Алта банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
1Алта банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
3Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди
Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
2Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
3Онколог предупреди на 5 производи кои го зголемуваат ризикот од рак, некои често се користат (ВИДЕО)
МакедонијаПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемицидиРеволтирани граѓани денеска одржаа протестен марш во Скопје. Пред 17 годишната Билјана беа Росица, Рамајана, Јанка, Станче, Марија, Мира, Ивана и 6 годишната Катја - истите институции но и истите пропусти, барања и ветувања – само името е друго; алармираат граѓаните кои денеска оддржаа протестен марш за ескалирачките и грозоморни убиства на жени низ земјава. Жените се уште се борат за најосновното право – да бидат живи, велат присутните на протестот пред Собранието каде претставија четири клучни барања. „Билјана веќе имаше пријавено насилство и постоеше судска мерка за забрана за приближување. Но каква корист има од тоа, кога денес повеќе не е жива? // Прво, целосна и транспарентна истрага за убиството на Билјана и за постапувањето на секоја надлежна институција – за сите пропусти, бараме имиња, одговорност и санкции. Второ, итно поднесување и усвојување на Законските измени за заштита од насилство. Трето, вратете ги родот и родовата еднаквост во законите. Четврто, разрешете ги од јавни функции оние кои што повикуваат на контрола врз жените.“ Не се чуствуваме безбедно во земјава ниту пак имаме доверба дека надлежните институции ќе не заштитат, велат жените кои денеска маршираа на улиците. Македонија е на црното трето место во Европа по број на фемициди – 14 жени биле убиени за три години и овие трагедии не смеат да се третираат како љубовни драми или семејни несогласувања, туку како систем кој не успева да санкционира убиства на жени, потенцираат од протестот. Последниот извештај на Европската комисија за Македонија ги нотира фемицидот и високата застапеност на насилството врз жените како сериозен проблем за земјава и укажуваат дека освен недоволни и неефикасни мерки за заштита на жените, законодавната рамка не е целосно усогласена со Директивата на ЕУ за насилство врз жените и семејно насилство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАлта банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд утре, клиентите на оваа банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Исто така од утре ќе бидат отворени и шалтери и во Тетово и Струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПазар во Бардовци - граѓаните во редици купуваат зелка за зимницаИ покрај празничната недела, пазарчето во Бардовци привлече голем број граѓани кои во редици купуваа од познатата бардовска зелка за зимница. Додека скопските улици во недела се речиси празни, на пазарчето на улицата „Скупи“ во Бардовци сликата е сосема поинаква. Уште од раните утрински часови редици автомобили и граѓани доаѓаат по надалеку прочуената бардовска зелка, за да ги наполнат каците за зимница. Но, зад раздвиженото пазарче се крие и друга приказна...за земјоделството што се потешко опстојува и за младите кои се помалку се гледаат во оваа професија. Иако интересот на купувачите останува солиден, земјоделците велат дека производството на зелка во Бардовци се намалува. Се помалку се обработуваат нивите, а тешката физичка работа, недостигот од работна сила и институционална помош, сушните лета и повисоките трошоци за производство дополнително им ја отежнуваат работата. „Ни најмалце од младите да не се надеваме ништо. Цел ден мобилните во рака, а зелката ќе си оди од Бардовци уште, 2,3 години, ние старите нешто што работиме, работиме но од младежот нема ништо. Децата нејкат, децата не се тука заминати се. Едно орање ме кошта мене 3000 денари, а имам 4 орања додека ја насадам зелката..потоа и агрегаторот троши нафта и тука идат пари значи се е со пари, а помош од државата нема ништо.“ „Интересот е многу голем за разлика од ланската година, затоа што нема толку зелка оваа година. Беше голема суша и не е тоа тоа што е..има квалитет но нема доволно количина.“ Кате Младеновска е единствената жена земјоделка што ја затекнавме на пазарчето. Вели дека жените ретко се охрабруваат да се занимаваат со оваа професија, пред сè поради недоволната институционална поддршка. Сепак, смета дека земјоделството може да биде исплатливо, а за неа лично носи и исполнување и смиреност , далеку од брзиот начин на живот кон кој најчесто се стремат младите. „Јас имам две синчиња не сака ни едниот ни другиот, од ова бегаат. Едниот ми е музичар, другиот моторџија така да јас и сопругот си работиме. За нас е убаво, мене ми е интересно си работам и убаво ми е, занимација и си го одморам мозокот кога одам да работам во нива.“ Се помалку млади ја продолжуваат и традицијата на подготовка на домашна зимница, вклучително и киселењето зелка. Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека иако со години ги следат рецептите наследени од родителите и бабите и дедовците, помладите се почесто ја препуштаат подготовката на постарите членови во семејството. Сепак, домашната зимница ја сметаат за традиција длабоко вкоренета во нашето поднебје, која не смее да исчезне. Граѓаните велат дека иако годинава поради повисоките цени зимницата ќе биде поскромна, таа е неизоставен дел од зимската трпеза и традиција која не се мери само во килограми. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter