ВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска настава
1ВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска настава
Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
2Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
3Јапонски метод на среќа: Седум навики на среќните луѓе што го тераат светот да им дава неверојатни можности
ФудбалРоналдо доби полициско предупредување, откако му го скрши мобилниот на аутистично дете (ВИДЕО)Кристијано Роналдо доби полициско предупредување за инцидентот по натпреварот Манчестер Јунајтед-Евертон.Да потсетиме, Португалецот лут поради поразот од својот тим на Гудисон Парк, на пат кон соблекувалната му го скрши мобилниот телефон на аутистичното 14-годишно момче Џејкоб, кое ги снимало играчите. „Можеме да потврдиме дека 37-годишен маж доброволно присуствувал на интервју во врска со обвиненијата за напад и кривично дело. Инцидентот се случил по фудбалскиот натпревар Евертон против Манчестер Јунајтед на Гудисон Парк во саботата на 9 април. Донесено е решение за условно предупредување“, објави англиската полиција, додека Дејли Мејл пренесува дека Роналдо му платил на момчето отштета. Мајката на момчето Сара Кели веднаш по средбата дала изјава за Liverpool Echo и открила дека момчето е аутистично и дека ова му била прва утакмица во животот што ја гледал во живо, па снимал сѐ околу него како спомен, а тука било вклучено и враќањето на играчите на Јунајтед во соблекувалната. Роналдо по натпреварот се извини преку Инстаграм. Cristiano Ronaldo smashed someone's phone after losing to Everton, according to fans at the ground 😳 (via @evertonhub) pic.twitter.com/a20z4Sg20F — ESPN FC (@ESPNFC) April 9, 2022 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска наставаИзминатава година, Општина Кисела Вода посветено работи на унапредување на условите за живот на граѓаните и реализација на проекти во повеќе области од спортот и образованието, до социјалната и детската заштита.Општина Кисела Вода работи на создавање нови можности за спорт и рекреација. Во Расадник се градат спортски сали, детски игралишта, спортски терени и рекреативни катчиња, за што се инвестирани 120.000.000 денари. Во населбата 11 Октомври -Бараки е изграденa нова спортска зона со калистеник парк и терен за одбојка на песок. Посебен фокус е ставен на модернизацијата на основните училишта. Во ООУ „Невена Георгиева -Дуња“ се градат нови дополнителни училници, а училиштето е опремено и со нова ИТ опрема. ООУ „Партенија Зографски“ доби нов современ училишен инвентар и нова ИТ опрема, со што се создаваат подобри услови за настава и работа на учениците и наставниот кадар. Во ООУ „Круме Кепески“ е реновирана спортската сала, како проект реализиран во соработка меѓу локалната и централната власт, со средства обезбедени преку повиците од унгарскиот кредит што ги обезбеди Владата. Во тек е и изградбата на шест нови училници. Во ПОУ „Круме Кепески“ во Припор е пуштена во употреба нова спортска сала наменета за учениците. Во ООУ „Кузман Јосифовски -Питу“, изградбата на новата спортска сала е во завршна фаза. Во ООУ „Рајко Жинзифов“ и ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ се набавени нови компјутери и телевизори за учениците, а обезбедени се и нови училници со цел создавање услови за едносменска настава. За 530 првачиња од општината се обезбедени бесплатни ранци и училишен прибор, додека за основците се обезбедени бесплатни училишни униформи. Општина Кисела Вода овозможи простории за бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки услуги за деца од Драчево, Пинтија, Усје и Стаклара. Во соработка со Црвен крст продолжува проектот ,,Итно копче“ со што им се нуди помош на возрасните лица во општината. Сите овие активности се дел од континуираните заложби на Општина Кисела Вода за создавање подобри услови за живот, современа инфраструктура и поквалитетни услуги за сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦените на угостителските услуги се за 3,7% повисоки во споредба со август минатата годинаПодатоците од Заводот за статистика покажуваат дека сметката во рестораните, кафеаните и објектите за сместување продолжила да расте и во август. Цените на угостителските услуги биле за 0,6% повисоки отколку во јули, а за 3,7% повисоки во споредба со август минатата година, покажуваат најновите податоци на државниот завод за статистика. Најголемото месечно поскапување е забележано кај пијалаците. Цените на алкохолните и безалкохолните пијалаци пораснале по 1,5%, односно трипати повеќе од храната, која поскапела за 0,5%. Ноќевањата во август биле поскапи за 0,4% во споредба со претходниот месец. Годишниот раст на угостителските цени од 3,7% е за 1,1 процентен поен повисок од општата годишна инфлација, која во август изнесувала 2,6%. Тоа покажува дека поскапувањето во угостителството во овој период било поизразено од просечниот раст на потрошувачките цени.Тагови: угостителски услуги Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: До ноември нема да заврши војната со Иран Американскиот претседател Трамп изјави дека не мисли оти војната со Иран ќе заврши до изборите во ноември, додавајќи дека цените на нафтата нема да се намалат дотогаш.„Мислам дека војната ќе заврши веднаш по изборите бидејќи тие повеќе не можат да издржат“, рече Трамп за властите во Техеран, тој изјавата ја даде додека се упатуваше кон Тексас за првата конвенција на партијата.анкетите покажуваат дека Трамп се соочува со опаѓање на рејтингот и притисок од неговата Републиканска партија да ја прекине војната со Иран. Вчера , цените на нафтата се искачија на 100 долари за прв пат од јули поради зголемените борби на Блискиот Исток. Изборите ќе се одржат на 3 ноември, а републиканците се во опасност да ја изгубат контролата врз конгресот. Борбите на Блискиот Исток се интензивираа во последните денови. Американската војска соопшти дека нападнала пет танкери за нафта поврзани со Иран. Техеран, како одговор, започна напади врз два разорувачи на американската морнарица и осум танкери за нафта во Ормутскиот Теснец, еден ден претходно, Хутите во Јемен започнаа бран напади во Саудиска Арабија, предизвикувајќи пожари во нафтени постројки.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11