Сара Џесика Паркер стави катанец на своите продавници за луксузни чевли - Канал 5

Сара Џесика Паркер стави катанец на своите продавници за луксузни чевли

Познатата холивудска актерка Сара Џесика Паркер реши да стави крај на своето друштво со чевлите.

Сара Џесика Паркер стави катанец на своите продавници за луксузни чевли

- По 10 шарени години, SJP од Сара Џесика Паркер донесе тешка одлука да ги затвори вратите оваа есен - објави компанијата во соопштението, според Footwear News.

- Тимот на SJP Collection изразува огромна благодарност до сите свои лојални клиенти и поддржувачи, како и до сите со кои соработувале - се вели во соопштението.

Последната продавница во Њујорк вчера ги затвори вратите, но љубителите на брендот засега ќе можат да купуваат онлајн.

За време на нејзината деценија со сандали со прерамки, блескави потпетици и уникатен дизајн, Сара Џесика Паркер отвори неколку продавници во Њујорк откако ја лансираше својата етикета во 2014 година со Џорџ Малкемус, кој почина во 2021 година. Една од нејзините продавници дури се наоѓаше на улица од станот на нејзиниот лик Кери Бредшо од познатата серија „Сексот и градот“.

Иако Сара Џесика допрва треба да го коментира затворањето на нејзиниот бренд, фановите побрзаа да ги споделат своите реакции на социјалните мрежи, изразувајќи го своето длабоко разочарување, објави Ace Weekly.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијани лица во Охрид демолирале објект кој претходно бил обновен со донации

Случајот е пријавен во полиција, која извршила увид и ги подигнала потребните докази.

Пијани лица во Охрид демолирале објект кој претходно бил обновен со донации

Фејсбук страницата „Охриѓани“ преку видео-објава информираше за тоа како непознати лица вандализирале простор кај домот Лакочере, кој во изминатите години, како што наведуваат, бил обновен со донации и претворен во мултифункционален објект за локалната заедница.

Во објавата се тврди дека група млади лица, меѓу кои имало и девојки, престојувале на локацијата, консумирале алкохол, и според видео снимките, го демолирале објектот.

Според објавеното, случајот е пријавен во полиција, која извршила увид и ги подигнала потребните докази.

Од „Охриѓани“ велат дека преку снимки од приватни безбедносни камери веќе утврдиле со какви возила пристигнале лицата и очекуваат наскоро да биде откриен нивниот идентитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ

Ѓорѓиевски денес оствари средба со амбасадорката на Хрватска во Македонија,Тигањ.

Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, на која беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу збратимените градови Скопје и Загреб.

Во фокусот на разговорите беа размената на знаења, искуства и добри европски практики во повеќе области од заеднички интерес, со цел нивна примена во креирањето современи и одржливи решенија што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните на двете метрополи.

Посебно внимание беше посветено на можностите за соработка во рамките на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Соговорниците разговараа за меѓународната промоција на проектот, културната размена, како и за поврзувањето на Скопје со европските градови, институции и културни мрежи.

На средбата беше истакнато дека проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ претставува значајна можност за афирмација на главниот град како современ европски културен центар, кој успешно ги спојува богатото историско наследство, културната разновидност и современата креативна енергија.

Двете страни ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството меѓу Скопје и Загреб преку реализација на конкретни заеднички проекти и иницијативи, кои ќе придонесат за зајакнување на пријателските односи меѓу Македонија и Хрватска и ќе донесат придобивки за граѓаните на двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите и резултатите ги демантираат лагите на СДС

Владата на ВМРО-ДПМНЕ реализира конкретните мерки и програми за младите.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите и резултатите ги демантираат лагите на СДС

СДС во паника од катастрофалниот едноцифрен рејтин и внатрешниот хаос со кој се соочува очајно се обидува да креира паника, да манипулира со бројки и да создава лажна перцепција во јавноста.

СДС уште еднаш се демантирани и поразени од бројките и од релевантните институции. СДС додека беше на власт не направи ништо за младите, СДС ветуваше студентски градови и подобра иднина за младите, а наместо исполнети ветувања, многумина млади ја напуштија државта и се иселија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите со конкретни мерки и програми а од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините.

Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на практикантство“, во соработка со државните универзитети преку која студентите директно ќе се вклучат во работата на општините. Наместо да бидат неми набљудувачи, младите ќе станат активни учесници во подобрувањето на локалната самоуправа.

Младите се врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел Буџетот за наука од 380 милиони денари во 2024 го зголемивме на 773 милиони денари во 2026.

Буџетот за високото образование во 2022 беше помалку од 3 милијарди денари, во 2026 за универзитетите има 8 милијарди денари.

Доделени беа 55.000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома.

Ги подобривме условите за образование и воспитание. Вложени се 70 милиони евра во образовната инфраструктура, по 35 милиони одвоија МОН и Владата за над 90 инфраструктурни проекти.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со овие и со многу други различни мерки и проекти, работи заедно со младите, за да изградиме подобра иднина за секого.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер