Русија го блокирала ГПС сигналот на авионот, во кој летал британскиот министер за одбрана - Канал 5

Русија го блокирала ГПС сигналот на авионот, во кој летал британскиот министер за одбрана

Авион на британските кралски воздухопловни сили (RAF) во кој се наоѓаше министерот за одбрана Џон Хили, доби блокиран GPS сигнал додека летал во близина на руската граница.

Русија го блокирала ГПС сигналот на авионот, во кој летал британскиот министер за одбрана

Хили се враќаше во Велика Британија во четврток откако ги посети британските војници во Естонија, а се верува дека Русија стои зад блокирањето. Поради дефектот на GPS системот, пилотите мораа да користат алтернативни системи за навигација за време на тричасовниот лет, пишува Би-Би-Си.

Инцидентот првпат го објави весникот „Тајмс“. Не е познато дали Хили бил директна цел, но весникот објави дека траекторијата на авионот била јавно видлива на веб-страниците за следење на летот преку интернет. Министерството за одбрана е контактирано за коментар.

Повеќе инциденти во последно време

Инцидентот се случува само еден ден откако беше објавено дека два руски борбени авиони „повеќекратно и опасно“ пресретнале шпионски авион на RAF над Црното Море минатиот месец. Во тој инцидент, руски борбен авион Су-35 се приближил толку блиску до извидувачкиот авион „Ривет Џоинт“ што биле активирани итни системи, оневозможувајќи го автопилотот.

Покрај тоа, авионот Су-27 изврши шест прелети пред британскиот авион, приближувајќи се до неговиот нос на само шест метри. Пред инцидентот со попречувањето, Хили беше во Естонија каде што разговараше со припадници на британските вооружени сили кои учествуваа во воена вежба на НАТО во близина на руската граница.

Хили го пофали „извонредниот професионализам“ на екипажите на RAF за време на она што тој го нарече „неприфатливи“ руски прелети. Министерството за одбрана ги оцени тие прелети како најопасната руска акција од 2022 година, кога „отпаднички“ руски пилот испали ракета кон авионот Rivet Joint над Црното Море.

Ова не е прв пат авион што превезува британски функционер да доживее попречување на сигналот. Во 2024 година, авион на RAF што го превезуваше тогашниот министер за одбрана Грант Шапс, исто така, имаше блокиран GPS сигнал додека леташе во близина на руска територија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Порше ја отфрла групацијата Фолксваген: Се здружува со кинески производител!

Порше ќе ги пресметува своите емисии на CO2 во Европа заедно со кинескиот производител на автомобили „Xpeng“ наместо со групацијата Фолксваген во 2026 и 2027 година.

Порше ја отфрла групацијата Фолксваген: Се здружува со кинески производител!

Овој потег треба да ѝ олесни на групацијата Фолксваген да ги исполни европските цели за емисии и да го намали ризикот од големи казни, според нов извештај во кој се цитира аналитичарот Матијас Шмит. Со исклучување на Порше од просекот на групата, Фолксваген ќе може да го подобри својот вкупен резултат.

Просечните емисии на групацијата Фолксваген во Европа во 2025 година, вклучувајќи го и Порше, беа 100 g/km, додека целта на Европската Унија беше 93,6 g/km, објавува „CarScoops“.

Доколку производителите не ги исполнат целите, казната е 95 евра за секој грам CO2 над дозволената граница по возило. Вкупните казни за групацијата Фолксваген за периодот од 2025 до 2027 година би можеле да достигнат дури 1,5 милијарди евра.

Порше би можел дополнително да влијае на просекот на групата, бидејќи продажбата на неговите електрични автомобили во Европа ослабе. Побарувачката за „Taycan“ и целосно електричниот „Macan“ особено е намалена, додека компанијата се насочува повеќе кон модели со мотори со внатрешно согорување.

Не е познато колку „Porsche“ ќе му плати на „Xpeng“ за обединување на емисиите. Сепак, очигледно се проценува дека таков договор е финансиски поповолен од ризикот „Volkswagen Group“ да ги надмине дозволените вредности и да плати високи казни. „Xpeng“ продаде околу 19.000 електрични автомобили во Европа во првите шест месеци од оваа година, што е раст од 126 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Алијансата „Porsche-Xpeng“ останува отворена за други производители на автомобили кои сакаат да се приклучат. Производителите можат да формираат или да ги менуваат овие групи до 31 декември.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Англеов: Спречена е голема катастроф во битолско Лозани

Огнена линија долга неколку километри.

Англеов: Спречена е голема катастроф во битолско Лозани

Голем пожар беснее кај селото Лозани, битолско, а огнот стигнал и до непосредна близина на куќите.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, објави видео од местото и порача дека опасноста сè уште трае.

Според Ангелов, благодарение на пожарникарите од Битола и локалното население била спречена голема катастрофа.

Директорот на ДЗС посочи дека куќите се наоѓале веднаш зад местото каде што пожарот бил активен. Линијата на пожарот е долга неколку километри, поради што се активираат тимови за брз одговор. На пат кон селото се упатуваат и четири теренски возила Пинцгауер на Дирекцијата за заштита и спасување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Кејот на Вардар - место за спорт и дружба

Градоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар, каде оствари средби со лицата кои управуваат со спортските содржини. 

Општина Карпош: Кејот на Вардар - место за спорт и дружба

Посетени беа адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговараше за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување.

Фокусот е ставен на реновирање, унапредување и модернизација на спортските терени и реквизити, со цел создавање на модерен спортски комплекс на отворено. Место каде младите карпошани ќе се собираат, ќе се дружат, ќе спортуваат и рекреираат, исполнувајќи го слободното време со спорт и позитивна енергија. Кејот на Вардар има потенцијал да стане вистинско спортско срце на Карпош– простор за сите генерации, а особено за младите.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер