Никако да се усвои Националната стратегија за спречување на корупцијата - Канал 5

Никако да се усвои Националната стратегија за спречување на корупцијата

Речиси една година Македонија е без стратешки документ за борба против корупцијата. 

Никако да се усвои Националната стратегија за спречување на корупцијата

Од Платформата на граѓански организации реагираат дека со неусвојувањето на стратегијата во Собранието се нарушува континунитетот на националните антикорупциски политики и се испраќа загрижувачка порака за приоритетите на институциите во справувањето со корупцијата. Освен тоа веќе подолг период, укажуваат невладините, нема никакви антикорупциски активности и мерки за коишто се задолжени самите институции истите да ги спроведуваат.

-Стравот е дека ќе останеме цела година без стратегија, дополнително сето тоа ќе влијае на самиот акциски план и во наредните години на имплементација, а секако и институциите нема да бидат соодветно спремни навремено да започнат со имплементација, а уште помалку со обезбедување средства, што ааа е секогаш една од најголемите критики за тоа зошто не се спроведуваат одредени антикорупциски мерки. – Снежана Камиловска – Трповска – МЦМС

Претходната стратегија истече на крајот од минатата година, а новата која треба да е со важност 2026 – 2030 година ДКСК ја усвои во јуни годинава и уште истиот месец ја испрати во Собранието. Но и покрај комисиските расправи и усвоените заклучоци во септември, документот не стигна на пленарка пред пратениците.

Од кабинетот на собранискиот спикер Африм Гаши нема одговор зошто стратегијата досега не се најде на пленарна седница и кога планира да ја стави на дневен ред.

Дека не е усвоена новата стратегија за борба против корупцијата предупреди и ЕК во последниот извештај. Во него Брисел констатира дека Македонија нема напредок во спречувањето и борбата против корупцијата, која и понатаму е широко распространета и претставува сериозна причина за загриженост.

Од Платформата на граѓански организации го повикуваат Собранието без понатамошно одложување да ја разгледа на пленарна седница и да ја усвои Стратегијата заедно со акцискиот план, предупредувајќи дека одолговлекувањето директно ја загрозува реализацијата на мерките предвидени за 2026 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска ќе има средба со студентите за нов модел на студентски оброк

Дополнителен попуст од 20 проценти за студентите, не само за субвенционираниот оброк, туку и за сите други производи што ќе ги купуваат со сопствени средства кај оператори кои ќе ги избере Владата. 

Јаневска ќе има средба со студентите за нов модел на студентски оброк

Ова го предвидува новиот модел што го подготвува Министерството за образование, а кој ќе функционира преку електронска апликација. Сепак, конечен договор сè уште нема. Министерката Весна Јаневска денеска најави средба со новиот претседател на Студентското собрание на УКИМ, по што ќе следуваат разговори и со студентските претставници од сите универзитети.

,, Сè додека немаме конечен став од студентите, ние го разработуваме овој модел. Она што е важно е дека ќе станува збор за електронска апликација преку која студентите, кај сите оператори што ќе ги избере Владата, ќе добиваат 20 отсто попуст со картичката за студентски оброк, односно со е-апликацијата или ваучерот за студентски оброк. Попустот ќе важи за она што ќе го купат со тие средства, но и за сè друго што ќе го купат кај избраниот оператор. Ваква мерка во ваква криза навистина е нешто што укажува дека особено многу внимаваме на студентите и дека водиме голема грижа за младите луѓе во земјата,, – Весна Јаневска, министерка за образование и наука

Покрај повисоката финансиска поддршка за исхрана, Владата подготвува и поширок пакет поволности за студентите, кој ќе опфати и други производи и услуги. Според премиерот Mицкоски станува збор за иновативен модел кој досега не бил применет во ниту една друга држава. Надлежните институции веќе работат на решението, а конкретните детали ќе бидат соопштени наскоро.

Владата претходно предложи месечната вредност на студентскиот оброк од околу 3.500 да се зголеми на 4.500 денари, односно околу 180 денари дневно за 25 субвенционирани дена, наместо досегашните 140 денари, и да оди преку ваучери. Студентските претставници пак побараа дневниот износ да се усогласи со стапката на инфлација и да нема ограничување каде да ги користат средствата за исхрана.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Македонија напредна за 16 места на индексот на ОН за е-влада за 2026

Наскоро нови услуги од МВР и ФЗО.

Андоновски: Македонија напредна за 16 места на индексот на ОН за е-влада за 2026

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Македонија се искачила за 16 места на светската ранг-листа за развој на е-влада на Обединетите нации и најави дека се очекуваат нови услуги од МВР и Фондот за здравство на националниот портал.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Формиран Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Нападот врз новинар е напад врз демократијата и правото на јавноста да биде информирана, порача министерот за внатрешни Тошковски.

Формиран Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Прашуваат каде што повеќето молчат, бараат одговорност онаму каде што недостасува и остануваат будното око во општеството што неретко ги изложува под притисоци, закани и обиди за замолчување – Дали денешното формирање на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите ќе гарантира реален институционален механизам за сигурност? Нападот врз новинар е напад врз демократијата и правото на јавноста да биде информирана, порача министерот за внатрешни Тошковски, кој кажа дека ова тело ќе има задача да создаде услови за послободно и професионално новинарство, без било какви стравувања.

-Новинарите не треба да бидат храбри, туку сигурни и безбедни да поставуваат прашање да добиваат одговори во јавен интерес на крајот на денот. Тоа не е обесхрабрувачка порака за новинарите, туку бара одговорност од страна на институциите од аспект на овозможување на општествена сигурност за да го работат она што е нивна работа, зошто – затоа што вашата работа, на новинарите е да го заштитите јавниот интерес и да отворите прашања во јавноста кои што се од интерес за граѓантие и тоа така треба да биде. И се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри во споредба од претходно. - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи

Иницијативата за форимрањето на комитетот е на Владата, во согласност со препораките на Советот на Европа, чии претставници беа дел од дискусијата и посочија дека има простор за напредок. Покрај МВР, која претседава со истиот, меѓудригуте, дел се и новинарски здруженија и јавното обвинителство. Шефицата на ОЈО – ГОКК, Искра Хаџи Василева порача дека комитетот е значаен исчекор кон поголема безбедност и сигурност.

-Слободата на изразување е највисок демократски стандард кој институциите се обврзани да го штитат, правото на јавноста да биде навремено и точно информирана никој не смее да го загрозува, а оние кои ќе се обидат тоа да го сторат, мора да бидат идентификувани и санкционирани- Искра Хаџи - Василева – ЈО на ОЈО ГОКК

Последната евидентирана закана се случи викендов кон новинарот Кристијан Ландов, по неговата емисија за случај во Охрид, по што како што е пријавено, на социјалните мрежи му се заканувале по животот преку саботирање на неговото возило. Остра реакција за ова пристигна од ЗНМ, а министерот Тошковски кажа дека се преземени сите чекори за расчистување на случајот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер