СДСМ: Економијата под Мицкоски е во слободен пад - Канал 5

СДСМ: Економијата под Мицкоски е во слободен пад

Економијата под Мицкоски е во слободен пад: Странските инвестиции паднаа за 61%, потрошувачката кошничка поскапе за 10.000 денари, а индустријата тоне.

СДСМ: Економијата под Мицкоски е во слободен пад

Под власта на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, македонската економија доживува тотален колапс, додека премиерот продолжува да лаже дека сме “трета економа во Европа“.

Фактите се непобитни:
* Странските директни инвестиции во 2025 година паднаа за 61% - од 1,2 милијарди евра во 2024 на само 468 милиони евра во 2025 година. Ова е еден од најлошите резултати во регионот.
* Индустриското производство во првите пет месеци од 2026 година е намалено за 0,3%, а во мај падот изнесува 2%. Преработувачката индустрија, производството на електрична опрема, машини и моторни возила се во слободен пад.
* Потрошувачката кошничка континуирано поскапува. За две години кошничката поскапе за 10.000 денари, додека нема пари за зголемување на минималната плата. Цените отидоа до плафон бидејќи Владата не сакаше да воведе мерки по почетокот на кризата и со тоа да го запре забрзаниот раст на цените на горивата.
* Инфлацијата останува висока, особено на храната и енергијата, додека реалниот стандард на граѓаните се топи.
Наместо инвестиции, нови фабрики и подобар животен стандард, добиваме само нови долгови, празен буџет и криминални тендери кои се единственото што функционира под оваа Влада.
Мицкоски може да продолжи да се фали со измислена „трета економија во Европа“. Реалноста е дека Македонија под негово раководство бележи историски пад на странски инвестиции, индустриско производство во минус и граѓани кои секој месец се сиромашни за илјадници денари.
Ова не е економски раст туку економско уништување од организирана криминална група која ја претвори државата во приватен бизнис.
Мицкоски дојде на власт со лаги, сега владее со лаги.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девет жени пронајдени мртви во близина на Јоханесбург, полицијата истражува дали има сериски убиец?

Девет жени се пронајдени мртви во близина на Јоханесбург. Постои страв од сериски убиец.

Девет жени пронајдени мртви во близина на Јоханесбург, полицијата истражува дали има сериски убиец?

За помалку од два месеца, во областа Екурхулени, источно од Јоханесбург во Јужна Африка, пронајдени се телата на девет жени. Полицијата истражува дали некои од случаите се поврзани, додека во јужноафриканските медиуми се засилуваат шпекулациите за можен сериски убиец. Полицијата досега ниту го потврди, ниту го демантираше ова.

Последната жртва била пронајдена во четвртокот во Дон Парк. Се претпоставува дека таа имала околу 30 години. Телото било откриено на отворен простор покрај патот; локалните медиуми известуваат дека жената била делумно облечена и имала смртоносна повреда на вратот.

Полицијата формирала мултидисциплинарен тим за истражување на смртните случаи на жените.

Вршителот на должноста комесар на полицијата во Гаутенг, Фред Кекана, изјави дека истражителите откриле можни поврзаности меѓу некои од случаите, но дека се потребни дополнителни форензички и криминалистички наоди пред да се донесат какви било заклучоци.

Веќе е уапсен маж во врска со едно од убиствата; полицијата проверува дали тој може да се поврзе и со другите случаи, а истовремено истражува и друго лице.

Пет од деветте жртви сè уште не се идентификувани. Страв меѓу жителите Меѓу идентификуваните жртви е 38-годишната Динео Мотапане, чие тело беше пронајдено покрај патот во КваТема. Нејзиното семејство ја идентификуваше откако претходно пријави нејзино исчезнување во полицијата. Серијата смртни случаи предизвика страв кај жителите на Екурхулени и поттикна протести против насилството врз жените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат истражувањата на праисториската наколна населба во Дојран

Дојран продолжува да го открива своето богато археолошко наследство.

Продолжуваат истражувањата на праисториската наколна населба во Дојран

Праисториската наколна населба кај Мрдаја, во Стар Дојран ќе се истражува и оваа година. Според информациите од Националната установа „Завод и музеј - Струмица", археолошките истражувања се реализираат со учество на археолошки тим од оваа институција, предводен од м-р Зоран Рујак, археолог советник кустос, а се поддржани од Министерството за култура и туризам.

Годинашната кампања е насочена кон истражување на праисториската наколна населба на брегот на Дојранското Езеро, со посебно внимание на содржините и просторните габарити на населбата, како и на временската рамка во која се одвивал животот во неа.

- Уште на самиот почеток, истражувањата дадоа непроценливи сознанија со кои животот во населбата започнал многу порано отколку што досега се мислеше. Досегашните сознанија зборуваа дека наколната населба е од доцното бронзено време и преодниот период помеѓу бронзеното и железното време. Со новите истражувања, се појавија докази, за почетоците на животот во населбата, уште во текот на средното бронзено време. Со ова, почетокот на животот во населбата се враќа во првата половина на вториот милениум пред н.е. - се вели во објавата на НУ „Завод и музеј - Струмица".

Според археолошкиот тим, одредени наоди укажале на широка трговска активност со далечните региони, па дури и со бронзанодобската населба на локалитетот Цареви Кули, Струмица. Заедно со неолитската населба на локалитетот Споменикот-Атици, кај Црничани, праисториската наколна населба Мрдаја -Дојран продолжува да биде место каде што археологијата се среќава со богатото културно наследство на Дојран и Југоисточниот Регион на земјава, велат тие.

Покрај археолошките истражувања на праисториската наколна населба Мрдаја -Дојран, во тек е и изработка на Основен проект за Музеј на вода, во водите на Дојранското Езеро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.

Поранешниот англиски фудбалски репрезенативец Андрос Таунсенд (35), кој настапуваше за Тотенхем, Њукасл, Кристал Палас и Евертон, доживеа неверојатен инцидент додека се загреваше во Тајланд. 

Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.

Таунсенд се загреваше за време на полувремето од натпреварот меѓу неговиот тим, Прачуап, и Патани. Додека се обидуваше да ја удри топката, тој излезе од просторот предвиден за загревање.

Во тој момент, кон него се движеше валјак за рамнење на теренот, а возачот не го забележа навреме.

-Валјакот го удри Таунсенд во нозете, го собори на земја, а потоа продолжи да се движи преку неговото тело, стигнувајќи сè до половината. Возачот потоа ја запре машината, а соиграчите на Таунсенд веднаш притрчаа да му помогнат. За среќа, Таунсенд помина без сериозни повреди. По инцидентот, тој го продолжи загревањето, па дури и влезе во игра. Тој ја одигра последната минута од натпреварот, во кој неговиот тим, Прачуап, победи со 3–0.

По бизарниот настан, Таунсенд очигледно одлучи сè да претвори во шега. Тој објави видео од инцидентот на социјалните мрежи и се пошегува на сметка на својот поранешен клуб Стоук Сити, познат по својот физички напорен фудбал. „Стоук не беше толку лош“, рече Таунсенд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер