Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини
1Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини
Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
СветСан: Руски војници во Украина починале од затруена вода Британскиот таблоид „Сан“ објави дека најмалку четири руски војници починале во големи болки откако пиеле вода од шишиња со етикета „Наша вода“ на бојното поле во близина на Донецк.Според весникот, Русите се сомневаат на можна украинска саботажа, а неколку војници се во критична состојба. „Сан“ пишува дека водата била дистрибуирана како дел од хуманитарна пратка и пристигнала од Симферопол во анектираниот Крим. Инцидентот, според истите тврдења, се случил во областа Пантелејмоновка и предизвикал тревога кај проруските воени канали. „Сан“: Војниците се превртувале и губеле свест, истрагата е во тек Весникот тврди дека видел вознемирувачки снимки на кои наводно отруени војници се превртуваат, стенкаат и губат свест, додека болничарите се обидуваат да ги спасат. Во еден од снимките, според „Сан“, може да се слушне како војник го прашува својот другар: „Дали ја испи водата?“, додека друг глас вели: „Навистина е болен“. Про-кремљскиот канал Телеграм „Царград“ побарал итна истрага и поставил прашања за тоа кој ја доставил водата, како стигнала на бојното поле и кој можел да ја затруе. „Ситуацијата бара темелна истрага“, се вели во него, предупредувајќи ги војниците да бидат исклучително внимателни со какви било пијалоци. Постојат и шпекулации за дрога Додека некои руски извори веќе тврдат дека станува збор за украинска саботажа, „Сан“ истакнува дека во моментов нема конкретни докази за да се потврди оваа верзија на настаните. Статијата, исто така, го пренесува ставот на украински извор кој сугерира дека е можно всушност да станува збор за предозирање со дрога и дека приказната за затруената вода се користи за прикривање на внатрешните проблеми меѓу руските трупи. Во моментов нема потврди од независни или легитимни извори, а приказната досега ја објавија само британски таблоид и проруски медиуми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаГерасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површиниИнспекциските служби на Општина Центар за една недела изрекоа глоби, во износ од 1.300 до 1.800 евра, за четири градилишта на територијата на локалната самоуправа.Казните се изречени поради оставање градежен материјал и градежен шут на јавни површини, со што биле нарушени комуналниот ред и јавната чистота, а биле отежнати движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот. „Нашите инспектори се на терен и будно ја следат состојбата на активните градилишта. Контролите продолжуваат, а особено внимание посветуваме одржувањето на чистотата и непреченото користење на јавниот простор. Секој што нема да ги почитува прописите ќе биде соодветно санкциониран“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Од Општина Центар апелираат до инвеститорите и градежните компании да не оги узупираат а јавните површини, да ги почитуваат законските обврски и да се грижат за безбедното движење на граѓаните. Инспекциските контроли продолжуваат со засилен интензитет.Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаМисајловски: Инфраструктурните активности продолжуваат со силно темпоМинистерот за одбрана Владо Мисајловски денеска беше во Касарната „Гоце Делчев“ – Скопје, во увид на градежните активности за целосна реконструкција на објектот на Директоратот за безбедност и разузнавање во рамки на касарната.При денешната посета, министерот во разговор со вработените посочи дека активно се работи на реализација на зацртаните цели и дека инвестициите кои се прават во делот на инфраструктурата се првенствено за подобрување на условите за работа и престој на вработените во Армијата и министерството. Во моментов активно се работи на целосно завршување на активностите предвидени со реконструкцијата на овој објект односно се поставуваат нови преградни ѕидови, се поставува целосно нова електричната инсталација, осветлување, се работи на поврзување на противпожарна и громобранска инсталација, се поставува нов вентилациски систем и систем за греење, промена на подна облога и на врати и се извршуваат работни зафати за доработка на санитарните јазли како и довршување на гипсарски, молерофарбарски и фасадерски работи со цел постигнување на енергетска ефикасност на објектот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМОН-УНИЦЕФ: Модернизирано средното стручно образование со СТЕМ вештини за професиите на иднинатаСо почетокот на новата учебна година, околу 10.800 ученици запишани во прва година средно стручно образование ќе станат првата генерација што ќе учи според модернизирани наставни програми.Со почетокот на новата учебна година, околу 10.800 ученици запишани во прва година средно стручно образование ќе станат првата генерација што ќе учи според модернизирани наставни програми кои интегрираат СТЕМ-компетенции вклучувајќи зелени и дигитални аспекти во сите струки. Со обука на 569 наставници, изготвени нови ресурси за учење и зајакната соработка со приватниот сектор, оваа реформа ќе им помогне на учениците да применуваат одржливи практики на идните работни места и да одговорат на предизвиците поврзани со климатските промени, кои сè повеќе влијаат врз секој сектор од економијата. „Реформата доаѓа во време кога стручното образование станува сè попривлечно за младите луѓе. Денешните ученици ќе влезат на пазар на труд којшто се менува под влијание на технолошките промени, зелената транзиција и новите начини на работа. Со модернизирањето на стручното образование, им помагаме на младите да ги стекнат вештините неопходни за успех, а истовремено на компаниите им овозможуваме пристап до кадар подготвен да придонесе за раст, иновации и одржување на конкурентноста“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Иако овие вештини се особено важни во сектори како што се обновливите извори на енергија, одржливото градење и зелените технологии, транзицијата кон зелена економија ги менува работните места во речиси сите сектори. Учениците од економските струки ќе учат за моделите на зелени бизниси и одржливи иновации, додека пак учениците од угостителско - туристичките струки ќе учат како да го намалат отпадот од храна и да применуваат одржливи практики. Реформата е насочена кон надминување на јазот којшто постои меѓу еколошките амбиции на младите и нивното знаење и вештини во областа на животната средина. Предводена од Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование, реформата ги вградува СТЕМ вештините кои вклучуваат зелените и дигиталните аспект во стручното образование. УНИЦЕФ обезбеди техничка поддршка со финансиски средства од Владата на Шведска и компанијата „Нелт“. „Подготовката на децата и младите за иднината бара преиспитување на тоа кои вештини се важни во целиот образовен систем. Со вклучувањето на СТЕМ вештините кои вклучуваат зелените и дигиталните компетенциит во стручното образование, Македонија помага да се обезбеди секој ученик да биде подготвен за успех во економијата и климата што се менуваат“, изјави Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ. Новите наставни програми им помагаат на учениците да развијат не само техничко знаење, туку и вештини за решавање проблеми, иновации и прилагодливост, со што ќе дадат значителен придонес во исполнувањето на целите од Стратегијата за образование 2026–2032 година и на Реформската агенда на Северна Македонија 2024–2027 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter