САД го предупредија Израел дека офанзивата во Либан може да предизвика поширока војна - Канал 5

САД го предупредија Израел дека офанзивата во Либан може да предизвика поширока војна

Шефот на Здружениот ГШ на американската армија предупреди дека израелската офанзива во Либан против милитантната група Хезболах поддржана од Иран ќе го зголеми ризикот од поширок конфликт во кој ќе биде вовлечен и Иран.

САД го предупредија Израел дека офанзивата во Либан може да предизвика поширока војна

Генералот Чарлс К. Браун, изјави дека Иран „ќе биде посклон да му даде поголема поддршка на Хезболах“, додавајќи дека милитантите имаат повеќе ресурси од Хамас.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека „интензивната фаза“ од борбата против Хамас во Газа ќе заврши „многу брзо“ и додаде дека Израел најверојатно ќе премести војници на границата со Либан.

Војната во Газа и ризикот од поширок конфликт ќе бидат во фокусот на денешните разговори во Вашингтон меѓу израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин.

„Подготвени сме за каква било акција што може да биде потребна во Газа, Либан и во повеќе области“, наведе Галант во соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Екипаж на британска подморница помина 217 дена под вода, без контакт со надворешниот свет

Нуклеарната подморница на Британската кралска морнарица, HMS Vengeance, се врати во Шкотска по мисија која траела рекордни 217 дена. 

Екипаж на британска подморница помина 217 дена под вода, без контакт со надворешниот свет

Во текот на седум месеци, екипажот останал речиси целосно отсечен од надворешниот свет. Сепак, овој подвиг не се толкува како демонстрација на сила, туку како показател за сериозни проблеми во рамките на британската подморничка флота, пренесува Euronews.

На 15 ноември, експертот за нуклеарни подморници Дејвид Кален изјави за британскиот весник „Гардијан“ (*The Guardian*) дека пловилата од класата „Вангард“ (*Vanguard*) првично биле дизајнирани за мисии што траат приближно три месеци.

Тој додаде дека дури и тој период се сметал за долго време поминато во „метална кутија под вода, без никаков контакт со надворешниот свет“.

Подморниците од оваа класа – кои до април го држеа претходниот рекорд од 205 дена поминати под вода – имаат екипаж од околу 140 луѓе.

Првично, нивните мисии траеле меѓу три и четири месеци, а патролите во времетраење од 100 дена биле реткост. Денес, некои мисии траат двојно подолго.

Поради продолжените престои на море, овие и онака тесни подморници мораат да носат значително поголеми залихи на храна и други неопходни средства.

Како резултат на тоа, екипажот поминува месеци живеејќи опкружен со гајби натрупани во ходниците и во секој друг достапен простор. Британската влада признава дека овие продолжени мисии се поврзани со кратењата на буџетот, кои го забавија одржувањето на подморниците.

Подморницата HMS *Vengeance* е спуштена во вода во далечната 1998 година, оваа подморница е една од четирите британски подморници од класата *Vanguard* на нуклеарен погон.

Таа е долга приближно 150 метри, тежи 17.526 тони и е дизајнирана да носи балистички ракети „Трајдент“ (Trident). Подморницата е опремена со 16 лансирни цевки за ракети.

Ракетите „Трајдент“ користат технологија MIRV, што значи дека секоја ракета може да носи повеќе нуклеарни боеви глави, кои можат да се насочат кон одделни, независни цели. Подморниците од класата *Vanguard* се клучни за стратегијата на Британија за нуклеарно одвраќање. Според политиката на Кралската морнарица, најмалку една ваква подморница мора постојано да биде во патрола.

Службата на нуклеарни подморници се смета за една од најтешките должности во морнарицата. Подморниците, како што е „HMS Vengeance“, поголемиот дел од времето го поминуваат длабоко под вода, одржувајќи целосна радио-тишина за да избегнат откривање. Иако, доколку е потребно, можат да излезат на површина во плитки води за да комуницираат преку специјализирани антени, контактот на екипажот со надворешниот свет е строго ограничен. Еднаш неделно, морнарите можат да добијат порака од своите семејства – таканаречен „семеен телеграм“ (Familygram) – кој не смее да надминува 120 зборови.

Сите пораки прво ги прегледуваат воени претставници, кои имаат овластување да ги цензурираат лошите вести или какви било информации што би можеле негативно да влијаат врз работата на морнарите.

Понатаму, на морнарите не им е дозволено да одговараат на овие пораки. Како резултат на тоа, членовите на екипажот можат со месеци да не знаат што се случува во нивните семејства, а исто така не се во можност ниту да одговорат на вестите што ги добиваат.

Мисијата на подморницата „HMS Vengeance“, со која беше поставен рекорд, дополнително ги засили загриженостите во врска со иднината на целата флота. Иако првично беа дизајнирани за работен век од 25 години, подморниците од класата „Vanguard“ сега ќе мора да останат во служба приближно 40 години, поради доцнењата во развојот на новата генерација. Се очекува првата подморница од новата класа, „HMS Dreadnought“, да влезе во служба дури околу 2032 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Полнети тиквички

Во петок (13.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Бобан Цаневски.

„Гответе со Дракче“ - Полнети тиквички

Состојки за денешниот рецепт:

2 тиквички

300 гр. мелено месо

1 главица кромид

1 морков

2 компира

1 домат

1 чешне лук

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По распаравија, синот го запали автомобилот на мајката

Семејна драма се одвивала вчераутро во скопски Чаир, каде што син го запалил автомобилот на мајка си, а потоа се заканил дека ќе го запали и станот во кој живеат.

По распаравија, синот го запали автомобилот на мајката

28 годишникот бил лишен од слобода, бидејќи тој по закана дека ќе го запали автомобилот во пет часот наутро го запалил и се заканил дека ќе го запали и станот на неговата мајка.. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти министерството за внатрешни работи...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер