СДСМ: Има ли директорот на АВМУ улога во влезот на српски капитал во медиумите и дали има српско и бугарско државјанство? - Канал 5

СДСМ: Има ли директорот на АВМУ улога во влезот на српски капитал во медиумите и дали има српско и бугарско државјанство?

СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија.

СДСМ: Има ли директорот на АВМУ улога во влезот на српски капитал во медиумите и дали има српско и бугарско државјанство?

Дел од таа операција оди и преку „Ало медиа“ групацијата која пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ“.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има обврска да излезе и да ја информира јавноста и да каже што презема Агенцијата да го заштити медиумскиот простор во земјата и демократијата.

Каква е неговата улога?

Дали е известен за промената на сопственичката структура?

Како ќе го објасни тоа кога знае за целосното сопствеништво и поврзаноста на компаниите кои влегуваат во Македонија?

Дали знае дека на овој начин се создава дополнителна концентрација на политичко и странско медиумско влијание?

Има и друго прашање на кое треба Трајчевски да одговори.

Дали Трајчевски има српско државјанство, српски пасош или пасош на друга соседна држава?
Дали има бугарски пасош?

Ова е легитимно прашање од јавен интерес, особено во момент кога странски влијанија се шират во земјава а институцијата со која раководи Трајчевски има законски надлежности во постапките.

Јавноста има право да ги знае одговорите.

Скопје, 19.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ник Кирјос суспендиран поради кокаин – веднаш се огласи!

Шок во светскиот тенис, ветеранот од Австралија, Ник Кирјос е суспендиран од тенисот откако допинг-контролата покажала дека е позитивен на кокаин.

Ник Кирјос суспендиран поради кокаин – веднаш се огласи!

Голем скандал го тресе светскиот тенис – Ник Кирјос е суспендиран откако бил позитивен на тестот за кокаин.

Овој 31-годишен Австралиец го дал примерокот на 22 јуни за време на турнирот од серијата АТП 250 во Љорет де Мар/Мајорка, Шпанија.

На 17 јули, лабораторија акредитирана од Светската антидопинг агенција го потврдила присуството на бензоилекгонин, метаболит на кокаинот.

По сè што се случи, Кирјос се огласи на социјалните мрежи и им се извини на своето семејство, на навивачите и на спонзорите.

„Им се извинувам на моите навивачи, на семејството, на спонзорите и на сите блиски луѓе. Пред сè, им се извинувам на децата што ме следат. Свесен сум каков пример давам со ова и длабоко сум разочаран од себе.“

Австралиецот одигра само четири меча во поединечна конкуренција оваа сезона, додека во претходните години постојано се бореше со повреди. Неговиот последен настап беше на Вимблдон, каде што беше поразен во првото коло во игра на двојки, заедно со Александар Бублик.

Токму на лондонскиот Грен слем турнир Кирјос го постигна еден од најголемите успеси во кариерата, кога во 2022 година стигна до финалето во поединечна конкуренција.

Во опширна порака, Австралиецот зборуваше и за тешкиот период низ кој минува, но нагласи дека не бара оправдување за она што се случило.

„Не сакам да барам изговори, но сакам да дадам одреден контекст за она низ што минувам“, продолжи Кирјос во својата објава на социјалните мрежи. „Повредите во последните неколку години зедоа голем данок, како физички, така и психички. Моето тело не можеше да го направи она што мојот ум очекуваше од него, а соочувањето со фактот дека се ближам кон крајот на кариерата беше потешко отколку што некогаш можев да замислам.“

Секогаш велев дека не го избрав јас тенисот – туку тенисот ме избра мене. Но, да се откажам од нешто што ми го исполнуваше целиот живот е една од најтешките работи со кои некогаш сум се соочил. Понекогаш се чувствував беспомошно и осамено. Ништо од тоа не го оправдува она што го направив. Сепак, добрата вест е што ова ми послужи како повик за будење. Во следните 28 дена ќе се повлечам од социјалните мрежи и од јавниот живот, сè додека не се посветам на тоа да ги средам работите кај себе. Би сакал да побарам од луѓето да ја почитуваат мојата приватност во овој период, а пред сè – приватноста на моето семејство. Жал ми е. Ќе направам сè што е потребно и ќе се вратам подобар.

Австралиецот во последните години се соочуваше со проблеми поради повреди и имаше многу малку континуитет во настапите.

Некогаш еден од најатрактивните и најконтроверзните тенисери во светот, тој се обидуваше да се врати во врвот, но телото често го спречуваше во тоа.

Сега пред него е нов, а можеби и најтежок предизвик. Кирјос најави дека на одреден период ќе се повлече од јавноста и ќе им се посвети на себеси и на своето семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шкода Славија добива голема надградба: Нов изглед, поголеми екрани и 8-степен автоматски менувач

Шкода го претстави моделот Славија во Индија пред речиси пет години, а сега на локалниот пазар му ја претстави освежената верзија на овој модел.

Шкода Славија добива голема надградба: Нов изглед, поголеми екрани и 8-степен автоматски менувач

Славија е еден од клучните модели на понудата на Шкода „Made in India, for India“, а ажурираната верзија доби модифицирана предна решетка со нови фарови. Исто така, има редизајниран браник со поспортски отвори за воздух, нови светла за магла и поширока хромирана лента.

На остатокот од каросеријата, промените се многу подискретни. Автомобилот сега има редизајнирани бандажи, додека нови светла со секвенцијални трепкачи се инсталирани на задниот дел, објавува „CarScoops“.

Промените во кабината се поскромни, но Шкода подготви нови комбинации на бои и материјали, како и интересна новина за задните патници - функција за масажа на задните седишта.

Исто така, има и нов мултимедијален систем со дијагонален екран од 10,1 инчи. Дел од него е „AI Companion“, базиран на технологијата „Google Cloud Automotive AI Agent“. Системот е специјално адаптиран за индискиот пазар и може да ги препознае различните акценти на англискиот јазик што се користи во Индија.

Асистентот со вештачка интелигенција овозможува контрола без раце на музиката, повиците и поставките на климатизацијата. Инструменталната табла е исто така подобрена, па затоа Славија сега има поголем дигитален екран од 10,25 инчи.

Исти мотори, но нов автоматски менувач

Шкода Славија сè уште ја користи локално развиената платформа „MQB-A0-IN“, додека познатите 1,0 и 1,5-литарски „TSI“ мотори се задржани во понудата.

Послабиот „1,0 TSI“ развива 115 КС и 178 Nm, и може да се комбинира со шестстепен мануелен менувач или нов осумстепен автоматски менувач. Го заменува претходниот шестстепен автоматски менувач.

Помоќниот „1,5 TSI“ произведува 150 КС и 250 Nm и сè уште е комбиниран со седумстепен „DSG“ менувач. Сепак, Шкода направи уште една техничка промена, па верзиите со овој мотор сега имаат диск сопирачки на задната страна наместо барабани.

Иако Славија е првенствено наменета за индискиот пазар, Шкода го извезува овој модел и во други земји во Азија, Африка и Блискиот Исток. Се очекува оваа практика да продолжи и со рестилизираната верзија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муртезани ја презема функцијата амбасадор во НАТО

Поранешниот министер за европски прашања Орхан Муртезани објави дека ја презема функцијата амбасадор и постојан претставник на земјава во НАТО.

Муртезани ја презема функцијата амбасадор во НАТО

Тој е еден од деветтемина нови амбасадори чии имиња поминаа на владина седница во февруари годинава..

-Нова должност, иста одговорност. За мене ова е ново професионално поглавје, но истовремено и продолжение на истата определба –Македонија да биде сигурна дома, кредибилен сојузник и држава која има свој глас и придонес во евроатлантското семејство. особено денес, кога безбедноста не може да се зема здраво за готово, членството во нато носи и привилегија и одговорност, напиша Муртезани во објава на фејсбук..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер