Тошковски во посета на Археолошкиот музеј: Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство
1Тошковски во посета на Археолошкиот музеј: Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство
МакедонијаСДСМ: Ја поздравуваме акцијата на ОЈО ГОК за КочаниЈа поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција во која се лишени од слобода полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер на 16 март во т.н. дискотека Пулс во Кочани.Фактот што четири месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја сокрие одговорноста на полицајците и полициските функционери, фактот што нивната вина беше негирана од страна на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски укажува на тоа дека сите биле вмешани или на некој начин знаеле за нелегалното работење на Пулс и тоа го одобрувале. Само поради обидите да се сокрие одговорноста од страна на Тошковски и Мицкоски на лицата кои тие ги поставија за полицајци, командири и началници би требало веднаш да си поднесат оставки. Одговорност мора да има и за Александар Јанев, директорот на БЈБ. Тошковски и Јанев не смеат повеќе да ја попречуваат истрагата ниту да влијаат некој да не сноси одговорност. Вистината за Кочани која цела недела ја објавуваше СДСМ е точна. Се покажа дека без силен притисок на јавноста, на дел од медиумите и на СДСМ нема да има правда за Кочани. Време е за одговорност, време е за оставки. СДСМ - Центар за комуникации со јавностаТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18
МакедонијаТошковски во посета на Археолошкиот музеј: Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследствоМинисерот за внатрешни работи беше во посета на Археолошкиот музеј во Скопје.„Неодамнешните кражби на вредни историски и археолошки предмети од музеи во повеќе европски земји нè потсетуваат колку е значајна заштитата на културното наследство и колку е важно навременото преземање превентивни мерки. Токму на оваа тема денеска разговаравме при мојата посета на Археолошкиот музеј во Скопје, каде што ги разгледавме можностите за унапредување на институционалната соработка и зајакнување на безбедноста на културните добра. Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство, кое сведочи за долгата и разновидна историја на овие простори. Секој археолошки предмет, секој историски артефакт е дел од нашата колективна меморија и културен идентитет, богатство кое имаме обврска да го зачуваме за идните генерации. Заштитата на ова непроценливо богатство не е само прашање на културата, туку и важно безбедносно прашање. Спречувањето на кражбите, нелегалната трговија со културни добра и другите облици на загрозување на културното наследство бараат постојана будност, превенција и координирано дејствување на надлежните институции.“- објави Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18
СветПо нападите, повторно проработеа погоните на „Шел“ во КатарБританско-холандскиот енергетски гигант „Шел“ објави дека делумно ги обновил операциите во катарскиот објект „Перл-ГТЛ“ за преработка на природен гас во течни горива, вклучувајќи дизел со ниска содржина на сулфур, како и керозин. „Шел“ изјави дека овој потег ќе им овозможи да создадат ограничени залихи на производи, додека можноста за нивна испорака сè уште зависи од безбедносната состојба во регионот. Енергетската компанија „КатарЕнерџи“, според трговците, започнала да нуди пратки на физичкиот пазар, вклучувајќи нафта од објектот „Перл-ГТЛ“, и продолжила со одредени договорени испораки. Така, производите од таа фабрика почнуваат да се враќаат на пазарот каде што понудата е ограничена. Shell has partially restarted its Pearl gas-to-liquids plant in Qatar, allowing it to build a limited amount of product inventory in storage, although its ability to ship products remains dependent on the regional security situation. #Forbes For more details: 🔗 https://t.co/wGLGTNl2V1 — Forbes Middle East (@Forbes_MENA_) October 8, 2026 Петтина од светските пратки минувале низ Ормускиот теснец До почетокот на американско-израелската војна против Иран, околу 20 проценти од светските пратки на нафта и течен природен гас минувале низ Ормускиот теснец, потсетува „Ројтерс“. За време на војната, Техеран ја презеде контролата врз Хормуз и дозволи премин само на бродовите на група пријателски земји. Во март, катарскиот гасен гигант QatarEnergy ги информираше клиентите дека поради оштетените објекти, нема да може да ги снабдува со течен гас според договорените услови. Потоа Иран ги нападна нафтените и гасните објекти во земјите од Персискиот Залив, вклучувајќи го и Катар, откако Израел го нападна гасното поле Јужен Парс во Иран. Shell partially restarts Pearl gas-to-liquids plant in Qatar https://t.co/Z7TubcT8uX — Giovanni Staunovo🛢 (@staunovo) October 8, 2026 Иранските напади уништија 17 проценти од капацитетот за извоз на течен природен гас во Катар, а нивното обновување може да трае од три до пет години, изјави тогаш шефот на QatarEnergy, Саад ал-Каби. Неименувани извори запознаени со плановите изјавија за Ројтерс дека првата фабрика за течен природен гас во проектот за проширување на Северното поле Исток на QatarEnergy ќе биде подготвена да започне со работа во ноември. Ова треба да му овозможи на Катар да врати дел од изгубеното производство. Поправките треба да бидат завршени до почетокот на следната година Објектот Pearl, кој е во целосна сопственост на Shell, се снабдува со природен гас од Северното гасно поле во Катар и исто така беше оштетен во март. Ракетите оштетија еден од двата погони за преработка во Pearl GTL, кој со полн капацитет може да произведува 140.000 барели еквивалент на нафта дневно. Производството на Pearl е исто така дел од синџирот на снабдување со рафинерии на Shell, вклучувајќи го и бизнисот со мазива. Поправките на оштетената фабрика за преработка на гас треба да бидат завршени во првиот квартал од следната година, изјави портпаролот на Shell. Во март, тие проценија дека ќе биде потребна една година за целосно поправање на Pearl. Shell забележува дека безбедното и сигурно работење на Pearl зависи од регионалната безбедност, вклучително и безбедното поминување на пратките низ Ормускиот теснец. QatarEnergy објави тендер за продажба на нафта Неколку трговци активни на пазарот изјавија дека QatarEnergy објавил тендер за продажба до 50.000 метрички тони од четири различни видови нафта на физичкиот пазар, вклучувајќи ја и онаа од Pearl GTL. Продажбата се нуди со клаузула за транспорт FOB, односно бесплатно, од катарското пристаниште Рас Лафан, кое се наоѓа во рамките на Ормускиот теснец. Според таа клаузула, продавачот ја исполнува својата обврска кога ја испорачува стоката преку оградата на бродот во наведеното пристаниште за товарење. Последниот тендер за продажба на нафта од страна на државната компанија, во кој учествуваше и Pearl GTL, беше склучен со попуст од 150 долари во споредба со пазарните цени на Блискиот Исток, исто така со клаузула FOB. Катарската компанија продолжи да испорачува договорени количини нафта на индивидуални клиенти. Индиската „Халдија петрохемикалс“ ги доби своите 50.000 метрички тони закажани за овој квартал, изјави во понеделник претставник на компанијата. Тагови: Катар Шел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за спречување насилство и зголемување на безбедноста во сообраќајотВо рамки на активноста беше поделен и печатен едукативен материјал.Денеска (09.10.2026) полициски службеници од ОВР Кавадарци реализираа превентивна активност „Секој може да биде жртва“, при што на граѓаните им беа дадени совети за поголема лична и имотна безбедност и насоки како да се заштитат од имотни деликти односно како да го намалат ризикот да станат жртви на овие кривични дела. Во рамки на активноста беше поделен и печатен едукативен материјал. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес денеска реализираа сообраќајни превентивни активности, со цел да им се укаже на возачите за потребата и обврската своите возила да ги паркираат на обележани паркинг простори, додека вчера попладне спроведоа активности насочени кон спречување на појавите кои можат да го нарушат јавниот ред и мир и да ја загрозат безбедноста на граѓаните и имотот, во пресрет на одржување на манифестацијата „Питијада 2026“. Превентивна активност за потребата од прописно паркирање беше спроведена и во Штип, од страна на полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, а во Делчево полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Делчево реализираа превентивни активности „Не биди нем сведок“ и „Има помош за живот без насилство“. Преку непосредна комуникација, граѓаните беа информирани за појавите на семејно насилство, како и мерките за заштита, при што беа споделени постапките и процедурите при појава на овој вид на случаи, како и достапноста на помош, заштита и привремен престој, со акцент на важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство. Во Пробиштип пак, полициски службеници од ОВР Пробиштип во ООУ „Браќа Миладиновци” во Пробиштип реализираа едукативно предавање со учениците од осмо одделение, со цел превенција од меѓуврсничко насилство. како и безбедно користење на интернет, заштита на личните податоци, приватноста на профилите и слично.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook