Одложен е рокот за продажба на меѓународниот имот на Лукоил- САД имаат нов план - Канал 5

Одложен е рокот за продажба на меѓународниот имот на Лукоил- САД имаат нов план

САД го продолжија рокот за продажба на меѓународните средства на руската нафтена компанија Лукоил до 1 април.

Одложен е рокот за продажба на меѓународниот имот на Лукоил- САД имаат нов план

САД го продолжија рокот за продажба на меѓународните средства на руската нафтена компанија Лукоил до 1 април, со цел да ја искористат трансакцијата како потенцијален адут за преговарање во мировните преговори за Украина, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите и сопствен преглед на документите.

Канцеларијата за контрола на странски средства на САД (OFAC), која работи во рамките на Министерството за финансии, го продолжи претходниот рок што истече на 28 февруари, давајќи им на потенцијалните купувачи дополнително време да преговараат за средства вредни околу 22 милијарди долари.

Ова е четврто одложување откако беа воведени санкции врз руските енергетски компании во октомври, потсетува британската агенција.

Според изворите, процесот на продажба на средствата на Лукоил сега е подигнат на повисоко политичко ниво и е директно вклучен во пошироките преговори меѓу Вашингтон, Москва и Киев.

Санкциите ја опфаќаат и најголемата руска нафтена компанија Роснефт, а следната рунда преговори е планирана за март.

Меѓународните средства на Лукоил вклучуваат широко меѓународно портфолио, вклучувајќи нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи од Ирак до Финска.

Повеќе од десетина понудувачи моментално се заинтересирани за овие средства, вклучувајќи го американскиот енергетски гигант „Ексон Мобил“, инвестицискиот фонд „Карлајл груп“ и партнерски проект помеѓу „Шеврон“ и фондот „Квантум Капитал груп“.

Ситуацијата е дополнително комплицирана од изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој изјави дека руската страна предложила економски договор вреден дури 12 трилиони долари до администрацијата на претседателот Доналд Трамп, кој ги вклучува и средствата на „Лукоил“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Во сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и  навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито.

Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. 

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината.

Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ.

Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски.

Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари.

Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност.

Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ.

Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Скопје, 13.11.2026 година

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ

Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ

Вистината за случајот со Алта банка излегува на виделина. Документите и фактите јасно покажуваат дека СДС и Венко Филипче пласираат невистини и се обидуваат да создадат политичка хистерија околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар.

Како што беше посочено и на надзорната расправа во Собранието, уште во 2023 година, за време на владата на СДС и ДУИ, на 194 седница на Владата додека претседател бил Димитар Ковачевски, одржана на 24 октомври, тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал одобрување Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка од Србија во сопственост на Давор Мацура.

Тоа значи дека токму владата на СДС и ДУИ ја разгледувала и ја прифатила можноста за воспоставување деловна соработка со истата банка и истиот сопственик, за кои денес, Филипче и СДС шират обвинувања.

Исто така, невистинити се и тврдењата дека Алта банка имала забрана за работа во Европската Унија или дека била санкционирана од Европската централна банка.

Податоците објавени на официјалната веб-страница на Адико банка во Виена покажуваат дека Алта банка Белград поседувала 9,63 проценти од акциите на оваа банка, а тој удел банката го има до ден денес.

Дополнително, Алта банка склучила договор со Рајфајзен банка од Виена во врска со планираното преземање на Адико банка и идното пренесување на нејзините филијали во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Ваквата одлука е активна до моментот на одземањето на лиценцата на Алта банка во Србија, по што Рајфајзен банка носи нова одлука со која ја прекинува соработката со српската банка.

Овие факти се во спротивност со политичките тврдења на СДС дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ.

Особено е важно да се потенцира дека македонските институции постапуваат врз основа на законите и надлежностите, а не врз основа на политички конструкции и неаргументирани обвинувања. Банката не само што не била забранета, туку била дел од сопственичките структури на ЕУ банка.

Од друга страна, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто во 2023 година нивната влада ја разгледувала деловната соработка со Алта банка, а денес истата таа банка ја користат за политички конструкции и напади, со кои свесно шират паника за да ја нарушат довербата во финансискиот систем и државата, а тоа нема да им успее.

Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги истражи сите овие основни сомнежи и да започне постапка против претседателот на СДС, Венко Филипче.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер