Сандра Булок е подготвена за нова врска, една година по трагедијата - Канал 5

Сандра Булок е подготвена за нова врска, една година по трагедијата

Помина една година од трагедијата што ја снајде актерката Сандра Булок, кога на 57-годишна возраст почина нејзиното момче Брајан Рандал.

Сандра Булок е подготвена за нова врска, една година по трагедијата

Сандра помина осум години во врска со него, а се повлече од јавноста откако овој фотограф ја загуби битката со АЛС, амиотрофична латерална склероза, невролошка болест која влијае на нервниот систем и предизвикува мускулна слабост и ги нарушува физичките функции.

Времето кое не го поминувала пред светот, го поминувала со своите најблиски, меѓу кои и децата Луиза (14) и Лејла (11). Една година по загубата, Сандра се враќа на снимањето, но и на отворената врата за љубов.

Не само што е најавено дека ќе снимаат со Никол Кидман, туку и дека ќе им се придружи и нивниот колега Киану Ривс. За Кијану и Сандра се пишуваше и порано, кога и двајцата во различни интервјуа признаа дека биле вљубени еден во друг на снимањето на филмот „Брзина“. Меѓутоа, години подоцна, кога конечно сè беше јавно признаено, чувствата останаа како убав спомен. Многу фанови посакуваа спој меѓу двајцата, но тоа никогаш не се случило.

Извор близок до актерката откри за „Us Weekly“ дека откако на 26 јули ќе наполни 60 години, Сандра е подготвена повторно да го прифати животот и да дојдат нови работи. Како што паметат фановите, на промоцијата на филм во 2022 година, Сандра најави пауза од јавноста „на некое време, за да биде со децата“, но најверојатно тоа го искористи за да се грижи за својот партнер.

Исто така, оваа личност наведува дека ова бил „најтешкиот период за Сандра и дека никогаш претходно не ја снашла толкава болка“. Но, се додава и дека таа не била сама, туку имала целосна поддршка од пријателите, семејството и блиските колешки, како Џенифер Анистон. Секој што изгубил некој близок на кој било начин разбира колку е важно да имаш луѓе околу тебе кои ќе ја прегрнат сета болка што ја чувствуваш, но и ќе те остават да тагуваш, да страдаш и да плачеш - затоа што понекогаш тоа е најпотребно после загуба.

Исто така, „Perezhilton“ открива дека Сандра Булок е „отворена за можноста за врска“, но дека сè уште е во процес на опоравување.

– Го одржува споменот на Брајан и се фокусира на себе и на своето семејство – како што додава нивниот извор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Инфлацијата е под европскиот просек, можен е уште еден ребаланс до крајот на годината

Намалените приходи од акцизите и данокот на додадена вредност може да бидат причина за уште еден ребаланс на буџетот до крајот на годинава, најави премиерот Мицкоски.

Мицкоски: Инфлацијата е под европскиот просек, можен е уште еден ребаланс до крајот на годината

Според владините пресметки во буџетот може да недостигаат меѓу 6 и 7 милијарди денари, пред се поради намалените акцизи и ДДВ-то за горивата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еко – акција за чистење на Скопје – илјадници скопјани ги чистеа јавните површини во градот

Со поддршка од сите скопски градоначалници, амбасадите, меѓународните организации, како и основните и средните училишта, денеска се спроведе големата еколошка акција за почисто Скопје.

Еко – акција за чистење на Скопје – илјадници скопјани ги чистеа јавните површини во градот

Покрај чистењето и уредувањето на јавните површини, акцијата има и едукативен карактер – токму затоа во неа се вклучени и ученици, со цел уште од најмала возраст да се гради одговорен однос кон животната средина.

Но, еднодневното расчистување само по себе не е доволно доколку не се променат и секојдневните навики кон јавниот простор.

На 50 локации денеска се чисти низ земјава, а во акцијата се вклучија јавни личности, средношколци и скопски градоначалници. Заеднички собираат отпад и испраќаат порака дека чистата околина е одговорност на сите.

И граѓаните сметаат дека секој поединечно треба да биде пример за одговорното однесување кон животната средина...

Отсега акциите за чистење на градот ќе се организираат двапати во месецот , по правило во среда, но терминот ќе зависи од временските услови.

Паралелно со нив од следната недела Комунална хигиена ќе биде засилена со новите камиони за собирање на ѓубре и кабаст отпад, изјави градоначалникот.

„Дополнително, завршена е постапката и потпишан е договорот., веќе во петок ја очекуваме првата тура од 1.100 контејнери за Град Скопје. Тоа е голема набавка од вкупно 3.300 контејнери, а во наредните две недели ќе стигне и испораката на останатите. Мислам дека сме на добар пат оние сцени од минатото да останат зад нас.“ – Орце Ѓорѓиевски.

Инаку, во изминатиот период заради прекршоци поврзани со хигиената во градот, пред се заради оставање на кабаст отпад, биле изречени казни во вредност од над 80 илјади евра..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе донесе ли Фон Дер Лајен добри вести во Скопје?

Има можност Македонија да издејствува патоказ како дел од групата најуспешни земји кандидатки по посетата на шефицата на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен, оценуваат европските експерти.

Ќе донесе ли Фон Дер Лајен добри вести во Скопје?

Сепак, според дел од нив, уставните измени и за тоа би останале клучни, иако според досега објавените неофицијални детали од новата стратегија за проширување на Унијата, таа содржи елементи кои одат во корист на Македонија.

Македонскиот предлог европски посредници да се вклучат во дијалогот со Бугарија може да се покаже како опасна авантура, предупредува Стојковски, додека пак според Кржаловски, таков формат може да биде пресликан и во Историската комисија.

Новата стратегија за проширување се очекува да биде објавена следната недела, додека пак патоказите би биле усвоени до крајот на оваа година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер