Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
ЖивотРепортерка била ограбена додека во живо го пренесувала отворањето на СП во Катар (ВИДЕО)Аргентинската новинарка Доминик Мецгер била ограбена додека известувала во живо од Катар пред отворањето на Светското првенство.Мецгер во живо известувала од местото на настанот во Доха, а непознат сторител ѝ ја украл чантата во која имала пари и документи. Новинарката подоцна отишла во полиција и рекла дека ситуацијата таму само ѝ станала збунувачка. „Отидов во локалната полициска станица и оттаму почнаа културните разлики. Полицајката ме праша: Имаме камери насекаде и ќе го најдеме крадецот со помош на препознавање на лицето, а што точно сакаш да правиме со него ?“, го раскажала новинарката своето искуство од полицијата. Потоа рекла дека ја прашале што сака да прави со крадецот. „Полицајката тогаш ме праша: „Како сакаш да ја спроведуваме правдата? Колкава казна сакаш да му изречеме? Сакаш ли да му дадеме пет години затвор? Да го депортираме“? Ѝ реков дека Само си ги сакам работите назад“, рекла новинарката, но засега не се знае дали ѝ биле вратени. 🇶🇦 • ULTIMA HORA: Periodista argentina Dominique Metzger sufrió un acto de robo en Qatar durante su cobertura del mundial. Comentó que las autoridades qataríes le preguntaron qué hacer con el ladrón cuando lo atrapen. @estreyaystar 👀 pic.twitter.com/kIBUePlObA — BREAKING NEWS 🌎 (@NewsAlerts_ES) November 20, 2022 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБесплатен аеробик за пензионерите во Општина АеродромОпштина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за пензионерите и за лицата во трета доба, со цел поттикнување здрави животни навики, повеќе движење и подобро расположение.Преку рекреативен Микс Аеробик, пензионерите ќе имаат можност да останат физички активни, да ја подобрат подвижноста, да се дружат и да поминуваат квалитетно време во позитивна и пријатна атмосфера. Тренинзите ќе бидат со низок и умерен интензитет, приспособени кон индивидуалните можности и физичката подготвеност на учесниците, со посебен акцент на правилното изведување на вежбите и безбедноста. Активностите ќе ги води професорот по физичко и здравствено образование Лазар Иванов од „Микс Аеробик“, во соработка со Здружението на пензионери „Солидарност“ од Аеродром. Грижата за здравјето, активноста и благосостојбата на пензионерите е важен дел од поддршката што ја овозможува Општина Аеродром. Преку ваквите активности, пензионерите ќе добијат можност бесплатно да се рекреираат, да создаваат здрави навики и да уживаат во придобивките од движењето и дружењето. Важна напомена: Се препорачува учесниците да се психофизички способни и да немаат лекарска забрана за практикување на овој вид физичка активност. При хронични заболувања, здравствени проблеми или физички ограничувања, се препорачува претходна консултација со лекар. Информации и пријавување: 078 441 235 - проф. Лазар Иванов Општина Аеродром создава можности за активен, здрав и исполнет живот на пензионерите, со повеќе движење, дружење и радост секој ден. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураУште еден успех на НУ Народен театар Битола, преполна сала за „Кориолан“ во ПолскаСиноќа во преполната сала на театарот во Бјалисток, Полска, Народниот театар Битола ја изведе „Кориолан“ како дел од јубилејното 10. издание на меѓународниот театарски фестивал „Direction East“. Делото од Вилијам Шекспир, во режија и адаптација на Џон Блондел, и овојпат го привлече вниманието на публиката која ги награди актерите со долготрајни и стоечки аплаузи. Секое гостување надвор од границите на нашата земја е повеќе од сценски настап – тоа е можност македонската култура да биде видена, слушната и препознаена. Секое учество на фестивал од меѓународен карактер отвора простор за размена на уметнички искуства, нови професионални контакти и идни соработки, а воедно го потврдува местото на Народниот театар Битола во современиот европски театарски простор. „Токму преку ваквите гостувања, театарот станува културен амбасадор на својата земја – носејќи ги со себе јазикот на уметноста, креативноста на нашите уметници и приказните што ги поврзуваат различните култури“, истакнуваат од НТБ. Оваа изведба во Полска, следуваше по гостувањата на „Охридско лето“, Shakespeare Fringe Festival во Верона и „Magical Nights in Butrint“ во Саранда. Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска. Од Битола кон европските сцени – и овојпат со гордост НТБ го претстави македонскиот театар и понатаму продолжува да гради мостови преку уметноста. Фото: Ивона КочовТагови: НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода две лица при претрес во Прилеп, пронајдена дрогаНа 16.10.2026 во 14:17 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода И.П.(22) и С.Т.(19) двајцата од Прилеп. Имено, врз основа на Наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршија претрес во домот на И.П., од Прилеп при што пронајдена и одземена е марихуана, а затекната била и С.Т., кај која при преглед била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter