СДСМ: Филков и ЗНАМ се срам за ова општество, ЕК ja потврди катастрофаta во правосудството - Канал 5

СДСМ: Филков и ЗНАМ се срам за ова општество, ЕК ja потврди катастрофаta во правосудството

Филков од ЗНАМ вели дека ЕК го потврдила сработеното. За две години ги поставиле темелите за реформа на правосудството.

СДСМ: Филков и ЗНАМ се срам за ова општество, ЕК ja потврди катастрофаta во правосудството

Македонија доби катастрофален Извештај од ЕК. Нула напредок во борбата против корупцијата. Нула во слободата на изразување. Нула во јавните набавки. Судството и медиумите под политичка опсада.

Корупцијата на високо ниво останува широко распространета и сериозна причина за загриженост.

Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост.

Во најважниот кластер Темели има чиста нула. Во девет области оценката е пониска од лани.

Покрај тоа што не се направени реформите, има криминал и корупција на највисоко ниво.

Максим Димитриевски правел состаноци со Вулин за Алта банка. Вулин - директор на БИА, министер за полиција и одбрана, споменуван во Sky преписките како еден од главните за шверц на наркотици во Вучиќевиот клан. Една од темите на состанокот во Куманово била Aлта банка.

Филков додека беше министер за правда не ги испрати документите за екстрадиција на Никола Груевски.

Максим со земјуште за Лидл, бугарски пасоши и фирми во Бугарија што треба да ги испита обвинителството. Тендери во Пошта за советници од ЗНАМ.

ЗНАМ прво ја издадоа партијата. Ги финансираше Мицкоски. Потоа ги издадоа гласачите и влегоа со ОКГ во тендер коалицијата. Денес ги лажат граѓаните.

Срам за нашата земја кој го претставува правосудството.

Уште малку и ќе бидат испратени на политичко-историското ѓубриште, а потоа и да одговараат пред европското обвинителство и слободните судови.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција - зборот е збор!

Ветив дека во мојот четиригодишен мандат ќе го ставиме во функција. 

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција - зборот е збор!

Но само за неполна година, го одглавивме проектот и веќе ги асфалтираме пристапните улици со што ќе се стави во функција.

Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена!

Претходно, го решивме процесот на експропријација неопходен за пристапите, заглавен од претходните раководства, ја ослободивме трасата и сега работиме за мостот наскоро да ги поврзе двете соседни општини.

Со тоа ќе овозможиме полесно движење, пократки патувања и растоварување на сообраќајот.

Паралелно, продолжуваме со експропријацијата на преостанатиот дел од булеварот, сѐ до неговото целосно завршување.

Нашата обврска е да го довршиме проектот во целост!

Дадениот збор пред мојот народ го исполнуваме со работа, чесно и посветено.

Со решавање на проблемите и со резултати што се гледаат!

Кога се сака и кога се работи, сѐ се може.

Продолжуваме, за Скопје какво што заслужуваме.

Скопје се сака со дела!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија ги засилува нападите- 250.000 Украинци се без струја

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во Украина, извршени синоќа, оставија стотици илјади корисници без електрична енергија во регионите на Дњепропетровск и Харков, објавија властите и украинскиот снабдувач со енергија. 

Русија ги засилува нападите- 250.000 Украинци се без струја

Украина се подготвува за уште една исклучително тешка зима на војна, додека Русија го зголемува своето секојдневно воздушно бомбардирање, насочувајќи ја електричната мрежа кон беспилотни летала и ракети.

Во централниот регион на Дњепропетровск, „повеќе од 600.000 Украинци останаа без електрична енергија“, објави украинскиот оператор DTEK на Телеграм, по „ноќните напади во кои беа оштетени важни енергетски објекти“. Поправките на мрежата се попречени од повторени напади, забележа компанијата.

Во одделен напад, руски дрон погоди „клучен објект“ во североисточната област Харков, објави на социјалните медиуми Микола Бакшеев, градоначалник на градот Златопил. „Речиси 250.000 корисници во регионот Харков останаа без електрична енергија“, рече тој. Поправките се во тек.

Енергетската инфраструктура во пет украински региони, вклучувајќи ги Дњепропетровск и Харков, веќе беше цел на масовни руски напади преку ноќ, што доведе до прекини во електричната енергија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди нападите како форма на „притисок“ што го применува Москва пред трилатералните разговори, за кои се очекува да продолжат следната недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер