МакедонијаСДСМ го осудува насилството и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на КочаниСоцијалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува насилството што се случи на седницата на Советот на општина Кочани.Ги осудуваме и провидните сценарија на ВМРО-ДПМНЕ, кои со провокации и намерно поттикнување тензии се обидуваат да создадат конфликти и нестабилност во Кочани. Учесници во инцидентот се советник на ВМРО-ДПМНЕ и советник од Ромската партија, а повредена е вработена во општинската администрација – што дополнително ја отсликува сериозноста на овој инцидент. СДСМ целосно се оградува од постапките на советникот што го предизвика денешиот инцидент, потенцираме дека не станува збор за наш член туку коалициски партнер. Факт е дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано провоцираат за време на седниците на Советот на општина Кочани. Сценариото на неколку седници наназад вклучуваше навреди на етничка, верска и лична основа, погрдни зборови упатени не само кон поединци, туку и кон целата ромска заедница. Советникот Васе Алексов од ВМРО-ДПМНЕ беше најгласен во навредите и погрдните зборови и тоа го знаат сите советници. Иако провокациите на советниците на ВМРО-ДПМНЕ беа очигледни, недозволиво е каков било чин на насилство. Насилството не смее да има и мора да биде санкционирано. Очекуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот и да утврдат одговорност кај сите инволвирани. На Кочани, на семејствата, на повредените, на починатите, никому ова не му е потребно освен на ВМРО-ДПМНЕ. На Кочани му е потребна солидарност, стабилност и решенија, а не насилни сценарија инспирирани од политички калкулации на власта. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
МетеоНа улиците на Делхи измерени 64°CИндискиот главен град Њу Делхи веќе неколку недели е зафатен од топлотен бран, при што температурите редовно надминуваат 40 степени Целзиусови. Иако апликациите за временска прогноза предупредуваат дека вистинската температура е секогаш неколку степени повисока, реалната ситуација на улиците на градот открива уште подрастична слика. Додека Индискиот метеоролошки оддел (IMD) минатиот вторник регистрираше максимална дневна температура од 43,5°C, термовизиските камери на некои локации покажале површински температури кои достигнувала и до 64°C, објавува BBC. Оваа разлика произлегува од методологијата на мерење. Официјалните податоци од IMD се однесуваат на температурите на воздухот под стандардизирани услови, додека термалните камери ги снимаат температурите на површината. Во топли денови, патиштата, бетонот, возилата и другите изложени површини можат да станат значително потопли од околниот воздух. Високите површински температури ја зголемуваат топлината што ја апсорбира човечкото тело преку зрачење, што може да ги направи урбаните области да изгледаат значително потопли од официјалната температура, особено таму каде што нема сенка или зеленило. Теренски тим на Greenpeace India со термална камера посетил една од најпрометните раскрсници во градот по пладне. Кога истражувачката Нибедита Саха ја насочила камерата кон области под надвозник, отчитувањето било 42°C. Но, кога ја свртела камерата кон мотоциклистите што чекале на семафор на директна сончева светлина, температурата се искачила на неверојатни плус 64°C. На асфалтот на кој стоеле измерена е температура од 61°C, а само три метри подалеку, во сенката на дрво, температурата била „само“ 39,8°C.Тагови: висока температура Индија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаЗапочнаа подготовките и на младинската репрезентацијаВо салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, со првиот тренинг официјално започнаа подготовките и на машката младинска репрезентација на Македонија до 20 години за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“.Селекторот Никола Велев на првиот собир го дочека најголемиот дел од 18. кандидати кои беа избрани по завршувањето на селективните тренинзи Во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, со првиот тренинг официјално започнаа подготовките и на машката младинска репрезентација на Македонија до 20 години за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Селекторот Никола Велев на првиот собир го дочека најголемиот дел од 18. кандидати кои беа избрани по завршувањето на селективните тренинзи, а воедно беше утврден и планот за работа во подготвителниот период. Младите македонски кошаркари ова лето ќе бидат дел од континенталниот шампионат кој од 10. до 19. јули ќе се одржи во Братислава, каде Македонија ќе настапува во групата „А“. Во рамките на подготовките, стручниот штаб предводен од Велев предвиде вкупно 23 тренинзи преку кои ќе се работи на достигнување на посакуваната форма пред европските предизвици. Во групната фаза нашата селекција ќе се соочи со репрезентациите на Ирска, Шведска, Азербејџан и домаќинот Словачка. На првиот тренинг беа присутни, но не тренираа, Никола Јаничиќ и Димитар Зетов. Подготовките ги започнаа: Даниел Бутемер, Даријан Димовски, Давид Петрушевски, Сергеј Младеновски, Матеј Митревски, Коста Ќириловски, Андреј Стојановски, Амар Грбовиќ, Атанасиј Трајанов, Бојан Димитриев, Горазд Митев, Марко Луканоски, Сергеј Петровиќ, Андреј Чадамов и Максим Трајковиќ. Со стартот на работата на младинската селекција, започна и новиот репрезентативен циклус за македонските млади кошаркари, кои во следниот период ќе се подготвуваат за настапот на европската сцена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеТрибина: Органодарителството и значиењето на трансплантацијатаПретставници на здравствени инстутуции, трансплантациски тимови, владини претставници, студенти учествуваат на трибината посветена на органо – дарителството и значењето на трансплантацијата.. Трибината на Медицинскиот факултет ја следи Мирјана Мирчевска Јовановиќ.. Мими, какви пораки произлегоа од собирот.. Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook