САД ќе помогнат за печатење учебници во Украина

САД соопштија дека ќе помогнат да се испечатат три милиони нови учебници за украинските основни училишта, во знак на поддршка откако руските напади уништија главната печатница.

„На 23 мај 2024 година, руски напад ја уништи печатницата Фактур-Друк во Харков, една од најголемите печатници во Европа“, нагласи во соопштение американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Тој додаде дека „Русија го напаѓа образовниот систем на Украина“.

Саливан најави дека САД ќе „обезбедат помош за печатење на повеќе од три милиони учебници за украинските ученици од основните училишта пред оваа учебна година“.

Учебниците ќе се произведуваат во Украина, а поддршката ќе дојде преку американската меѓународна агенција за помош, УСАИД.

„Нашата порака е јасна: ќе продолжиме да бидеме со украинскиот народ додека се брани од варварската агресивна војна на Русија“, додаде Саливан./МИА

На еден месец пред стартот на Олимпијадата, Сена сè уште многу загадена

 Еден месец пред отворањето на Олимписките игри во Париз, реката Сена сè уште е премногу загадена и над стандардите потребни за одржување на олимписките натпревари.

Ова го покажуваат извештаите од анализата која денеска ја објави Градското собрание на Париз, каде од 26 јули до 11 август ќе се одржат летните Олимписки игри.

„Квалитетот на водата останува лош поради неповолниот хидролошки контекст, кој вклучува натпросечни врнежи од дожд, премалку сонце и температури под сезонските стандарди“, се наведува во извештајот.

„Очекуваме работите да се подобрат оваа недела со оглед на временските услови“, коментираа од префектурата на регионот Ил де Франс.

Регионалниот префект Марк Гијом предупреди дека реката нема да биде погодна за капење на почетокот на јули поради протокот на реката.

Концентрацијата на две фекални бактерии на кои се засноваат прописите за дозволи за капење покажа нагло зголемени вредности во однос на првите две недели од јуни, со многу високи вредности во периодот од 18 до 20 јуни.

Овие лоши резултати поттикнати од неповолните временски услови, ги зголемија сомнежите за успешно на одржување на олимписките натпревари во Сена (триатлон и пливање во отворени води), како и самата церемонија на свеченото отворање на Игрите.

Папата Франциск сака да ја посети Турција по повод 1.700-годишнината од Соборот во Никеја

 Папата Франциск изрази желба да ја посети областа Никеја во 2025 година по повод одбележувањето на 1.700-годишнината од првиот Вселенски собор.

„Тоа е патување што сакам да го направам со целото мое срце“, рече денеска папата, поздравувајќи ја делегацијата на Вселенската патријаршија од Константинопол, која е во Рим на празникот на светите Петар и Павле, основачите на Римската црква.

Делегацијата на Католичката црква традиционално возвраќа со посета на Истанбул на празникот на Свети Андреј, за кого традицијата вели дека ја основал црквата во Константинопол, пренесува „Ватикан Њуз“.

Во своето обраќање до делегацијата, папата укажа на „длабоките врски“ кои ги обединуваат двете Цркви, како и на „цврстата определба за заеднички напредок“ кон обновување на единството меѓу нив.

„Дијалогот меѓу нашите Цркви не претставува ризик за интегритетот на верата, туку е неопходност што произлегува од нашата верност кон Господа, кој нè води до целосната вистина преку размена на дарови и под водство на Светиот Дух“, рече папата Франциск.

Тој ги повика источните православни цркви во своите молитви да ја следат и поддржуваат претстојната Света година „за да не изостанат изобилните духовни плодови“, истакнувајќи дека Господовиот пат „секогаш е пат на љубовта, помирувањето и милосрдието“.

Папата Франциск потсети на бројните средби со актуелниот вселенски патријарх Вартоломеј Први, особено на нивната средба во Ерусалим во 2014 година по повод 50-годишнината од историската средба меѓу папата свети Павле Шести и Атинагора Први.

Вреди: Застанавме на страната на граѓаните

Владата кажа „стоп“ за покачувањето на цената на струјата.

ВЛЕН застанува на страната на граѓаните. Нашата заедничка Влада и парламентарното мнозинство кажа СТОП на покачувањето на цената на струјата за малите потрошувачи и домаќинствата.

Покажавме дека може и поинаку. Сценариото на ДУИ за оставање во наследство ценовен шок за создавање незадоволство кај граѓаните за новата Влада не успеа. Затоа што ВЛЕН е домаќинска партија која му служи на народот.

Денес, на првата владина седница уште добри вести. Пензионерите ќе го добијат ветеното линеарно покачување, затоа што заслужуваат достоинствени пензии. Посветено работиме за општото добро.

Коалиција „Влен“/ БЕСА

притисни ентер