Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност
2Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност
ФудбалСаливен стана најмладиот играч во историјата на МЛС со 14 годиниВо 85. минута од натпреварот (5:1) од регуларниот дел од сезоната на МЛС против Њу Ингланд Револушн, Каван Саливан влезе на теренот за Филаделфија Јунион.Тој стана најмладиот играч во историјата на големите професионални спортски лиги во Северна Америка. Играчот моментално има 14 години и 293 дена. Кога ќе наполни 18 години Саливан ќе се пресели во Манчестер сити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТоплотниот бран пристигнува и во МоскваТоплотниот бран пристигнува и во Москва, еве ги очекуваните температури во руската престолнина.Москва се подготвува за топлотен бран што ќе трае до почетокот на втората декада од август, при што температурите утре ќе достигнат 32 степени, а во петок 33 степени, соопшти Московскиот метеоролошки институт. За градот веќе е издадено портокалово предупредување за опасни временски услови, што подразбира ризик од природни непогоди и штети. Ова предупредување важи до вечерните часови на 7 август. Се очекува температурите во Русија да го надминат прагот за „голема жештина“, кој за Москва изнесува 30 степени Целзиусови, додека за другите региони тој праг е 35 степени. Рускиот хидрометеоролошки центар појаснува дека поимот „голема жештина“ се однесува на периодот меѓу мај и август, кога температурата ги достигнува или надминува овие вредности. Во меѓувреме, температурата на главната метеоролошка станица во Москва, лоцирана во ВДНХ, во средата се спушти под 30 степени и изнесуваше 28,1 степен Целзиусов.Тагови: москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалПоранешниот селектор на Хрватска, Далиќ доби фантастична плата во ОАЕ!Фудбалскиот стратег Златко Далиќ ќе стане нов селектор на Обединетите Арапски Емирати по завршувањето на неговиот мандат на клупата на Хрватска.Како што потврдија „Спортске новости“, хрватскиот селектор дефинитивно заминува на „Емирати“, каде што ќе започне ново поглавје од својата тренерска кариера. Според неофицијални информации, Далиќ ќе заработува пет милиони евра годишно, без бонусите. Тоа е речиси трипати поголема плата од онаа што ја имаше во Хрватскиот фудбалски сојуз, па така тој ќе стане најплатениот хрватски тренер во историјата. Со Далиќ во Емиратите треба да замине и Даниел Субашиќ. Поранешниот голман на хрватската репрезентација ќе биде задолжен за работа со голманите во стручниот штаб. Посебна улога треба да има и искусниот Бранко Иванковиќ, кој ќе стане советник во Фудбалскиот сојуз на Обединетите Арапски Емирати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Не се гордејте со просекот на матурата кога државата останува без деца!Изјавата на министерката за образование дека оваа учебна година ќе има најмалку 3.000 првачиња помалку е најтешката оценка за политиките на Владата. Ова не е само статистика, ова е аларм дека Македонија забрзано се празни. Додека министерката се обидува да ја претстави државната матура како успех, вистинското прашање е: кому ќе му предаваме утре, ако секоја година имаме илјадници деца помалку? Не може да се зборува за успешен образовен систем кога училиштата остануваат без ученици, а младите ја напуштаат државата. Демографскиот пад е директна последица на погрешните политики, економската несигурност, недовербата во институциите и отсуството на визија. Секоја година со помалку првачиња значи помалку млади луѓе, помалку работна сила и послаба иднина за Македонија. Либерално-демократската партија предупредува дека ова не смее да се третира како обична бројка во извештај. Потребна е итна национална стратегија за демографска обнова и поддршка на младите како и донесување на конкретни мерки за создавање услови за граѓаните да останат и да ја градат својата иднина дома.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook