Честитка од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 250 години од независноста на САД.
ВМРО-ДПМНЕ: Брисел ја препозна Македонија како лидер во реформите, СДС да не го кочи напредокот на државата
1 Честитка од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 250 години од независноста на САД.
2ВМРО-ДПМНЕ: Брисел ја препозна Македонија како лидер во реформите, СДС да не го кочи напредокот на државата
СП2026: Бранителот на тонот Аргентина против аутсајдерт Зеленортски острови на „мускули“ обезбеди 1/8 финалет
1СП2026: Бранителот на тонот Аргентина против аутсајдерт Зеленортски острови на „мускули“ обезбеди 1/8 финалет
АвтомобилизамРено го претстави Гранд Колеос на кинески основи (ВИДЕО)Новиот модел нема допирни точки со актуелната постава на францускиот производител.Тие велат дека историјата се повторува, а во овој случај тоа е само делумно точно. Renault и Volvo веќе соработуваа во минатото кога заеднички понудија бројни мотори, вклучувајќи и фантастичен V6 бензински мотор. Сега Renault соработува со кинескиот Geely, кој е и сопственик на Volvo. Renault деновиве за прв пат го претстави моделот Grand Koleos на автосалонот во Бусан. Овој модел нема допирни точки со неговиот претходник, вклучувајќи ја и малку заборавената генерација развиена во Samsung. Напротив, Grand Koleos е тесно поврзан со моделот Geely Xingyue L. Станува збор за голем SUV модел кој се протегал до 4780 mm во должина, што го прави уште поголем од сегашниот Espace. Станува збор за петосед со одличен багажник од 623 l. Под хаубата се нуди хибриден погон, составен од 1,5 турбо бензинец со два електромотори и синергетски ефект од 245 КС. Во понудата е и класичен бензински мотор, 2.0 турбо со 211 КС, кој се нуди и во комбинација со погон на сите тркала. Технолошкиот близнак на моделот на Geely е поставен на CMA платформата како Volvo XC40. Надворешниот дизајн е нов и се потпира на рецептот на Renault, додека внатрешноста е многу интересна. Особено во изданието Esprit Alpine со бандажи од 20 инчи однадвор и Alcantara кожа одвнатре. Сигурно нема недостиг од екрани. Продажбата на моделот во Кореја ќе започне оваа есен, а засега нема информации дали ќе се нуди и на другите пазари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Честитка од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 250 години од независноста на САД.Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, упатувам срдечни честитки до американскиот народ и до Владата на САД по повод историскиот јубилеј - 250 години од Денот на независноста.Овој ден претставува цивилизациски белег на модерната државност и институционалната еволуција на една нација која низ вековите изгради уставен поредок заснован на слобода, легитимитет и владеење на правото. Во изминатите два и пол века, САД се етаблираа како глобален носител на демократскиот плурализам, институционалната отпорност и политичката предвидливост, со силно влијание врз обликувањето на меѓународниот систем и современите демократски стандарди. Република Македонија високо го вреднува своето стратешко партнерство со САД, кое претставува темелна оска на нашата надворешна политика и клучен фактор за стабилност, безбедност и за процесот на приближување кон евроатлантските структури, врз основа на заеднички вредности како демократија, владеење на правото и институционален интегритет. Во овој контекст, посебно ја нагласувам улогата на реформите во јавната администрација како суштински столб на современото државно управување. Поддршката и соработката со САД во насока на јакнење на административните капацитети, дигиталната трансформација и унапредување на доброто управување претставуваат значаен импулс за создавање ефикасни, транспарентни и сервисно ориентирани институции. Упатувам искрени желби за понатамошен развој, единство и просперитет на американскиот народ. Со почит, Горан МинчевКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Брисел ја препозна Македонија како лидер во реформите, СДС да не го кочи напредокот на државатаЕвропската комисија ја демантира реториката на СДС за реформите.Европската комисија уште еднаш потврди дека Македонија е една од земјите што предничат во спроведувањето на реформите од Реформската агенда. Заедно со Албанија и Црна Гора, Македонија е препознаена како лидер во регионот според постигнатите резултати. Оценка на Европската комисија е јасен доказ дека државата се движи во правилна насока и дека реформите се препознаени од институцијата која единствено ги оценува нивниот квалитет и напредок. Дополнително, Европската комисија предлага реалокација на средства од Планот за раст, при што поголем дел од финансиската поддршка треба да биде насочен кон земјите што покажуваат најдобри резултати. Тоа е признание за сработеното, но и можност Македонија да обезбеди дополнителни средства за развој. Токму затоа е неразбирливо зошто СДС продолжува со политички блокади на законите што произлегуваат од Реформската агенда. Со секоја опструкција на СДС и Левица не се попречува Владата, туку се попречува исполнувањето на обврските на државата и се ризикуваат можностите што ги отвора Планот за раст. Ги повикуваме СДС и Левица да ги остават дневнополитичките интереси настрана и да покажат државничка одговорност. Законите што се дел од Реформската агенда, вклучително и Изборниот законик, треба да добијат поддршка затоа што се во интерес на граѓаните и на европската иднина на Македонија. Реформите носат резултати. Тоа денес го потврдува Европската комисија. Време е сите политички чинители да престанат со блокади и да застанат зад интересите на државата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМКД.мк:-И по две години на власт, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во убедливо водство Од 10 до 27 јуни анкетарите на агенцијата Маркет вижн, по нарачка на МКД.мк, спроведоа истражување на јавното мислење во Македонија кое покажа дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и натаму се во убедливо водство .Од 10 до 27 јуни анкетарите на агенцијата Маркет вижн, по нарачка на МКД.мк, спроведоа истражување на јавното мислење во Македонија кое покажа дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и натаму се во убедливо водство во однос на довербата на гласачите. Интересен е и податокот дека лидерите на новата политичка партија ВРЕДИ се во предност во однос на лидерот на опозициската ДУИ. На прашањето за која политичка партија ќе гласате на наредните избори, од одговорите на испитаниците произлегува дека за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,5 отсто, за СДСМ 6,2 отсто, за ДУИ 5%, за Влен 4,4%, Левица 2,9 и ЗНАМ 1,5 отсто. Ако се издвојат рејтинзите на партиите кај определените испитаници (497 од 1.200), соодносот на предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ е речиси еднаков. Рејтингот на ВРЕДИ брзо се приближува до популарноста на ДУИ меѓу гласачите Албанци во Македонија. И кај лидерите на политичките партии последниве години убедлива е предноста на Христијан Мицкоски во однос на останатите. Изет Меџити и Билал Касами како претседатели на Влен имаат поголем рејтинг од Али Ахмети, лидерот на ДУИ. Дека македонските граѓани се цврсто посветени на евроинтегративните процеси, покажува и позитивниот одговор на прашањето за можен влез на Македонија во ЕУ прифаќајќи го и модусот за кој веќе се разговара, а тоа е членство без право на вето. Дури 80,3 отсто од испитаниците би го прифатиле и ваквото членство. Истражувањето беше спроведено во периодот од 10-27 јуни на примерок од 1.200 испитаници, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност, регион и тип на место на живеење согласно податоците од пописот на резидентното население од 2021 година. Истражувањето е спроведено со методот CATI – Computer assisted telephone interview, односно телефонска анкета на примерок со големина што обезбедува интервал на доверба од 95% и маргина на грешка од +-3%. Извор: МКД.мкКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook