ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
2ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
МакедонијаСДСМ: Погрешено македонското знаме – нов срам, ново понижување од власта на МицкоскиНа официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме.Срамно и понижувачки. Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме. Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога е државноста во прашањето, македонските национални симболи, тогаш појма немаат. За тендери и провизии од милионски бизниси – тие се експерти. За македонско знаме – аматери. Неспособни се македонското државно знаме да го направат како треба. Владата сега да излезе пред граѓаните и да каже: Која компанија била ангажирана? Кој бил задолжен за сценографијата и визуелниот идентитет? Колку пари се потрошени? Кој ќе понесе одговорност за ваквото понижување на македонскиот државен симбол? СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МакедонијаСДСМ: Гостивар отруен од вода, 4.700 граѓани во болница а нула одговорни од властаЦел град Гостивар беше отруен со загадена вода, над 4.700 граѓани завршија во болница.А бројот на одговорни до власта – нула. Ова е билансот на здравствената катастрофа во Гостивар под власта на Мицкоски. Мицкоски лично ги убедуваше граѓаните дека водата е „технички исправна“ и дека може да се користи. Сега Клековски признава дека во водата имало „многу различни бактерии и вируси“. Ако во водата имало многу различни бактерии и вируси, врз основа на која анализа Мицкоски тврдеше дека е технички исправна? Кој дозволил граѓаните да ја користат? Кој ставил потпис дека е безбедна? Каде е официјалниот извештај? Ниту една анализа со која би се потврдиле тврдењата на Мицкоски не беше објавена пред јавноста. Очигледно, за оваа власт не бил потребен документ, анализа или потпис. Доволно било „експертот“ Мицкоски да каже дека водата е исправна. Со здравјето на луѓето не смее да се игра. Не може 4.700 луѓе да завршат во болница, цел град да биде изложен на ризик, институциите да потфрлат, а никој да не одговара. Ова е здравствена катастрофа и целосен распад на институциите. Доста молчи Јавното обвинителство. Савески, наместо на екскурзија, веднаш да отвори постапка и да утврди кој во власта ќе одговара. За труењето на граѓаните мора да има одговорност. Скопје, 10.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕден од најбараните луѓе во светот е екстрадиран во ИрскаДаниел Кинахан, осомничен дека раководи со криминална организација и еден од најбараните луѓе во светот, се појави пред суд во Даблин откако беше екстрадиран од Дубаи. Тој е обвинет за раководење со криминална организација во периодот од 18 октомври 2015 година до 6 април 2017 година, пренесува Би-би-си. Авион на ирската влада со 49-годишниот Кинахан слета во Даблин нешто по 18 часот по локално време, а тој беше уапсен и обвинет веднаш по пристигнувањето. По 13-минутно рочиште пред Специјалниот кривичен суд – кој заседава без порота – му беше одреден притвор до 5 октомври. Кинахан е уапсен во Обединетите Арапски Емирати уште во април и во изминатите месеци неуспешно ја оспоруваше одлуката за екстрадиција. Националната агенција за криминал на Обединетото Кралство (NCA) претходно соопшти дека кланот Кинахан е одговорен за меѓународен шверц на тони дрога и огнено оружје, а групата се поврзува и со повеќе од десет убиства. Покрај ирските власти, за Кинахан се заинтересирани и Соединетите Држави; Министерството за финансии на САД го опиша картелот „Кинахан“ како еден од најопасните во светот. Владата на САД воведе санкции против Кинахан во април 2022 година, означувајќи го него и членовите на неговото семејство како водачи на група за организиран криминал. Кинахан се спротивставуваше на екстрадицијата во својата матична земја, каде што неговиот клан беше вклучен во долготраен судир што однесе 18 животи. Пред рочиштето во неделата беа воведени засилени безбедносни мерки, а Ирската затворска служба набави оклопно возило отпорно на куршуми и експлозии за транспорт на високоризични затвореници. Комесарот на ирската полиција („Гарда“), Џастин Кели, изјави дека ова апсење ја покажува решеноста на полицијата да се бори против транснационалниот организиран криминал. Тој ја истакна соработката со меѓународните партнери, вклучително и со полицијата во Дубаи. Додаде дека ова ја потврдува важноста на соработката со властите на Обединетите Арапски Емирати, правната соработка со ирското Министерство за правда, како и директната соработка меѓу полициските служби.Тагови: Ирска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менувашеНа СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци.РЕАКЦИЈА НА СДС Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата. Партијата чии лидери ја бришат историјата за станови во Дубаи, фирми во Бугарија, јахти во Грција, нема кредибилитет да говори за понижување. Партијата која го избриша АСНОМ од Уставот, која вели дека Македонија постои од 1944 година, која вели дека сме биле Бугари пред тоа, е лицемерно да зборува за понижување. Настанот „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност, е поздравен од сите граѓани и ја обедини државата, а само Филипче и тие неколкумина околу него пробуваат да го оцрнат проектот. Нам тоа ни е јасно, затоа што тие се политички глодари и лешинари кои не сакаат Македонија да оди напред. Години и години ќе ни требаат да ја поправиме штетата што вие, талогот на општеството, со децении и ја правите на Македонија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter