Роналдо се поднови со болид од 9 милиони евра , откако си купи јахта (ФОТО)

Кристијано Роналдо обезбеди нов трофеј, втора италијанска титула со Јувентус и за тоа се награди со нов примерок во неговата позната, скапа колекција на автомобили, пишува „Кориере дела Сера“.

Станува збор за Bugatti Centodieca, кој чини околу девет милиони евра, а во светот има само десет примероци од овој суперавтомобил. Покрај тоа, оној што го купи Португалецот ќе биде уникатен, бидејќи тој побарал некои измени за да се прилагоди на неговите потреби. Купувањето е веќе договорено, а автомобилот ќе му биде доставен на крајот на годината.

Роналдо има осум Ферари во колекцијата, неколку Ролс Ројс, БМВ и Мекларен, како и Бугати Хирон, кој послужи како основа за моделот Centodieci, кој е полесен за 20 килограми.

Чентодечи, што значи 110 на италијански јазик, е направен за да ја прослави 110-годишнината на Бугати. Неговата најголема брзина е 380 км на час, а од 0 до 100 км на час стигнува за неверојатни 2,4 секунди.

Веста за купување на овој ѕвер на тркала на Роналдо доаѓа веднаш откако тој додаде друга атракција во неговата флота.

Пред само две недели, Роналдо се пофали со нова луксузна јахта за која платил шест милиони евра. Јахтата има пет кабини, шест купатила, две простории за релаксација, голема трпезарија, кујна и простор за одмор . Тој веќе пловел по италијанскиот брег со семејството и има намера таму да го помине одморот.

Десетици повредени во Кан во паника поради лажна пукотница (ВИДЕО)

Најмалку 43 лица се повредени поради паника по лажните гласини за пукотници во Кан на Азурниот брег во Франција, а дел од повредените завршија во болницата.

Видеото што се појави на социјалните мрежи покажува дека луѓето бегаат и се кријат низ градот во паника и полицијата патролира, објави порталот „Еуроњуз“.

Ниеден од повредените не е во критична состојба.

Српска водителка не се збуни и покрај големата бубачка на вратот (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири видео од водителката на српската Прва ТВ, Роксанда Бабиќ, на кое се гледа дека таа остана потполно мирна, иако огромна бубачка и шеташе по вратот и маицата.

Роксанда на објавите е пофалена од многумина за нејзиниот професионализам за време на програмата во живо, во ситуација кога многумина би изгубиле концентрација и можеби дури и би станале хистерични.

Иако бубачката не се смири ниту за момент и одеше од вратот до нејзината маица, презентерката не трепна.

Некои се убедени дека таа не знаела што се случува, додека други тврдат дека е професионалец.

Германските власти : Се сомневаме во руската вакцина

Германското Министерство за здравство изрази сомнеж во „квалитетот, ефикасноста и безбедноста“ на вакцината против ковид - 19, што ја објави рускиот претседател Владимир Путин.

„Нема познати податоци за квалитетотот, ефикасноста и безбедноста на руската вакцина“, изјави неименуван портпарол на германското министерство, додавајќи дека „безбедноста на пациентите е еден од приоритетите“ во Европската Унија (ЕУ).

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека првата вакцина во светот против ковид 19 е регистрирана денес во Русија.

Сепак, Русија сè уште не објавила детали за резултатите од тестот за вакцинирање за да ја потврди нејзината ефикасност.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска претпазливо реагираше на вестите од Русија дека е произведена вакцина против коронавирус, потсетувајќи дека се неопходни строги процедури за одобрување на каква било вакцина.

„Ние сме во близок контакт со Русите и разговорите продолжуваат. Предквалификацијата на секоја вакцина мора да помине низ строги процедури“, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, пред новинарите кога го прашаа за вестите од Русија за „првата вакцина“ против коронавирусот.

Портпаролот изјави дека претквалификацијата вклучува преглед и проценка на сите потребни податоци за безбедноста и ефикасноста на вакцината, собрани во клиничките испитувања. Јашаревиќ додаде дека постапката е иста за „секој кандидат за вакцина“.

притисни ентер