Рускиот митрополит Антониј во посета на МПЦ-ОА - Канал 5

Рускиот митрополит Антониј во посета на МПЦ-ОА

Рускиот митрополит остванува и утре во земјава. 

Рускиот митрополит Антониј во посета на МПЦ-ОА

На средбата во седиштето на Ахиепископијата во Скопје помеѓу Рускиот митрополит Антониј и Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан не стана збор за томосот што се очекува од Вселенската патријаршија за признавање на автокефалноста на нашата црква, велат од МПЦ.

По остварената средба, која двете цркви ја оценуваат како „пријателска“ митрополитот Антониј кој е задолжен и за меѓународните односи на Руската првославна црква посочи оти дошол во Македонија да сподели братски пораки и поздрави и од рускиот патријарх за именденот на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

-Целта е да ги испрати честитките во име на патријархот...Руската православна црква прва ја препозна афтокефалоноста на македонската православна црква и среќни сме што тоа се случи. Ние сме во заедница и се чувствуваме како браќа и среќни сме за последните случувања со црквата.- Митрополит Антониј - Директор на Одделот за меѓународни односи на РПЦ

Според професорот за Интегрална безбедност Марјан Ѓуровски, пак, ваквата средба е ризик за националната безбедност и е спротивна на државните и националните интереси.

-Неговото присуство може да предизвика негативни импликации зошто е дел од руската операција на хибридни закани треба да се изрази јасен став дека не е добредојден митрополитот Антониј... Македонската православна црква Охридска Архиепископија, иако не е дел од секуларната влада на државата, е непроменлив дел од нашето лице кон светот, и доколку некој претставник на високото свештенство заземе политички позиции или се сретне со официјален руски претставник кој изразува поддршка на руската агресија и предавничката војна на Русија против Украина во најмала рака се скандализира самата средба, вели Ѓуровски.

Инаку, посетата на рускиот митрополит не беше најавена, а иако од МПЦ негираат дека била држена во тајност, веста за средбата првично беше објавена од дел од бугарските медиуми кои шпекулираа дека рускиот митрополит доаѓа во Скопје за да ги убедува македонските владици да не преговараат со Вселенската патријаршија и да бидат на линија со Руската православна црква. Во дел од текстовите стои и дека митороплитот Антониј во декември минатата година во Софија имал „тајна“ средба со бугарскиот патријарх Неофит по која, како што посочуваат, Синодот на БПЦ одлучи да го признае томосот на СПЦ за автокефалноста на МПЦ-ОА.

Рускиот митрополит остванува и утре во земјава. Предвидено е заедно со г.г. Стефан да сослужуваат на архијерејска литургија во Лесновскиот манастир.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер