Самата себеси се нарекува бомба со големи гради, а сега ги покажа во полн сјај - Канал 5

Самата себеси се нарекува бомба со големи гради, а сега ги покажа во полн сјај

Шарлот Мекини се прослави во 2017 година во филмот „Baywatch“, филмската верзија на култната серија „Чувари на плажата“, а неодамна во новата кампања за долна облека покажа дека навистина има со што да се пофали.

Самата себеси се нарекува бомба со големи гради, а сега ги покажа во полн сјај

Атрактивната русокоса сними реклама за долна облека во пресрет на Денот на вљубените, а на својот Инстаграм профил, каде ја следат повеќе од 1,5 милиони луѓе, се пофали со една фотографија од оваа кампања.

Таа ги „запали“ социјалните мрежи позирајќи во црна ноќница со чипка, а акцентот е ставен на нејзините бујни гради, заради кои, меѓу другото, се прослави.

Инаку, Шарлот веќе неколку месеци е критикувана поради нејзината екстремно слаба фигура и очигледното губење килограми, за што воопшто не се грижи.

Сепак, килограмите можеби ги снемало, но не и нејзиното бомбастично деколте, со кое оваа убавица редовно се гордее, до таа мера што самата себеси се нарекува „бомба со големи гради“.

Извор: www.srbijadanas.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане

Продолжува судењето во Основниот суд во Куманово за серискиот убиец Трајче Бојковски од Старо Нагоричане. 25 годишниот кумановец е обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени.

Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане

Бојковски на последното судење во јули не се изјасни за виновен, а неговиот бранител го откажа полномоштовото и судот донесе решение главната расправа да биде одоложена. Јавното обвинителство најави дека преку доказната постапка ќе докажува дека доминантен мотив за извршување на делата била некрофилијата. Обвинетиот беше спроведен од затвор Куманово, а во судницата присуствуваа членовите на семејствата на оштетените, јавниот обвинител и бранителот на обвинетиот. Според обивнителот Љубомир Лапе, иако во дејствијата на обвинетиот се содржани повеќе квалификаторни елементи, обвинителството смета дека некрофилијата претставува доминантен мотив за извршување на делата. Истрагата утврдила дека делата биле извршувани од ниски побуди во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, при што мета на нападите биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами. Во обвинението се опфатени и два обида за убиство во селото Челопек. Првиот е од 22 јули 2025 година, кога жената успеала да повика помош и да го спречи напаѓачот, по што тој избегал. Вториот обид, според обвинителството, се случил на 9 февруари 2026 година, кога обвинетиот се откажал од намерата и побегнал. На товар му се ставаат и убиството на жена во Старо Нагоричане во јануари 2026 година и убиството на повозрасна жена во Челопек во февруари истата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 24.08.2026 до 27.08.2026 зема 164 примероци за физичко-хемиска и 164 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: До каде е истрагата за влезот на влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?

До каде е истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија?

СДСМ: До каде е истрагата за влезот на влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?

Да не биде ова уште еден блеф и стандардна лага на Мицкоски за смирување на јавноста?

По предупредувањата на македонските телевизии и реакциите на СДСМ беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката.

Но, што се случува оттогаш?

Дали институциите навистина истражуваат? До каде е предметот? Што е утврдено досега?

Или Мицкоски само купува време додека јавноста заборави?

СДСМ внимателно го следи случајот. Нема да дозволиме мачкање очи и затворање на предметот во фиока.

Со месеци СДСМ предупредува дека Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, се обидува да воспостави медиумска контрола и во Македонија.

Преку Еуроњуз и Ало, српската медиумска машинерија влегува во земјата на начин за кој се отворија сериозни сомнежи дека се заобиколуваат македонските закони.

Задолжените за пропаганда се веќе спремни, Началникот Латас и Ивона Талеска.

Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, нема подобар живот, а европската перспектива се блокира, на власта ѝ е потребна пропаганда.

Да нема критика. Да нема незгодни прашања. Да нема одговорност.

Да има само пропаганда и контрола.

СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот.

Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија.

Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година.

Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер