Државните институции ќе се оценуваат на секои пет години – Минчев го претстави новиот закон за државна управа
2Државните институции ќе се оценуваат на секои пет години – Минчев го претстави новиот закон за државна управа
СветГолем пресврт: Нвидија повторно го именуваше Џенсен Хуанг за извршен директор Управниот одбор на „Нвидија“ објави денеска дека Џенсен Хуанг, кој поднесе оставка од компанијата на 12 ноември, ќе биде повторно назначен за нејзин извршен директор.Одлуката стапува на сила веднаш, се вели во соопштението на компанијата, објави NBC News. „Управниот одбор едногласно гласаше за повторно назначување на г-дин Хуанг по серија дискусии и состаноци со него, за време на кои одборот беше задоволен од интегритетот и способноста на г-дин Хуанг да ја води „Нвидија“. Шокантниот потег ги зголеми акциите на „Нвидија“ за 30 проценти, помагајќи му на индексот S&P 500 да се отвори за речиси четири проценти. Порано денес беше објавено дека Алис Хуанг, жената за која се тврди дека имала афера со Џенсен, била во контакт и со кинески разузнавачки службеник. BREAKING: Nvidia’s board of directors has reinstated Jensen Huang as CEO https://t.co/XQnc7BjZ60 — Visegrád 24 (@visegrad24) November 23, 2026 Контактот се случил додека таа била во врска со поранешниот шеф на „Нвидија“, изјавија за ABC News извори запознаени со информациите што американските разузнавачки агенции ги собрале за случајот. Таа била во контакт со службено лице од Министерството за државна безбедност на Кина од пролетта 2025 година до есента оваа година, велат изворите. Се шпекулираше за враќањето на Џенсен Хуанг на чело на „Нвидија“, особено откако група вработени, како и милијардерот Илон Маск, испратија писмо до одборот на директори барајќи тој да се врати во компанијата. Сепак, компанијата соопшти дека тоа нема да се случи.Тагови: Нвидија Џенсен Хуанг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаНикако да се усвои Националната стратегија за спречување на корупцијатаРечиси една година Македонија е без стратешки документ за борба против корупцијата. Од Платформата на граѓански организации реагираат дека со неусвојувањето на стратегијата во Собранието се нарушува континунитетот на националните антикорупциски политики и се испраќа загрижувачка порака за приоритетите на институциите во справувањето со корупцијата. Освен тоа веќе подолг период, укажуваат невладините, нема никакви антикорупциски активности и мерки за коишто се задолжени самите институции истите да ги спроведуваат. -Стравот е дека ќе останеме цела година без стратегија, дополнително сето тоа ќе влијае на самиот акциски план и во наредните години на имплементација, а секако и институциите нема да бидат соодветно спремни навремено да започнат со имплементација, а уште помалку со обезбедување средства, што ааа е секогаш една од најголемите критики за тоа зошто не се спроведуваат одредени антикорупциски мерки. – Снежана Камиловска – Трповска – МЦМС Претходната стратегија истече на крајот од минатата година, а новата која треба да е со важност 2026 – 2030 година ДКСК ја усвои во јуни годинава и уште истиот месец ја испрати во Собранието. Но и покрај комисиските расправи и усвоените заклучоци во септември, документот не стигна на пленарка пред пратениците. Од кабинетот на собранискиот спикер Африм Гаши нема одговор зошто стратегијата досега не се најде на пленарна седница и кога планира да ја стави на дневен ред. Дека не е усвоена новата стратегија за борба против корупцијата предупреди и ЕК во последниот извештај. Во него Брисел констатира дека Македонија нема напредок во спречувањето и борбата против корупцијата, која и понатаму е широко распространета и претставува сериозна причина за загриженост. Од Платформата на граѓански организации го повикуваат Собранието без понатамошно одложување да ја разгледа на пленарна седница и да ја усвои Стратегијата заедно со акцискиот план, предупредувајќи дека одолговлекувањето директно ја загрозува реализацијата на мерките предвидени за 2026 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДржавните институции ќе се оценуваат на секои пет години – Минчев го претстави новиот закон за државна управаДали е неопходно министрите и директорите да имаат заменици, треба ли да се намали бројот на министерства, има ли јасна разграниченост на надлежностите на институциите.Овие дилеми ги отворија експертите на јавната расправа за нацрт законот за организација и работа на органите на државна управа, во собраниската комисија за политички систем. Според стручната фела, неопходно е да има промени на актуелниот закон стар 26 години и да се укинат непотребни агенции, дирекции и паралелни тела кои само го оптеретуваат државниот апарат. Имаа пофалби, но и конкретни забелешки за нацрт верзијата на законот. Министерот за јавна администрација Горан Минчев уверува дека работат на суштински, а не на козметички законски измени, со цел да се прецизираат надлежностите и одговорностите на органите на државната управа. Со овој закон е предвидено да има оценување на секои пет години за оправданоста и функционалноста на самостојните органи. Исто така се разграничува политичката одговорност за носење на јавните политики, од професионалната одговорност на администрацијата за нивното спроведување. Законот е дел од реформската агенда, а откако ќе бидат вградени дел од сугестиите на експертите, ќе влезе во собраниска процедура. За негово донесување е потребно двотретинско мнозинство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook