Ријана на прошетка низ Њујорк го покажа задникот, снимката е хит (ВИДЕО) - Канал 5

Ријана на прошетка низ Њујорк го покажа задникот, снимката е хит (ВИДЕО)

Риана деновиве привлече внимание на улиците во Њујорк.

Ријана на прошетка низ Њујорк го покажа задникот, снимката е хит (ВИДЕО)

36-годишната пејачка прошетала во мини здолниште, кое го искомбинирала со сина кошула и црни патики. Ријана во еден момент го подигна здолништето и го покажа задникот. „Се помирив со фактот дека нема да имам стомачни до следната година, па ја сменив летната цел, а тоа е да ја усогласам бојата на патиките со гаќичките“, се пошегува пејачката на Инстаграм.

Нејзиното видео од прошетката во Њујорк за еден ден собра повеќе од 2 милиони лајкови. Некои фанови во коментарите веднаш почнаа да прашуваат кога Ријана ќе издаде нов албум и шпекулираа дека со ова видео сакала да им го открие името на албумот. „Match your knickers to the album“, „Is name of the new album shoes and knickers? напишаа.

На почетокот на јуни Ријана објави дека започнува со работа на нејзиниот деветти албум. "Музиката е ново откритие за мене. Повторно откривам нешта. Работев на албум толку долго што ги оставив сите тие работи настрана. Сега сум подготвена да се вратам во студио", рече во тоа време.

Пејачката го издаде својот последен албум Анти во 2016 година.

Ријана претходно најави дека новиот албум ќе излезе во 2023 година, но тоа не се случи. Наместо на албумот, пејачката била фокусирана на нејзиниот бизнис со Фенти, кој ѝ носи милијарди долари, и на двете деца со раперот АСАП Роки.

Минатиот месец Ријана лансираше нова линија на производи за нега на коса наречена Fenty Hair. Таа нагласи дека нејзината нова линија на производи за нега на коса ќе вклучува формули дизајнирани за обновување, кои ќе бидат погодни за сите типови коса.

Таа потоа објави две фотографии од себе на Инстаграм профилот на нејзиниот моден бренд за долна облека. На овој начин таа најави обнова на соработката со Адам Селман, моден дизајнер со кој веќе соработуваше во минатото.

„Оригиналната соработка на Ријана и Адам Селман за Savage X се врати“, напиша Ријана под објавата и многу ги возбуди нејзините следбеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“. 

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“

Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државата,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена

Претставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. 

МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена

Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ.

Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл, како и до авторскиот и техничкиот тим. Таа нагласи дека успехот е резултат на посветеноста и соработката на целата екипа.

Најновата режија на Витошевиќ во нејзиниот матичен театар, Македонскиот народен театар, е претставата „Три сестри“ - современо сценско читање инспирирано од истоименото дело на Чехов, кое наиде на одличен прием кај публиката.

Интересот за претставата го потврдува и исполнетата сала на секоја изведба, позиционирајќи ја како едно од најактуелните остварувања на репертоарот на МНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.

Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка.

Посебен акцент беше ставен на трговската размена и економската соработка, особено во областа на транспортната политика и инфраструктурното поврзување.

На средбата, министерот ги претстави развојните политики на Владата и плановите за подобрување на инфраструктурната поврзаност во регионот.

Николоски нагласи дека Македонија претставува поволна дестинација за инвестиции и претставува порта за поврзувањето со Централна Европа.

Во таа насока, беше истакнато дека присуството на голем број турски компании кои инвестираат во земјава претставува потврда за развиените пријателски односи меѓу двете држави, како и за потенцијалот за натамошно унапредување на економското партнерство.

Соговорниците ја потврдија важноста на продолжувањето на соработката меѓу Македонија и Турција во повеќе области, со посебен акцент на економијата, поврзувањето на граѓаните и развојот на туризмот.

Во делот на туризмот, беше нагласено дека постојат огромни потенцијали за поврзување меѓу двете земји, со цел поттикнување на туристичките посети и продлабочување на меѓусебните врски.

Средбата претставува можност за зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во интерес на економскиот развој, новите инвестиции и унапредувањето на севкупните билатерални односи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер