РКЕ не очекува поместување на цената за пренос и дистрибуција на струјата - Канал 5

РКЕ не очекува поместување на цената за пренос и дистрибуција на струјата

Првиот регулатор , Марко Бисломовски, од 1ви јануари, не очекува било какви поместувања во делот на цената за пренос и дистрибуција на електричната енергија.

РКЕ не очекува поместување на цената за пренос и дистрибуција  на струјата

Првиот регулатор , Марко Бисломовски, од 1ви јануари, не очекува било какви поместувања во делот на цената за пренос и дистрибуција на електричната енергија, која како регулаторно тело, вели ќе ја соопштат до крајот на месецов или почетокот на следниот.

Во однос на тоа дали ќе има промени во цената на струјата која ја плаќаат граѓаните, ќе се знае по завршување на тендерот за избор на универзален снадбувач. Бислимовски вели согласно новиот закон за енергетика, по завшрување на тендерот новата цена ќе ја соопшти ЕВН ХОУМ. Од копманијата за Канал 5 посочуваат тендерот ќе биде на 27 ноември.

„МЕПСО побара минимално зголемување од 0,67 проценти за пренос на електрична енергија, операторот на пазарот не побара зголемување, а Електродистрибуција нема наведено во своето барање имајќи предвид дека во текот на овој месец ќе има тендер за набавка на загубите на електрична енергија коишто имаат исклучително големо влијание врз цената на електричната енергија така што кон крајот на овој месец или почетокот на следниот ќе ги знаеме цените што ги определува РКЕ, а тоа се пренос и дистрибуија на електричната енергија и тука не верувам дека ќе има било какви поместувања.“- - Марко Бислимовски – претседател на РКЕ.

Од операторот МЕПСО уверуваат дека во континуитет инвестираат во преносната мрежа со цел да се овоможи не прекинато снабдување со струја, и во следниот период, особено во зимските месеци не очекуваат испади од мрежа.

„Имаме многу активни проекти, еден од нив е 110 киловолтен далековод Прилеп – Битола, продолжување на договорот за реализација на интерконкцијата меѓу Македонија и Албанија и секако во исто време го очекуваме и реакторот за реактивна неергија кој што би требало да се инсталира во 400 волтната станица Дуброво со кој би се довеле во нормални граници напонските прилики во нашата држава....“ - Александар Пауноски – МЕПСО .

Инаку денеска се оддржа третата конференција на МАРЕС посветена на обновливите извори на енергија, на која беше посочено дека земјава покажува одлични резултати во тој дел и дека во 2024 година за првпат инсталираниот капациетет од обновливи извори е над 50 %, а прозиводството на електрична енергија е 40 %.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“

Енди Тејлор, поранешниот гитарист на британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran), почина на 65-годишна возраст како последица на рак на простата. 

Почина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“

Веста за неговата смрт во средата ја потврдија членовите на бендот и неговото семејство. „Енди почина мирно во својот дом, опкружен од своите најблиски, во понеделникот, на 23 ноември“, се наведува во заедничкото соопштение објавено на Инстаграм и на официјалната веб-страница на групата.

Неговата сопруга Трејси зборуваше за неговата тешка борба со ракот на простата, истакнувајќи ја храброста со која тој се соочуваше со болеста. „Во последните години, тој се соочуваше со болеста со голема храброст и одлучност. Се бореше до самиот крај, никогаш не губејќи ја љубовта кон животот“, изјави неговата сопруга.

Поранешните колеги на Тејлор од бендот – Сајмон Ле Бон, Џон Тејлор, Ник Роудс и Роџер Тејлор – исто така му оддадоа почит. Тие ја истакнаа „негасливата енергија“ и „заслепувачкиот шарм“ што тој ги внесуваше во бендот.

„Неговата свирка на гитара беше движечката сила зад песните што нè однесоа низ целиот свет, додека неговиот специфичен, сув хумор – пропратен со неговата извонредно прагматична и непретенциозна животна филозофија – ни помагаше да останеме цврсто на земја и му даде на бендот негов уникатен карактер во текот на извонредните години што следеа“, напишаа членовите на бендот.

Енди Тејлор беше дел од составот на „Duran Duran“ што ја дефинираше музичката сцена во 1980-тите години. Неговото свирење гитара и придонесот кон звукот на бендот одиграа значајна улога во нивниот меѓународен успех.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчук

Во четврток (19.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Антонио Тасевски.

„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчук

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 главица кромид

1 домат

150 гр. свежи печурки

1 зелена лута пиперка

100 гр. кашкавал

малки мајонез

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Теодора Евтимовска-Бојковска е предложена во Собранието за нова судијка во Уставниот суд

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. 

Теодора Евтимовска-Бојковска е предложена во Собранието за нова судијка во Уставниот суд

Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот.

Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година.

Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер