ВМРО-ДПМНЕ: За случувањата во Гостивар СДС правилно да ја лоцира одговорноста и да побара оставка и кривична одговорност од Лимани
1ВМРО-ДПМНЕ: За случувањата во Гостивар СДС правилно да ја лоцира одговорноста и да побара оставка и кривична одговорност од Лимани
3Министерот Серафимовски потпиша седум договори за промоција на домашните производи и развој на руралните средини
СветСАД повторно ги одложија санкциите кон „Лукоил“Министерството за финансии на САД повторно го продолжи рокот за склучување трансакции со меѓународната мрежа на руски бензински пумпи на Лукоил, овој пат до крајот на октомври. Општата дозвола беше објавена вчера на веб-страницата на Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД и важи до 29 октомври оваа година. Во декември, OFAC издаде дозвола според која трансакциите со мрежата на бензински пумпи на Лукоил во странство требаше да се склучат на 29 април. Вашингтон воведе санкции врз Лукоил и Роснефт кон крајот на октомври, со образложение дека сака да го ограничи буџетскиот капацитет на Русија за финансирање на војната во Украина. Меѓународната филијала на Лукоил со седиште во Виена поседува мрежа од околу две илјади бензински пумпи во 20 земји, вклучувајќи ги и САД. Американската мрежа вклучува 200 станици во Њу Џерси, Пенсилванија и Њујорк. Роковите продолжуваат да се поместуваат На крајот на март, OFAC повторно го продолжи рокот за завршување на преговорите за купување на странската подружница на Лукоил, до 1 мај. Владата на САД претходно го продолжи рокот до 17 јануари, потоа до 28 февруари, а потоа до 1 април. Во посебно овластување, OFAC вчера го продолжи и рокот за затворање на трансакциите со бугарските подружници на Лукоил, вклучувајќи ја и рафинеријата Нефтохим Бургас, исто така до 29 октомври 2026 година.Тагови: лукоил санкции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: За случувањата во Гостивар СДС правилно да ја лоцира одговорноста и да побара оставка и кривична одговорност од ЛиманиНе не чудат лицемерието и двојните аршини на СДС, кои со настаните во Гостивар повторно излегоа на површина.СДС недела дена креира хаос во јавниот медиумски простор, со цел креирање заблуда кај граѓаните за надлежностите и вистинските одговорни лица за загадената вода во општина Гостивар. Водоводните системи и контролата на квалитет на водата за пиење е под надлежност на локалната власт и тоа СДС многу добро го знаат. Затоа ги прашуваме, како на СДС до сега не им текна да бараат оставка и кривична одговорност за случувањата во Гостивар од градоначалникот Валбон Лимани, како најповикан и најодговорен за целата ситуација. Или пак, двојните аршини повторно стапија на сила кога се работи за нивни кадри, лица блиски до СДС или пак поддржани лично од претседателот на партијата, Венко Филипче. Затоа што, Филипче на последните локални избори силно го поддржаа и ги повика, и така малку останати членови и симпатизери, на СДС да го поддржат Лимани, за на тој начин да станат дел од локалната власт. Или сега дојде тешкото, па СДС се прават како да имаат амнезија. Ако сакаат СДС да повикаат на одговорност за Гостивар, ги упатуваме одговорноста да ја лоцираат онаму каде што се наоѓа, а тоа е во нивните редови и во луѓето кои силно ги поддржаа, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДрама во авион кон Дубровник- се скршил прозорец, принудно слетал во Виена Авион на норвешката авиокомпанија „Ер Шатл“ што летал од Осло до Дубровник утрово извршил итно слетување во Виена откако еден од прозорците се скршил за време на летот.Авион на норвешката авиокомпанија „Ер Шатл“ што летал од Осло до Дубровник утрово извршил итно слетување во Виена откако еден од прозорците се скршил за време на летот, неофицијално дознава Дубровачки дневник. Авионот на летот DY1922 полетал од Осло во 6:45 часот наутро и требало да слета на аеродромот Руѓер Бошковиќ околу 9:40 часот наутро. Но, за време на летот, еден од прозорците бил оштетен, поради што екипажот одлучил превентивно да го пренасочи летот и да изврши итно слетување на меѓународниот аеродром во Виена. Авионот слета безбедно во австриската престолнина. Станува збор за Боинг 737-800 кој е стар помалку од 12 години. Според информациите со кои располага „Дубровничкиот весник“, на патниците треба да им се обезбеди заменски авион кој ќе го продолжи своето патување од Виена до Дубровник во раните попладневни часови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаМинистерот Серафимовски потпиша седум договори за промоција на домашните производи и развој на руралните срединиСедум локални манифестации посветени на домашната храна, земјоделското производство, руралната жена, задругарството, лозарството и локалните традиции ќе се реализираат.Седум локални манифестации посветени на домашната храна, земјоделското производство, руралната жена, задругарството, лозарството и локалните традиции ќе се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Договорите за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој денес ги потпиша министерот Борче Серафимовски, а нивната вкупна вредност изнесува 1.048.509 денари. Средствата се доделени по спроведен јавен повик, на кој пристигнаа 26 предлози. По завршувањето на административната проверка и постапката за избор, седум од предложените манифестации ги исполнија утврдените услови за добивање техничка поддршка. „Домашното производство не се зајакнува само со зголемување на произведените количини. Важно е производот да биде препознаен, соодветно вреднуван и да го пронајде својот пат до потрошувачите. Локалните манифестации и саеми ја создаваат токму таа врска, односно ги доближуваат производителите до купувачите, овозможуваат размена на знаења и искуства и внесуваат нова економска енергија во руралните средини“, порача министерот Серафимовски при потпишувањето на договорите. Поддршка за организирање на манифестации добија: • Здружението за рурален и регионален развој „Блесок“ од Радовиш, за манифестацијата „Од зрно до погача“; • Земјоделската задруга „Шари“ од Тетово, за „Ден на задруги 2026“; • Здружението за земјоделци „Современо земјоделство“ од Битола, за „Рурална жена – силата на Пелагонија“; • Здружението за заштита, промоција и едукација за храна „Слоу Фуд Водно“ од Скопје, за „Храна за сите“; • Здружението за негување и развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје „Винотек“ од Кавадарци, за „Тиквешија плодна лоза благородна 2026“; • Здружението на конвивиум „Слоу Фуд Прилеп“ од Прилеп, за „Корени и трпеза – рурална жена денес“; • Општина Кратово, за манифестацијата „Компиријада 2026“. Со поддршката на овој тип на манифестации, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува да создава простор македонските земјоделски производи да допрат до повеќе потрошувачи, а руралните средини во поголем обем да ги искористат своите производствени, туристички и економски потенцијали, соопштуваат од МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook