СДСМ: Колапс во ЕСМ - ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра - Канал 5

СДСМ: Колапс во ЕСМ - ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11 милони евра, во споредба со истиот период во 2024 година. 

СДСМ: Колапс во ЕСМ  - ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Е ова се резултатите од работењето на „Дрим тимот“ во енергетиката на Мицковски и Божиновска.

Ова е реалноста, а не нивните манипулации, и лажни вести пред своите членови на партиските трибини, за да си ги оправдаат неспособните кадри кои ги поставија.

Ова е директна последица од лошото планирање и менаџирање на најголемата енергетска компанија, која замислете првпат во историјата во првиот квартал потфрли во својот план за производство за цели 35%, во бројки видовме дека загубата е цели 45 милиони евра.

Поразително за ВМРО-ДПМНЕ и нивните „успеси“ во ЕСМ, е дека повеќе од 3 месеци немаат назначено директор за правни работи во компанијата. дополнително претседателот на надзорниот одбор си поднесе оставка, комплетно потфрлање во оваа најголема енергетска компанија.

Доказ се овие 45 милиони евра загуба, и дополнителните 110 милиони евра кредити кои токму ова раководство ги зема за нецела година.

Единствен успех им се лажните видеа и интервјуа на министерката Божино вска и ЕСМ, каде самите се фалат дека многу биле добри, а резултатите ги враќаат во суровата реалност која самите ја создадоа.

Замислете на своите статуси на социјалните мрежи пишуваат изјави од типот, "Македонија со јасна енергетска визија" а најголем успех на Сања Божиновска се нејзините видеа кои ги објавува на социјалните мрежи, и наместо да ги засука ракавите и да работи во интерес на граѓани во енергетиката, таа си мисли продуцент ќе станува, можеби ќе добие награда на некој филмски фестивал.

Очигледно од досега сработеното е следното, Визијата е да се пропадне ЕСМ најмногу што може. Доказ е поставувањето на директор без ниту ден искуство во енергетскиот сектор, а се што може во државата да им се даде да се гради на приватни странски инвеститори и уште самите да се фалат со ова. Ваква пародија досега не е видена во нашата држава.

Им порачуваме на актерите кои глумат директори во ЕСМ, дека народот не го интересираат вашите смешни соопштенија, изговори и фалби колку сте биле добри, туку резултатите кои никогаш нема да ги остварите бидејќи сте неспособни, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дебата во Собранието за извештаите на ЕК за владеењето на правото

Во Брисел самит, а во Скопје дебата околу извештаите на ЕУ за владеењето на правото.. 

Дебата во Собранието за извештаите на ЕК за владеењето на правото

Корупцијата го кочи напредокот на земјата кон Унијата, затоа е потребно функционално владеење на правото и доследното спроведување на законите за враќање на довербата во правосудството, порача известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц. Тој во видео обраќање пред македонските пратенции во дебата посветена на владеењето на правото порача дека земјава ги спровела реформите и дека доколку го надмие спорот со Бугарија може да биде предводник во преговорите со ЕУ. Дека е потребно усвоените реформи во правосуството да не останат на хартија, туку да се спроведат и на дело од дебатата порачаа и швајцарскиот и шведскиот амбасадор во земјава.

За последните оценки во Извештајот за напредокот на земјава во однос на влАдеењето на правото и борбата против правосуството ставовите ги вкрСтија и власта и опозицијата.

На собраниската дебата беа презентирани забалешките за владењето на правото кои се повтруваат во псоледните три извештаи од Европската Комисија, а кои пред се се однесуваат на борбата против корупцијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското друштво за патишта се зачлени во Европската асоцијација за асфалтни коловози – ЕАПА

Македонското друштво за патишта се зачлени во Европската асоцијација за асфалтни коловози – ЕАПА..

Македонското друштво за патишта се зачлени во Европската асоцијација за асфалтни коловози – ЕАПА

Со ова членство се овозможува поголема вклученост на македонските стручни кадри во европските професионални мрежи како и можност за следење на новите технологии и стандарди во областа на асфалтните коловози.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спејс Икс прв пат „улови“ Старшип по враќање од орбитата- истото летало повторно може да полета за неколку недели (ВИДЕО)

SpaceX успешно го слета својот вселенски брод Starship за прв пат по враќањето од орбитата на Земјата, користејќи ги џиновските механички краци на кулата за лансирање во Starbase во Тексас. 

Спејс Икс прв пат „улови“ Старшип по враќање од орбитата- истото летало повторно може да полета за неколку недели (ВИДЕО)

Историскиот маневар беше изведен на 14 ноември, по 22,5 часа лет и 14 орбити околу Земјата. Основачот на компанијата, Елон Маск, рече дека истиот вселенски брод би можел повторно да лета по само неколку недели подготовка.

Старшип, означен како Ship 42, беше лансиран на 13 ноември како дел од 15-тиот тест лет на ракетниот систем. За време на престојот во орбитата, распореди 26 сателити Starlink V3, а потоа започна контролирано повторно влегување низ атмосферата на Земјата.

Во последните фази од неговото спуштање, три мотори Raptor го забавија вселенскиот брод и го доведоа во вертикална положба. Starship потоа беше прецизно воден помеѓу два механички крака на кулата за лансирање, позната како Mechazilla, кои го фатија и го држеа над лансирната рампа.

Маневрот беше успешно завршен околу 22:20 часот по средноевропско време, речиси 23 часа по лансирањето.

Спејс Икс претходно го користеше овој систем за да ја прифати првата фаза од Супер Тешкиот брод, но ова е прв пат успешно да се обнови горна фаза која претходно достигна орбитална брзина и помина низ атмосферата при враќањето на Земјата.

Маск: Топлинскиот штит и моторите изгледаат одлично

По враќањето, Маск го прегледа бродот 42 и на 15 ноември, на социјалната мрежа X, процени дека вселенското летало можеби нема да бара обемна работа пред следното лансирање.

„Го прегледав целиот топлински штит на Старшип. Генерално, изгледа одлично. И моторите изгледаат одлично. Бродот 42 веројатно би можел повторно да лета по неколку недели подготовка“, напиша Маск.

Сепак, тој призна дека SpaceX сè уште треба да имплементира голем број технички подобрувања за да ја постигне целта Старшип да биде повторно употреблив без големи интервенции, слично на комерцијалните авиони кои бараат само закажано одржување помеѓу летовите.

Компанијата сè уште не објави датум за следниот лет на бродот 42, ниту потврди дека ова конкретно вселенско летало ќе се користи на следната мисија.

Успешното враќање им овозможува на инженерите темелно да го прегледаат топлинскиот штит, моторите и структурата по целосен орбитален лет. Од особена важност е состојбата на илјадниците заштитни плочи кои мора да издржат екстремна топлина при враќање од орбитата со голема брзина.

Супер Хеви не успеа да се врати на лансирната рампа

И покрај успешното враќање на Старшип, SpaceX не ги постигна сите планирани цели на 15-тиот тест лет.

Првата фаза од ракетата, Супер Хеви, опремена со 33 мотори Раптор, требаше да се врати на лансирната рампа по одвојувањето, каде што ќе биде подигната од истиот механички систем на рачки.

Сепак, за време на маневрот за враќање, работата на моторот беше прекината порано од планираното поради проблеми со преостанатата количина гориво.

Потоа, системот за автоматска контрола го напушти пристапот до лансирниот комплекс и ја насочи првата фаза кон однапред одредена безбедна зона над Мексиканскиот Залив.

Супер Хеви изврши конечно согорување на својот мотор за спуштање, по што беше активиран системот за негово уништување. Првата фаза беше изгубена, а SpaceX истражува зошто маневрот за повторно влегување не помина според планот.

Компанијата досега не успеа да се опорави и да ги прифати обете фази од ракетниот систем за време на една мисија.

Следниот предизвик е повторно лансирање на истото возило

Успешното прифаќање на Starship е важен чекор кон развој на целосно повеќекратно употреблив ракетен систем, но само по себе сè уште не докажува дека возилото може брзо и економично да се употреби повторно.

SpaceX со години успешно ги обновува и повторно ги користи првите фази од ракетата Falcon 9, додека нејзината горна фаза се отфрла по мисијата. Starship е дизајниран така што обете фази можат да се обноват и да се користат повеќе пати, што би ги намалило трошоците за лансирање и би овозможило пократки интервали помеѓу мисиите.

Системот е важен и за американската вселенска агенција НАСА, која избра модифицирана верзија на Starship за слетување на астронаути на Месечината како дел од програмата Artemis. Дополнителни технологии, вклучително и пренос на големи количини криогено гориво помеѓу вселенските летала во орбитата, треба да се демонстрираат пред да можат да се извршат вакви мисии.

Повторното лансирање на Ship 42 би бил следниот важен чекор во докажувањето на повторната употребливост на горната фаза на Starship. Сепак, за да се докаже економската одржливост на концептот, ќе биде потребно да се покаже дека истото вселенско летало може да извршува повеќе мисии со кратки интервали на летови и ограничени трошоци за подготовка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер