Ротердам доби пешачка патека на крововите на зградите (ВИДЕО) - Канал 5

Ротердам доби пешачка патека на крововите на зградите (ВИДЕО)

Жителите на една од најгусто населените земји во светот, Холандија, решиле да покажат како може да се пренаменат покривите на зградите, па изградиле пешачка патека.

Ротердам доби пешачка патека на крововите на зградите (ВИДЕО)

Здружението Rooftop Days, со седиште во пристанишниот град Ротердам, изгради пешачка патека која ги поврзува покривите на трговските центри во центарот на градот, сакајќи да покаже како градот во иднина би можел урбано да се развива.

Членовите на здружението се грижат за различни работи, од одгледување храна до складирање вода, а со изградба на пешачка патека на покривите, посочуваат како да се искористи неискористениот простор во најголемото европско пристаниште.

„Сакаме луѓето да се обидат да видат каков одличен простор имаме над градот“, изјави за AFP директорот на Rooftop Days, Леон ван Гест, истакнувајќи дека „само три проценти од целосниот потенцијал на рамните покриви во Ротердам досега се користеле“.

Светло портокаловата пешачка патека е долга околу 600 метри, а делот на овој „воздушен мост“ го поврзува градскиот Светски трговски центар со една стоковна куќа на височина од 29,5 метри.

Покрај шеталиштето, кое ќе биде отворено до 24 јуни, има помали турбини на ветер, соларни панели, уметнички галерии и платформа за слетување со дрон.

Доколку градските власти дадат зелено светло за ова село на покривот на иднината, организаторите и таму ќе засадат земјоделски култури и ќе градат помали куќи од одржливи материјали.

Познато е дека околу една третина од Холандија се наоѓа под нивото на морето, кое од година во година се издигнува, поради што оваа земја стана светски лидер во прилагодувањето на климатските промени.

Итна акција за Холанѓаните е уште понеопходна со оглед на тоа што е една од најгусто населените земји во светот. На површина од 41.526 км2 има население од 17 милиони жители, што значи 401 жител на км2. Во однос на густината на населението, пред Холандија се само Монако, Ватикан, Малта и Сан Марино.

Ротердам беше срамнет со земја во Втората светска војна, по што беше темелно обновен, а сега градот е еден вид пионер кога станува збор за користење на покривниот простор. Досега се искористени само околу 1,8 отсто.

Трансформацијата на градот може да потрае со децении, но Ван Гест вели дека е „уверен дека ќе стане реалност“. Бидејќи холандското население е сè поурбано, „урбаниот простор станува ретка стока, така што ќе мора да ги користиме покривите“, објасни тој.

Се чини дека и жителите на градот уживаат во промената на перспективата.

„Ова е единствена можност да се види Ротердам од височина“, вели задоволно 69-годишниот жител на градот, Хари Шутен.

Настанот „Денови на покривот“ се одржува веќе шест години, а најновите иновации прикажуваат некои од најуспешните идеи за иднината.

Меѓу нив е и Rooftop Field. Зеленчук, овошје и цвеќиња за јадење се одгледуваат на површина од 1000 квадратни метри на шестиот кат од една зграда.

Една од главните намени на покривот е складирање на вода, имајќи предвид дека климатските промени ги прават сезонските количини на врнежи непредвидливи.

„Веќе можеме да складираме околу 60.000 литри вода на овој покрив“, откри Ван Ринсум.

Дел од производите што се одгледуваат таму се доставуваат до рестораните во Ротердам, а ресторанот отворен покрај „полето на покривот“ се покажал како исклучително популарен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште еден сомнителен предмет е пронајден по експлозијата на железничката станица во Аугсбург- повредени се тинејџери

Двајца тинејџери, на возраст од 17 и 18 години, се повредени во експлозија на железничка станица во германскиот град Аугсбург.

Уште еден  сомнителен предмет е пронајден по експлозијата на железничката станица во Аугсбург- повредени се тинејџери

Според полициските извештаи, железничкиот сообраќај е целосно прекинат.

Германските медиуми јавуваат дека најверојатно експлодирала рачна граната во близина на продавница за златари.

Експлозијата оштетила и прозорци. Експерти за експлозиви од баварската покраинска криминалистичка полиција се на местото на настанот, потврди полицијата по истрагите.

„Дер Шпигел“ известува дека во меѓувреме е пронајден уште еден сомнителен предмет.

Според „Билд“, полицијата истражува можна поврзаност со организиран криминал, а се сомнева дека железничката станица не била целта.

„Зградата на станицата и перон 1 моментално се затворени“, изјави портпаролот на полицијата.

Железничкиот сообраќај е нарушен и се одвива на другите перони. Патниците можат да пристапат до другите перони преку северниот и јужниот влез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тензии и обвинувања во Лекарската комора – почнува изборот на ново раководство

Бурна атмосфера во Лекарската комора...Денешното Собрание мина со викотници и остри обвинувања помеѓу докторите... 

Тензии и обвинувања во Лекарската комора – почнува изборот на ново раководство

Тензии и препукувања меѓу докторите пред изборите на ново раководство и претседател на Лекарската комора. На денешното собрание беа распишани избори за нови делегати, но паднаа и обвинувања дека поради истечениот мандат на актуелната претседателка од јули, лекарите нема можат да ги обноват лиценците. Калина Гривчева Старделова која осум години раководи со комората ги отфрла обвинувањата и кажа дека нејзиниот потпис и одлуките се легитимни се до завршување на изборниот процес.

„Лекарската Комора мора да функционира, ние имаме јавни овластувања кои мора да ги обавуваме, службите мора да работат во континуитет дефинитивно, согласно одлука на Уставен суд се е најлегитимно како и сегде.“

„Во овој период сите документи потпишани од именуваната госпоѓа се нелегитимни. Проблемот е што можат да западнат во правни проблеми доктори, здравствени установи кои што имале потреба од документи, лиценци или било што во овој период на нелегитимност кои се потпишувани од лекарската комора.“

За едни тоа што досега немало собраниска седница е опструкција на процесот, за други пак немање на кворум за нејзино одржување.

„Од 30 април досега имавме 3 обиди, ова е 4 да се соберат делегатите на Собранието. Морам да кажам дека има делегати кои бараа објаснувањее зошто тоа не е направено, но има и делегати кои молеа тоа да не биде во летен период кога се сами и дежураат по 24 часа и не можат да дојдат, изјави Калина Гривчева Старделова.“

„Тоа е една таква манипулација каде беа вршени притисоци на членови на собранието да не доаѓаат на сите претходни седници за да нема кворум. Која им била целта незнам. Денес беа сложни дека конечно мора да има избори и денес на оваа седница за прв пат се стави на дневен ред точката - избори, изјави Ленче Неловска.“

По две последователни мандати, Гривчева-Старделова заминува од челната позиција во Комората. Изборот на новите делегати е првиот чекор, а новиот претседател треба да биде избран до крајот на октомври.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

In memoriam: Почина професорот и дипломат, Јован Донев

Денеска во Скопје на 71-годишна возраст почина универзитетскиот професор и амбасадор Јован Донев.

In memoriam: Почина професорот и дипломат, Јован Донев

Донев зад себе остави богата академска, научна и дипломатска кариера. Во текот на својот професионален ангажман беше посветен на истражувањето на македонската историја, меѓународните односи и геополитичките процеси поврзани со Македонија и Балканот.

Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1979 година. Магистрирал во 1986 година, а докторирал во 1993 година, посветувајќи значаен дел од својот научен интерес на меѓународните политички аспекти на македонското прашање.

Својата научна кариера ја градеше во Институтот за национална историја во Скопје, каде што достигна звање научен советник и редовен професор. Предавал и на повеќе високообразовни институции, меѓу кои Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Во периодот од 1999 до 2012 година беше извршен директор на Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“, а претходно бил и директор на Охридскиот летен универзитет.

Во деведесетите беше претсадател и на управниот одбор на Фондацијата Инстут Отворено Општество Македонија, под покровителство на филантропит и финансиер Џорџ Сорос.

Во дипломатската кариера, Јован Донев беше амбасадор на Република Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, со седиште во Лондон, во периодот од 2013 до 2017 година.

Во истиот период бил акредитиран и како амбасадор во Ирска и Исланд, претставувајќи ја Македонија во важен период од нејзините меѓународни односи.

Во 2017 година бил и член на Советот за безбедност на Република Македонија.

Донев е автор и коавтор на бројни научни трудови и публикации од областа на историјата, меѓународните односи и надворешната политика. Меѓу неговите позначајни дела се публикации посветени на Македонија во меѓународните договори, односите на големите сили кон Балканот и македонското прашање во периодот на Балканските војни.

Во последните години беше активен како колумнист и политички аналитичар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер