3Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо
ЖивотЈапонските навивачи повторно си ја исчистија трибината по мечот!Навивачите на фудбалската селекција на Јапонија уште еднаш покажаа и докажаа зошто се единствени на светот.ЈПо нерешениот резултат против Холандија (2:2) на нивниот национален тим на премиерата на Мундијалот , јапонски навивачи не го напуштија веднаш стадионот во Далсс по завршувањето на натпреварот. Наместо тоа, тие останаа на трибините за да ги исчистат, да ги остават во состоја во која го пронајдоа овој простор. Додека другите наиввачи го напуштаа стадионот, фановите на популарните „Самураите“ внимателно собираа шишиња, чаши, амбалажа и друг отпад, оставајќи ги трибините речиси беспрекорно чисти. Нивниот гест предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи. Ова секако не е прв ваков потег од јапонските навивачи.Својата култура и однесување кон сметот и ѓубрето го покажаа и на неколку претходни големи спортски натпреварувања како последните летни и зимски олимиписки игри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНова инвестиција на Пурпласт во ТИРЗ Скопје 2 вредна 15 милиони евраДиректорот Гоце Димовски денес оствари средба со Мехмет Шишманоглу, извршен директор на Пурпласт. На средбата се разговараше за новата инвестиција на компанијата, вредна 15 милиони евра која ќе отвори до 200 нови работни места.Директорот Димовски истакна дека новата инвестиција претставува значаен чекор во понатамошниот развој на компанијата и дека истата претставува уште една потврда за довербата на инвеститорите во условите кои ги нудат технолошко индустриските развојни зони. Тој посочи дека вложувањето и проширувањето на компании кои веќе работат во рамки на зоните е најдобар показател за стабилноста на деловното окружување и конкурентноста на државата како инвестициска дестинација. Од страна на менаџментот на Пурпласт, беше изразена благодарност за досегашната поддршка и соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што беше истакнато дека новата инвестиција е резултат на позитивните искуства од работењето во зоната и довербата во институциите. Претставниците на компанијата нагласија дека инвестицијата во вредност од 15 милиони евра ќе овозможи проширување на производствените капацитети, воведување нови производствени линии и отворање до 200 нови работни места, што ќе придонесе за понатамошен раст на компанијата и зајакнување на нејзината позиција на меѓународните пазари. Дополнително, на средбата беа разгледани и следните чекори за реализација на инвестицискиот проект, како и можностите за натамошно продлабочување на соработката, соопштуваат од ТИРЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
МакедонијаНиколоски: Инвестициите во железничкиот Коридор 10 е силна порака за идниот економски развој Коридорот 10 е иднината на регионалната трговија и економското поврзување на Југоисточна Европа.Коридорот 10 е иднината на регионалната трговија и економското поврзување на Југоисточна Европа, порача заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на Самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што денеска се одржува во Солун во присуство на високи претставници на Европската Унија, министри од замјите од Западен Балкан и меѓународните финансиски институции. Николоски истакна дека заедничката определба на државите од регионот за инвестирање во железничкиот Коридор 10 претставува силна порака за идниот економски развој и дополнително ја потврдува стратешката важност на Македонија како раскрсница на два паневропски транспортни коридори. Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски: “Сметам дека самото тоа што Европската Унија го организира овој состанок на кој што ЕУ е претставена на највисоко ниво, преку Kомесарот за транспорт и мобилност, Апостолис Цицикостас, а тука на највисоко ниво се и владите на Грција, на Македонија, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, претставници иод Словенија, говори дека е јасна посветеноста да се развива инфраструктурата во регионот. Исто така јасно се поставија принципите и правилата, дека заеднички ќе вложуваме во изградбата на железничкиот Коридор 10. Тоа е иднината за развојот на трговијата и развојот на пристаништата во регионот и затоа ми е драго што покрај нашата држава, и Грција, и Србија, и Хрватска, дадоа јасна заложба дека ќе инвестираат во овој коридор, што уште повеќе ја истакнува важноста на нашата инвестиција во изградба на брза пруга. Коридорот 10 е економски најжив и најзначаен коридор и нешто што дополнително ќе и носи бенефит и економска оправданост на Македонија. Ако на тоа додадеме дека веќе имаме автопат по Коридорот 10 од граница до граница, таму веќе одиме на модернизација. Имено, заедно со Светската Банка, работиме на воведување на Интелигентни Транспортни Системи, проект кој што очекувам да започне за брзо да се имплементира и исто така заедно со Светска банка работиме на подобрување и забрзување на системите кои што се поврзани со Царина. Кога сето ова ќе се стави во контекст, навистина денешниот ден е порака дека регионот има иднина и дека регионот ја задржува и ја надградува својата позиција, а Македонија особено, како раскрсница на два паневропски коридори, Коридорот 8 и Коридорот 10, го добива своето геостратешко значење”-изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Министерство за транспорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
МакедонијаМисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпоМакедонската Армија се развива со засилено темпо, државата инвестира во развојот на одбранбените капацитети – порака на министерот Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел„Силно сме посветени на развојот на националните одбранбени капацитети кои се составен дел од колективната одбрана на Алијансата. Тоа е евидентно преку инвестициите во одбраната, но и преку процесот на модернизација и опремување кој е видлив со секој изминат ден“, потенцираше министерот за одбрана Владо Мисајловски на денеска одржаниот состанок на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел. Министерот Мисајловски истакна дека државата одвојува рекордни средства за одбраната, кои се инвестираат ефикасно и ефективно во процесот на опремување и модернизација со цел исполнувањето на НАТО – Целите на способности согласно предвидената динамика. „Нашата држава прави исчекор во развојот на капацитетите“, истакна Мисајловски, укажувајќи на тоа дека само изминатата година во земјата веќе е пристигната значајна опрема, која паралелно со развојот на човечкиот капацитет овозможи армиската Лесна пешадиска баталјонска група, да биде оценета како „борбено способна за извршување на својата мисија“, согласно сите НАТО – стандарди. На маргините на состанокот, министерот Мисајловски разговараше со повеќето колеги, а имаше и средба со грчкиот министер за национална одбрана, Николаос Дендиас, на која се разговараше за заедничката стратешка определба, мирен и стабилен регион и силна колективна одбрана. На средбата беше истакната отворената, непосредна и искрена комуникација која придонесува за континуиран раст на одбранбената соработка, за што е потврда меѓусебната посветеност и значајната реализација на годишниот план за одбранбена соработка. Мисајловски на средбата додаде дека со инвестициите кои во моментов се прават во одбраната и безбедноста, како и силното инвестирање во транспортната мрежа на коридорите 8 и 10 се овозможува поцврста одбрана и поголема безбедност за граѓаните на двете земји, соопштуваат од МО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00