман. Дали воопшто е проценето дали објектот ги исполнува техничко-технолошките стандарди, хигиенските и стерилни услови кои се минимално потребни за лекување на лица со изгореници и психо-физички трауми?

Зошто се игнорираат постојните специјализирани капацитети?

Македонија располага со повеќе објекти наменети за долготрајна нега и рехабилитација: Јасеново, Отешево, Лешок, па дури и делови од постојните клиники и болници кои можеа да бидат пренаменети и опремени. Зошто ниту еден од овие капацитети не беше земен предвид? Зарем здравствениот систем не знае со што располага?

Дали е ова одговорно институционално решение или само евтин пи-ар?

Наместо власта да се фали со нешто што не е за фалање треба да објави:• Дали објектот е прегледан и одобрен од Државниот здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и стручен медицински тим?• Кој ќе гарантира дека условите во „Пониква“ не се опасни по здравјето на пациентите?• Каков персонал ќе работи таму? Има ли стручни медицински лица, Доктори, физиотерапевти, психолози кој би се нафатиле да работат во субстандардни услови?

Човечкото достоинство и грижата за повредените не е и не смее да биде компромисна категорија.

Повредените во пожарот во Кочани не се бројки во извештаи, туку луѓе на кои им е потребна вистинска, стручно водена и квалитетна медицинска грижа. Затоа, заслужуваат рехабилитација во современи, професионални и безбедни услови – а не сместување во објект чија намена, состојба и безбедносни стандарди се сомнителни.

Ако државата навистина сака да покаже грижа, нека го стори тоа со дела, не со маркетинг. Во спротивно, оваа мерка ќе остане уште еден доказ за импровизираното менаџирање на кризи и за политичко прикривање на институционалната неподготвеност.

Прес-конференција, д-р Елена Радевска, членка на Комисија за здравство на СДСМ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане

Доживотна казна затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане -кумановскиот суд го прогласи за виновен по сите точки од обвинението, односно за четири убиства и два обиди за убиство. 

Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане

Според судот, таргет биле изнемоштени и стари жени, а мотивот бил некрофилија. Кумановскиот суд не успеал да најде ниту една олеснителна околност при изрекувањето на пресудата.

Обвинителството е задоволно од пресудата - за обвинителот Љубомир Лапе, судот немал друга опција освен да му изрече доживотна затворска казна на Бојковски.

Бојковски и неговиот адвокат смирено ја дочекаа пресудата во судница - но надвор од неа, осудениот на доживотна казна затвор за четири убиства, при влезот во возилото, демонстрираше нервозно однесување и неразбирливи гестикулации. Бојковски е осуден за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска, како и за обид за убиство на Слоботка Арсовска и Росанка Трајковска. Кривичните дела на свиреп и грозоморен начин биле извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, а жртви биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети

Констатирани 161 прекршок.

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети

На 08.10.2026 година, во периодот од 11:00 до 17:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мотоцикли, трицикли, четирицикли и лесни електрични возила (тротинети).

При контролите констатирани се вкупно 161 прекршок, за кои се преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола – 44, потоа од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – 28, како и на подрачјата на Секторот за внатрешни работи Велес и Секторот за внатрешни работи Струмица, со по 22 прекршоци.

Во рамки на контролите поднесени се и осум кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Констатирани се и 493 прекршоци од друг вид.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на зајакнати сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пилотот загина, патнички авион е тешко оштетен во напад на аеродромот во Ријад (ВИДЕО)

Пилот на „Сауди ерлајнс“ (SV) загина, а еден од авионите на авиокомпанијата беше сериозно оштетен во вчерашниот напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Халид“ (RUH) во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.

Пилотот загина, патнички авион е тешко оштетен во напад на аеродромот во Ријад (ВИДЕО)

Саудиската национална авиокомпанија ја потврди смртта на пилотот и штетата на авионот, велејќи дека во времето на инцидентот немало патници во авионот.

Авиокомпанијата го идентификуваше пилотот како капетан Хамуд Али ал-Калтами. Не откри кој авион е оштетен, ниту даде дополнителни детали за околностите на неговата смрт.

Саудиската изјава следеше по извештаите на новинските агенции дека авионот на авиокомпанијата претрпел сериозна штета и се запалил додека бил паркиран на терминалот на аеродромот. Извори цитирани од агенцијата велат дека штетата можела да биде предизвикана од остатоци од пресретната ракета или директен удар од ракета.

Снимките објавени на социјалните медиуми покажаа патнички авион „Ербас А320“ паркиран на аеродромот со уништен поголем дел од трупот. Достапните снимки, исто така, сугерираат дека траката за слетување се олабавила или е уништена. Нема официјална потврда дека авионот е оној што го спомена Саудиска Арабија во своето соопштение, ниту пак е објавен точниот обем на штетата.

Нападите на Хутите го нарушија сообраќајот на аеродромот во Ријад

Движењето Хути во Јемен ја презеде одговорноста за нападот со балистички ракети врз Меѓународниот аеродром „Крал Халид“ на 8 октомври 2026 година. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека пресретнала две балистички ракети над Ријад.

Саудиските власти изјавија дека остатоците од пресретнатата ракета паднале врз градинка и медицински комплекс во Ријад.

Нападот следеше по претходните напади врз аеродромите во Ријад и Абјан на 6 и 7 октомври, во кои, според саудиските воздухопловни власти, загинаа три лица, а 36 беа повредени.

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Ријад беше сериозно нарушен на 8 октомври.

Хутите нападнаа два аеродрома во Саудиска Арабија: Тројца загинаа, 36 беа повредени, употребена е балистичка ракета

Според податоците од компанијата за анализа на воздушниот сообраќај „Цириум“, 169 од 378 закажани појдовни летови тој ден беа откажани или не беа реализирани.

Неколку меѓународни авиокомпании ги прекинаа летовите до саудискиот главен град, вклучувајќи ги „Луфтханза“ и „Ер Индија“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер