Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци - Канал 5

Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци

Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ во јуни извршила упад во владин портал за здравствени податоци и неовластено пристапила до датотеки, што е првиот познат случај на хакирање на владина веб-страница од страна на агент со ВИ

Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци

Премиерот Ентони Албаниз изјави дека агентот на „Опенаи“ остварил неовластен пристап до порталот за медицинска статистика на „Медикер“, австралиската програма за универзално здравствено осигурување, додека спроведувал истражување за јавните трошоци во здравството.

„Според доказите со кои располагаме во моментов, нема пошироко загрозување на мрежата. Сепак, оваа ситуација е очигледно неприфатлива. Истрагите продолжуваат, а Австралија ја изрази својата голема загриженост до извршниот директор на ‘Опенаи‘, Сем Алтман“, рече Албаниз, додавајќи дека истрагата ќе испита и зошто владините системи не успеале да го детектираат упадот

Уште на самиот почеток.тој исто така предупреди дека активноста на агентот на „Опенаи“ можеби влијаела и врз три други владини веб-страници поврзани со здравството.„Опенаи“ соопшти дека нивната проверка не открила докази за пристап до досиеја на пациенти.

„Идентификувана е активност поврзана со неколку веб-страници и услуги на австралиската влада. Додека нашите модели се обидувале да пронајдат одговори, тие презеле дејства што не биле планирани“, велат од „Опенаи“.

Овој упад е еден од најзначајните инциденти во кои агенти со вештачка интелигенција пристапиле до надворешни системи надвор од САД и се надоврзува на низа слични инциденти во последно време, кога вештачката интелегенција самостојно хакирала други компании.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сензација во Торино, светскиот шампион Италија на домашен терен елиминиран од аутсајдерот Финска

Молкво Италија – сензација без на Европското првенство  во одбојка. Финската репрезентација го приреди најголемото изненадување на ЕУро, откако во четвртфиналето го совлада  двократниот светски шампион Италија со 3:2 .

Сензација во Торино, светскиот шампион Италија на домашен терен елиминиран од аутсајдерот Финска

Финците ја шокираа Италија пред полни трибини во Торино.

Финска направи вистинска сензација во европското четвртфинале победувајќи го најголемиот фавоприт за тронот Италија.

До ова чудо Финците ги предводеше маестралниот Јонас Јокела со 28 поени, додека Лука Мартила додаде 22. Во таборот на поразените Италијанци, најефикасен беше Јури Романо со 20 поени, а Џовани Сангуинети додаде 14.

Сега во полуфиналето кое е на програмата утре од 16 часот Финска ќе игра против уште еден голем фаворит за медал, олимпискиот шампион Франција.

Вториот полуфинален пар го сочинуваат Словенија и Полска (16:00 часот).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција потврдува дека во тек е координирана акција под кодно име „Филтер 2“,.

ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција потврдува дека во тек е координирана акција под кодно име „Филтер 2“, која под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција ја спроведуваат Царинската управа. и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР-БЈБ.

Акцијата е резултат на криминалистичка истрага поради постоење основано сомнение за сторени повеќе кривични дела, меѓу кои Криумчарење и Царинска измама при што е предизвикана штета на државниот буџет од големи размери.

По завршување на активностите, јавноста ќе биде дополнително информирана, стои во соопштението од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова „голема тројка“ на ЛА Лејкерс: Дончиќ, „Коби од село“ и џин подготвен да помине низ ѕид

НБА гигантот Лос Анџелес Лејкерс влегув во нова ера по заминувањето на Леброн Џејмс. 

Нова „голема тројка“ на ЛА Лејкерс: Дончиќ, „Коби од село“ и џин подготвен да помине низ ѕид

Во обидот да ја освојат 18-тата титула во лигата, клубот се потпира на ново трио предводено од Лука Дончиќ. Покрај докажаната словенечка суперѕвезда, се очекува Остин Ривс да го подигне своето ниво на игра до „Ол-стар“ стандарди, додека центарот Вокер Кеслер треба да се докаже како елитен одбранбен играч.

Клучниот дел од новиот тим е 25-годишниот Вокер Кеслер, висок 218 см, кој минатата сезона одигра само пет натпревари поради сериозна повреда и операција на левото рамо. Лејкерси го добија во размена со Јута Џез, отстапувајќи два незаштитени избори од првата рунда на драфтот и правата на два избори за размена.

Поради овој потег, клубот нема да може да разменува избори од првата рунда во следните седум години. „Секој голем тим на Лејкерс низ историјата имал доминантен центар.

Вокер Кеслер се докажа како еден од елитните високи играчи кои можат да играат на врвно ниво во двата правци. Кога се појави можноста да го споиме таков чувар на обрачот со нашите ѕвезди Лука Дончиќ и Остин Ривс во играта ’пик-енд-рол‘, не сакавме да ја пропуштиме таа шанса“, изјави Роб Пелинка, претседател за кошаркарски операции и генерален менаџер на Лејкерс.

Во сезоната 2024/25, Кеслер беше стартер на сите 58 натпревари за „Џез“, со просек од 11,1 поен, 12,2 скока и 2,4 блокади. Таа сезона, тој беше најдобар во НБА-лигата според офанзивни скокови (4,6), втор според блокади и петти според вкупен број скокови. За четирите години во Јута, одигра 201 натпревар со просек од 9,5 поени, 9,3 скока и 2,4 блокади.

Од неговото влегување во лигата, само Виктор Вембањама има подобар просек на блокади.

Дончиќ и Ривс како основа на нападот Раководството на клубот е исто така оптимистично во однос на соработката што Лука Дончиќ (33,5 поени, 7,7 скока и 8,3 асистенции минатата сезона) и Остин Ривс (23,3 поени, 4,7 скока и 5,5 асистенции минатата сезона) ја покажаа на натпреварите што Леброн Џејмс ги пропушти поради ишијас.

Ривс, познат и по прекарот „Хилбили Коби“, летово потпиша четиригодишен договор вреден 180 милиони долари – највисокиот износ во историјата за играч кој не бил избран на драфтот. Вокер Кеслер потпиша четиригодишен договор вреден 130 милиони долари. „Посебно чувство е кога некоја организација верува во тебе. Лејкерси го покажаа тоа и преку парите и преку изборите на драфтот што ги вложија во мене.

Сознанието дека имаат таква доверба во мене ме прави подготвен да ’пробијам ѕид‘ за нив. Едноставно, таков сум отсекогаш“, изјави Кеслер. Лука Дончиќ го продолжи договорот со клубот уште во август 2025 година, на три години и за сума од 165 милиони долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер