ЖивотСања Велковска бара помош за операција Сања Велковска од Штип koja боледув од реумативен артит, поради сериозноста на болеста преку соцојаллните мрежи финансиска помош за нова операција. Поради сериозноста на болеста досега направила повеќе од десет операции на екстремитетите со вградување на вештачки протези... Јас сум Сања Велковска од Штип боледувам од реумативен артит, поради сериозноста на болеста се направени повеќе од десет операции на моиtе екстремитети со вградување на вештачки протези во клиниката Жан Митрев во Скопје. Пред повеќе од две години ја повредив левата нога па мораше под итно да се замени протезата и од тогаш почнува мојата голгота драги мој, прво што направивме се обративме во клиниката Жан Митрев но поради високата цена и нашата финансиска ситуација не се оперирав. Отидовме во државна болница каде за операција чекав повеке од една година могу ми ветуваа но од ветеното за жал ништо не се оствари а чекав повеќе од една година. Маката не натера пак да се обратиме во клиниката Жан Митрев каде ми побараа 15000 евра за да ме оперираат се согласивме обезбедивме пари ние си знаеме како и отидов на таа операција која за жал не беше успешна. Ми го извадија коленото а друго не успеа да ми вградат при што јас останав повеке од една година врзана за креветот, борејки се за својот живот почнавме со мојата фамилија да лутаме од Државна болница па во болница 8 Септември па повторно во Жан Митрев, но веќе никој не сакаше да ме оперира едни се бранеа дека нема протеза другите дека немаа можност и услови за таква операција со еден збор ме оставија на милост и немилост да бидам искрена . Не ми остана ништо друго освен да испратиме документи во бугарија за да видиме дали ке се нафати некој за да ме оперира таму , ни јавија дека ке дадат се од себе и ќе ме оперираат но за жал тоа мене и мојата фамилија ке не чини повторно од 15000 до 20000 евра а ние ги немаме тие пари . Сограѓани мои ве молам покажете ја вашата солидарност за да можам да го продолжам овој тежок живот во кој сум врзана за кревет сакам и да почнам и јас нормално да живеам борец сум и ќе се борам додека има и најмала надеж за мене потребни сте ми ве молам од срце помогнете ми и на мене и на мојата фамилија да ја добиеме оваа животна битка, напиша Сања на социјалните мрежи. Донациите може да се уплатат на сметката на Сања. Сања Велкова Штип . Трансакциска сметка : 200000809868512 Стопанска Банка Ад Скопје (Сања Велковска)Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
СветБолсонаро избега на Флорида по изборниот пораз, ќе бара политички азил од САД Сенаторот од крајната десница Флавио Болсонаро наводно го напуштил Бразил за САД, откако загуби од левичарскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на претседателските избори во недела.Според новинскиот портал „Метрополс“, повикувајќи се на извори блиски до семејството на политичарот, Болсонаро бил на пат кон САД. „Авионот е во лет“, објави порталот, без да прецизира од каде полетал авионот. Сојузниците на Болсонаро му рекле на „Метрополс“ дека тој треба да слета во Флорида во вторник попладне и дека планира да побара политички азил. „Администрацијата на Трамп е информирана“, се додава во извештајот. Неговите сојузници потврдија за весникот „Фолха де С. Паоло“ дека тој е на пат кон САД, велејќи дека планот за неговото заминување бил „организиран и олеснет од адвокат близок до семејството Болсонаро“. Brazilian Senator Flavio Bolsonaro left the country for the US after losing the presidential election and refusing to comply with a Supreme Court order to hand over his passports, two sources said https://t.co/KDVPnBl7YO — Reuters (@Reuters) October 27, 2026 CNN Brasil објави дека Болсонаро избегал во САД рано во вторник со сопругата и двете ќерки. Болсонаро не е виден од понеделник и го пропуштил рокот во 11 часот наутро во вторник за да го предаде пасошот на федералната полиција. Тоа ги поттикна шпекулациите дека тој избегал од Бразил по поразот на изборите во недела. Според бразилскиот весник „О Глобо“, за време на состанокот со пријатели и адвокати во понеделник, поразениот кандидат изгледал „опседнат“ и јасно ставил до знаење дека се плаши од апсење. Судија на Врховниот суд му го одзеде пасошот на Болсонаро неколку минути по објавувањето на резултатите од изборите, како дел од случајот против сенаторот. Тој имаше рок до 11 часот наутро да го предаде документот на федералната полиција, но не се појави.Тагови: Болсонаро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ: Разговарав со Макрон, верувам дека се враќаме на власт по две години Лидерот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ, разговараше за ТВ Информер по парламентарните избори во Србија.Вучиќ изрази загриженост за синоќешниот упад во ТВ Информер: „За 14 години не сме забраниле ниту една телевизиска станица, иако тие кажаа сто пати полоши работи отколку што кажавте вие за нив.“ Потоа откри дека разговарал со многу високи европски функционери, меѓу кои Виктор Орбан, Емануел Макрон, Ѓорѓа Мелони и Антонио Коста, а потоа најави средба со Виктор Орбан, објави Телеграф. „Верувам дека ќе го видам Виктор Орбан во наредните денови во Белград, бидејќи ќе се бориме заедно.“ Вучиќ се осврна и на постапките на полицијата. „Ако полицијата не сака да ги заштити, денес ситуацијата е нешто поповолна во овој поглед отколку вчера. Ќе се организираме, ќе можеме да ги заштитиме луѓето“, рече Вучиќ, додавајќи дека очекува СНС да се врати на власт за две години.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИлија Срдановиќ разговарал со претседателот на Европскиот совет: на Србија местото ѝ е во ЕУ Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска разговараше со лидерот на листата Студентска листа - Студентите победуваат, Илија Срдановиќ, на кого му ја честиташе победата на листата на парламентарните избори во Србија.„Приоритет сега е да се конституира парламент и да се формира нова влада без одложување, преку мирна транзиција и со целосно почитување на резултатите од изборите. Србија има место во Европската унија“, напиша Коста на мрежата X, наведувајќи дека имал добар разговор со Срдановиќ, додавајќи: „Подготвени сме да го поддржиме нејзиниот европски пат, со јасен фокус на реформите што ги побара српскиот народ: владеење на правото, борба против корупцијата и слобода на медиумите.“ I just had a good phone conversation with Dr Ilija Srdanović. I congratulated him on the Student List’s election victory in Serbia. The priority now is to establish Parliament and the new government without delay, through a peaceful transition and in full respect of the election results. Serbia’s place is in the European Union. We stand ready to support its European path, with a clear focus on the reforms the Serbian people have called for: the rule of law, the fight against corruption and media freedom. — António Costa (@eucopresident) October 27, 2026 На парламентарните избори одржани во неделата во Србија, листата Студентска листа - Студентите победуваат освои 141 место со 53 проценти од гласовите, додека листата Александар Вучиќ - Обединета Србија беше втора со 38,8 проценти од гласовите, или 103 места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12