ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
2ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
3АЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива
МакедонијаРокот за носење на измените на Изборниот законик истече, партиите меѓусебно се обвинуваат за блокада на процесотПомина рокот за носење на измените на Изборниот законик., што беше обврска од рефопрмската ЕУ агенда.Рокот за носење на нов Изборен законик помина, пет дена подоцна власта и опозицијата се уште меѓусебно се обвинуваат кој е виновен за неисполнување на оваа реформска обврска. Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска ги прозваа СДСМ, Левица и ДУИ за намерна блокада на Изборниот законик со цел, како што велат, да предизвикаат застој во реформите и да извлечат политичка корист на сметка на државните интереси и реформска агенда. - Кога државата има можност да исполни уште една реформска обврска, тие избираат блокада. Ние повторно ќе бидеме предводници во регионот. Од 10 реформи ние сами сами 9. Не дојдовме до таа последната токму поради блокадата на СДС, Левица и ДУИ. Затоа што кога е потребен консензус, тие избираат конфронтација. Со тоа, покажаа дека нивната цел не е подобар Изборен законик, ниту подобар изборен процес, изјави Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ, од друга страна, возврати со обвинувања дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски не сакаат Изборен законик усогласен со препораките на ОБСЕ и ОДИХР, туку закон кој, според нив, ќе овозможи манипулации со изборниот процес. Од „Бихаќка“ повторија дека е потребенно донесување на закон кој ќе биде во согласност со европските и меѓународните стандарди. „ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски го блокираат донесувањето на нов Изборен законик во согласност со препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Наместо да се донесе закон кој ќе обезбеди фер, транспарентни и демократски избори, тие се обидуваат да протуркаат решенија кои ќе им овозможат контрола и манипулација врз изборниот процес. Особено загрижувачки е нивниот однос кон гласањето на дијаспората, велат од СДСМ.“ Од Левица, пак, соопштија дека не се откажуваат од барањето за воведување една изборна единица и ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека е одговорна за недонесувањето на новиот Изборен законик во рокот предвиден од ЕУ. Ставот на ДУИ е за една изборна единица, но со изборен праг од 5 проценти. Од ВМРО-ДПМНЕ претходно, пак, се изјаснија дека ќе дадат бланко поддршка на се што опозицијата ќе договори - и една изборна единица и моделот на финансирање, со единствен услов – дијаспората да може да гласа. Изборниот законик беше десеттата обврска што Македонија требаше да ја исполни во рамките на Реформската агенда за користење на средствата од Планот за раст на Европската унија. Поради недонесувањето на законот, земјата остана без предвидените 4,2 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФлик: „Ламин Јамал добро го поднесе исходот во трката за „Златната топка““ Тренерот на Барселона, Ханси Флик, вели дека најдобриот млад фудбалер на светот, нивната ѕвезда Ламин Јамал добро реагирал по разочарувачкиот исход во изборот за „Златната топка“.Многумина очекуваа, вклучително и самиот Јамал, дека престижниот трофеј ќе заврши во негови раце, но титулата за најдобар играч во Европа, изненадувачки, му припадна на Хари Кејн. -Ова не беше добра вечер за Јамал – какви што имало и други во неговата млада кариера. Како член на златната генерација светски шампиони, тој, разбирливо, имаше големи очекувања; сакаше да ја круниса неверојатната година со најпрестижниот индивидуален трофеј, а само тој знае како се чувствувал кога сфатил дека останал со празни раце. Познато е дека ваквите моменти можат да го вознемират еден млад фудбалер, па иако ова можеби претставувало удар за Јамал, тоа траело кратко, бидејќи, според Флик, неговиот најдобар играч на крајот реагирал „многу добро“. „Горд сум на Јамал бидејќи реагираше навистина добро и гледам дека е фокусиран на тренинзите. Тоа е реакција на шампион“, изјави Флик. „Мило ми е што тој чекори во вистинската насока со својот менталитет, што е важно и за целиот тим“, додаде германскиот стручњак. На крајот, да потсетиме, Јамал заврши дури на третото место, зад Кејн и Мбапе, според бројот на гласови. „На крајот на краиштата, и Хари заслужи награда“, рече Флик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаШокантен пресврт во Шпанија: Пет исчезнати лица по железничката несреќа пронајдени живиПет исчезнати лица пронајдени живи, бројот на загинати би можел да надмине 70.Од 72 лица пријавени за исчезнати по железничката несреќа во Шпанија, петмина се пронајдени живи. Тројца се пронајдени неодамна, двајца се наоѓаат во болница, а едно лице воопшто не се качило во возот, изјави Емилијано Гарсија-Пахе, претседател на регионалната влада на Кастиља-Ла Манча. Според него, меѓу преостанатите 67 исчезнати лица има 14 странски државјани од Аргентина, Австралија, Канада, САД, Франција, Јапонија, Мексико, Чешка, Тунис и Венецуела, пренесува „Ел Мундо“. Бројот на потврдени жртви во несреќата останува 69, но оваа бројка би можела да се зголеми откако ќе заврши ДНК-идентификацијата на пронајдените човечки останки, изјави Гарсија-Пахе на прес-конференција – на која присуствуваше и шпанскиот премиер Педро Санчез – одржана по состанокот на Координативниот центар за цивилна заштита (CECOPI). Претседателот на Кастиља-Ла Манча појасни дека бројот на загинати изнесува 69, „врз основа на веродостојни податоци потврдени од правосудните органи и Граѓанската гарда“. Сепак, тој додаде дека има 70 пријави за исчезнати лица, па постои можност конечниот број на жртви да надмине 70. Пахе изјави дека има 31 вреќа што содржи човечки останки, како и дека нивното собирање и идентификација се „исклучително сложени“.Тагови: воз Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалАстон Вила и Карагер на суд: „Нè навреди“ Англискиот премиерлигаш Астон Вила најави поведување судска постапка против легендарниот фудбалер Џејми Карагер поради, како што наведоа од клубот од Бирмингем, неприфатливи навреди што поранешниот фудбалер на Ливерпул ги упатил кон нив.По тој повод, „Вила“ се огласи на социјалните мрежи и информираше за правните чекори што ќе ги преземе. Во соопштението, потпишано од претседателот на клубот Насеф Савирис, премиерлигашот го обвини Карагер дека ги навредил и клубот и навивачите. Во објавата се наведува дека клубот нема да дозволи никој да го запре подемот на „Астон Вила“ во англискиот и европскиот фудбал. Гостувајќи во подкастот „Stick to Football“ претходно оваа недела, Карагер изнесе претпоставка дека менаџерот на „Астон Вила“, Унаи Емери, би бил заинтересиран да ја преземе тренерската функција во „Манчестер Јунајтед“, во услови на шпекулации дека Мајкл Керик таму ќе добие отказ. „Тој сигурно би сакал можност да води некој голем клуб. Во фудбалот, сакале ние или не, постои одредена хиерархија. Така, Реал Мадрид ќе го земе најдобриот играч на Манчестер Јунајтед – како што направија со Роналдо. Исто така, постојат клубови кои се на повисоко ниво од Астон Вила и кои би можеле да ги земат нивните играчи или тренер. Затоа, навивачи на Астон Вила, молчете повеќе! Астон Вила никогаш нема да биде Манчестер Јунајтед“ – гласи „контроверзната“ изјава на Карагер, поради која сега ќе заврши на суд. Откако се најде на удар на навивачите на Вила, Карагер изјави дека делот со „молчете“ бил шега. Тој потоа ги потсети навивачите на клубот од Бирмингем дека со години зборува за Емери само во суперлативи. „Мислам дека Емери е најдобриот тренер во лигата, а ако сте Манчестер Јунајтед, се прашувате: ’Што е најдоброто што можеме да го добиеме?‘. Не велам дека тој ќе си замине – само велам дека, да бев на нивно место, ќе си го поставев тоа прашање. Мислам дека, ако некој ви каже ’тоа е вашето ниво‘, вашето его би се побунило и би рекло: ’Не, не е така‘. Тоа е она што го мислев. А приказната доби многу пошироки размери“, изјави Карагер за „Overlap Daily“. Карагер повтори дека неговата порака до навивачите на Вила била упатена „како шега“.Тагови: Астон Вила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook