СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во градот каде отруја над 5.000 луѓе - Канал 5

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во градот каде отруја над 5.000 луѓе

Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО славеа во Гостивар.

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во градот каде отруја над 5.000 луѓе

Во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени.

Што славеа? Труењето?

22 дена вода со фекалии?

Пет недели без документ за анализа на квалитетот на водата?
Мицкоски нема ниту трошка морал. Без срам.
Мицкоски рече дека Гостивар нема да биде заборавен.

А сите заминаа на одмор - во средина на труењето и епидемијата. Но „научно-образовната“ екскурзија не можеше да чека.
Тоа е односот на оваа власт кон граѓаните.
Слават таму каде што луѓето лежеа по болници. Се сликаат таму каде што кријат анализи.
Ветија дека нема да заборават - па заборавија штом се отвори патниот аранжман.
Гостивар нема да биде заборавен пред избори - тоа го вели Мицкоски.
Гостивар не заборава.

Граѓаните не забораваат.

Скопје, 19.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крива Паланка со богата програма во знакот на традицијата, културата и музиката

Општина Крива Паланка ја најавува завршницата на августовската културна програма, која од 25 до 29 август ќе донесе значајни културни манифестации, меѓународни гости, традиционални содржини и голем музички настан.

Крива Паланка со богата програма во знакот на традицијата, културата и музиката

Од 25 до 27 август, на Градскиот плоштад ќе се одржи XXI Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, една од најпрепознатливите културни манифестации во градот, која повеќе од две децении ја негува традицијата и гради пријателства без граници.

Годинава фестивалот ќе обедини фолклорни ансамбли од десет земји: Македонија, Полска, Холандија, Црна Гора, Турција, Словачка, Хрватска, Србија, Бугарија и Украина. Во текот на трите фестивалски вечери, со почеток во 19:30 часот, публиката ќе има можност да го доживее богатството на народните носии, песни, ора, ритми и обичаи од различни култури.

Паралелно, од 25 до 27 август, на Кејот на Крива Река ќе се одржи „Шопско село“ – Фестивал на занаети, ракотворби и храна, посветен на народното творештво, традиционалните производи и домашната гастрономија. Дел од програмата ќе биде и традиционалната подготовка на гулаш, во духот на заедништвото и гостопримството.

Кулминацијата на богатата августовска програма е на 29 август, кога на Градскиот стадион во Крива Паланка ќе се одржи голем целовечерен концерт со настапи на Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар.

Со програмата што ги спојува културното наследство, традицијата, гастрономијата и современата музичка сцена, Крива Паланка продолжува да создава содржини што го збогатуваат културниот живот и го промовираат градот пред домашната и регионалната јавност.

Општина Крива Паланка ги поканува сите љубители на културата, традицијата и добрата музика, како и гостите од земјата и регионот, да бидат дел од овие настани и да ја почувствуваат атмосферата на Крива Паланка.

Добредојдовте во Крива Паланка – град во кој традицијата се чува, културата поврзува, а музиката обединува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Изведе аут како корнер

Фудбалер од Иран изведе неверојатен аут, топката леташе цели 45 метри, неговата техника го претвори во интернет-сензација.

Видео: Изведе аут како корнер

Иранскиот фудбалер Надер Мохамади (29) повторно го привлече вниманието со својата необична техника на изведување аут. За време на натпреварот од руската Прва лига против Уфа, дефанзивецот на Спартак Кострома изведе аут со салто, исфрлајќи ја топката на импресивни 45,6 метри.

Според податоците од руската аналитичка платформа „RuStat“, ова е најдолгиот измерен аут забележан во руската Премиер лига и Прва лига откако започнало следењето на овие податоци во 2021 година. Топката се искачи речиси 11 метри во височина Спартак Кострома и Уфа одиграа нерешено 1:1 во понеделникот, во рамките на шестото коло од руската Прва лига, а еден од најинтересните моменти на натпреварот не беше гол.

„RuStat“ го измери аутот на Мохамади на растојание од 45,6 метри. Вкупната патека на движење на топката изнесуваше 51,6 метри, при што таа достигна максимална висина од 10,8 метри.

Со овој потег, иранскиот фудбалер постави рекорд во базата на податоци на „RuStat“ за двете највисоки нивоа на рускиот фудбал.

Истовремено, Мохамади не ја искористи класичната техника на залет. При изведувањето, тој се потпре на топката, направи салто нанапред и ја искористи силата на ротацијата за да ја фрли што е можно подалеку.

За Мохамади, ова не е само потег смислен за да го привлече вниманието на публиката. Откако запиша асистенција на натпреварот против СКА-Хабаровск, тој објасни дека со години вежбал ваков начин на изведување аут. „Како дете се занимавав со гимнастика. Уште од млади години го вежбам ова изведување аут со салто“, изјави Иранецот за „Чемпионат“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Денеска детални резултати од контролата на прскањето против комарци

Денеска ќе бидат соопштени деталните резултати од контролата на тоа што направиле општините во однос на прскањето против комарци, информираше синоќа министерот за здравство Сашо Клековски.

Клековски: Денеска  детални резултати од контролата на прскањето против комарци

Тој посочи дека во моментов особено е актуелно цело Повардарие, имајќи предвид дека дел од случаите на западнонилска треска во грција се регистрирани во подрачјето околу Солун и Вардар.

– Во основа, ние завршивме со контролата на тоа што општините направиле во врска со прскањето. Потенцира дека не може јасно да се воспостави директна врска меѓу бројот на случаи на западнонилска треска и бројот на прскања во општините.

Клековски нагласи дека првиот случај на западнонилска треска во земјава е регистриран во 2011 година, а досега се регистрирани 54 случаи. Посочи дека имало и случаи кај мали деца со воспаление на мозокот, додека најголем ризик од смртен исход има кај лицата над 60 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер