Саутгејт: Шпанија ќе биде неверојатно тежок ривал, ова е најдобриот тим на ЕП

 Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ги искажа очекувањата за финалето на Евро 2024.

-Токму за ова дојдовме. Ќе биде неверојатно тежок натпревар против Шпанија. Ќе се сретнеме со најдобриот тим на Еврото во моментов. Но Англија се уште е тука. Ќе играме со нив по навистина добар полуфинален натпревар. Многу сум среќен за сите, изјави Саутгејт на веб-страницата на УЕФА.

Англија во финалето на Европското фудбалско првенство 2024 ќе игра против Шпанија.

Натпреварот ќе се одигра на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин.

Шведските ракометарки набавија душеци од ИКЕА за поубав сон во Олимпиското село

 Шведската женска ракометна репрезентација купи душеци од ИКЕА за престојот во Париз за време на Олимписките игри.

Според „Aftonbladet“, повеќето играчи на тимот нарачале душеци на сопствен трошок, бидејќи не биле задоволни од понудените во Олимпиското село.

- Проблемот не е што во Олимпиското село има картонски кревети - тоа многу ни одговара. Но, душеците се тврди. Тие се многу нови и ќе биде потребно време да омекнат. Чувствувавме дека едвај чекаме и решивме добро да се наспиеме од самиот почеток, изјави ракометарката Јамина Робертс.

Олимпијадата ќе се одржи од 26 јули до 11 август.

СПАК откри криминалната група, која за 20-45 000 долари пренесувала албански државјани до САД

Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК,  откри криминална група, која преку фалсификувана документација, организирала префрлување албански државјани, со крајна дестинација Соединетите американски држави.

Оваа криминална активност се сомничи дека е добро организирана на транснационално ниво, бидејќи илегалниот премин во САД е потврдено дека се вршел на релација Албанија-Италија-Шпанија-Мексико-САД.

-Лицата инволвирани во оваа криминална активност вршеле, пред сè воспоставување контакт меѓу лицата заинтересирани за заминување во САД а главниот организатор Л.М., во соработка со други лица, обезбедувало брзо изготвување фалсификувани документи за идентификација, патни билети, опремување со нови мобилни уреди и телефонски броеви, според земјите во кои се вршело патувањето и слично, јавија албанските медиуми.

Заинтересираните лица со албански пасош ја преминувале албанската граница, а на аеродромите во Шпанија од каде се вршел транзитот кон Мексико, па потоа кон САД, ги пречекувале други лица инволвирани во оваа криминална активност, кои ги обезбедувале нив со фалсификуван документ за идентификација. Целата оваа активност траела не повеќе од 15-20 дена и секое лице плаќало сума од 20 до 45 илјади долари.

Приведени се пет лица на кои им е одредена мерка притвор.

Нов изглед – нова свежина: Разлади се со „VIVA Ice Tea“

Летото станува уште позабавно со „VIVA Ice Tea“.

Водечкиот македонски бренд за безалкохолни овошни пијалаци, го освежи визуелниот идентитет на своите овошни ладни чаеви. Добро познатите пијалаци за сите возрасти сега се достапни со нов освежен изглед.

Оваа категорија на производи, со вкусови на праска, брусница и лимон во пакувања од 1,5 литри и 0,5 литри, сега имаат нови редизајнирани етикети кои го истакнуваат квалитетот и свежината на овие пијалаци.+

"Нашата цел е секогаш да бидеме во тек со актуелните трендови и да ги задоволиме очекувањата на нашите потрошувачи. Новиот дизајн не само што го рефлектира нашиот ангажман за квалитет, туку ја нагласува природната свежина на нашите производи" велат од менаџментот на „ВИВА“.

Ладните овошни чаеви од портфолиото на „ВИВА“ кои се присутни на македонскиот пазар веќе 15 години, достапни се и во земјите од Блискиот Исток.

Со својата посветеност кон задоволството на потрошувачите веќе три децении, „ВИВА“ континуирано го потврдува својот врвен квалитет и иновативност во работењето.

притисни ентер