Рекордни 934 заразени, петмина починати, резултати од мерките за четири недели

Во деноноќието меѓу четвртокот и петокот се регистрирани 934 новозаразени со коронавирусот од 2748 тестирања, што е најголем број на инфицирани во едно деноноќие од почетокот на пандемијата.

Пет лица починале, а 434 се оздрвени.

Од петмината починати, тројца се од Скопје (58, 68 и 75 г) и двајца од Прилеп (73 и 78 г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на оздравени пациенти е 20448, на починати е 982, а бројот на активни случаи изнесува 9058. Во болниците ширум земјава се хоспитализрани 678 позитивни или суспектни пациенти на Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на скопскиот аеродром, при примањето на донацијата од 60 респиратори од НАТО, изјави дека очекува резултатите од новите мерки да дојдат по три до четири недели.

– Циклусите на промена и резултатите од воведените мерки не само кај нас, туку и во многу други земји доаѓаат по три до четири недели. Толку е циклусот на еден тренд на намалување на трансмисијата на вирусот до видливиот пад на детекција на бројот на заболени. Такви се и нашите очекувања иако е неблагодарно да се даде прогноза, рече Филипче, додавајќи дека кај овој вирус има многу непознати, па така, дел од предвидувањата, не само кај нас туку и во светот не се остварија.

Филипче нагласи дека во овие студени есенски денови многу е важно секој од нас да се грижи за сопственото здравје.

– Прекривката на устата и носот, маска, марама, шал овозможува да дишеме топол воздух, да не се најдеме во група во која има носител на вирусот и да се избегне штетното влијание на ПМ10 честичките за кои има докази дека му овозможуваат на вирусот да патува подалеку од вообичаениот пат на флигиовата капка за време на зборувањето, вели Филипче.

Тој посочи дека тие аргументи на стручните лица им укажале оти, сепак, маски на отворено мора да се носат. Но, како што рече, нема логика тие да се носат на места каде со седење се одржува дистанца, како на пример, во рестораните. Филипче смета дека со мерката носење маска на отворено ќе се намали бројот на новозаразени и ќе се спречи трансмисијата на вирусот.

Освен донесените мерки, во борба против Ковид-19, се очекува да придонесе и надополнувањето со медицински персонал.

– Системот со надополнување на медицинскиот персонал, многу брзо ќе почне да функционира и значајно ќе се почувствува помошта од овие лекари. Ќе се направат две групи на лекари, едни коишто ќе бидат на располагање за болничките установи во Скопје и друга група за дежурства во болниците ширум државата. Тие лекари ќе се вклучат во согласност и договор со координаторот на лекарите за Клиничкиот центар и со директорите на болничките установи ширум државата во системот на дежурства. Треба да се дежура 12 часа, од 20 часот навечер до 8 часот наутро, објасни Филипче.

Тој посочи дека пациенти се сместуваат во белодробната болница во Јасеново, дел на Клиниката за пулмологија. – Институтот за белодробни заболувања е следната институција, после Инфективната клиника, каде што ќе се сместуваат пациентите понатаму, планот е во делот интерните одделенија тоа што го најавивме во текот на вчерашниот ден, рече Филипче.

Од голема помош на нашето здравство ќе бидат и 60 респиратори кои вчера НАТО ги донираше за нашата земја.

Филипче објасни дека станува збор за уреди кои се користат за транспорт на пациентите во амбулантните возила од една болничка установа во друга, и веќе е изготвен соодветен план за нивна распределување на неколку клиники во Скопје согласно потребите.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера ги посети и студентите од шеста година по општа медицина кои помагаат во изработка на анкетните листови во Институтот за јавно здравје. Околу 40 студенти се вклучени во овој проект и освен во Институтот за јавно здравје, тие се ангажирани и во Државниот санитарен инспекторат и во Центарот за јавно здравје во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Во наредните недели, како што се посочува, согласно потребите дополнителен број студенти ќе бидат распределени и во центрите за јавно здравје низ земјава. Сите тие ќе помагаат во изработка и внесување на податоците од анкетните листови на контактите на ковид позитивните пациенти.

Според последната статистика, 60 ученици и 160 наставници на ниво на држава кои се со физичко присуство во училиштата се активни на Ковид-19, соопшти вчера министерката за образование и наука Мила Царовска, додавајќи дека сè додека не се создадат услови за затворање на училиштата, би останал овој модел на настава.

– На почетокот на оваа недела известивме колкав е процентот од вкупен број на ученици и ќе видите дека 0,05 проценти е заразеност кај ученици и 0,6 проценти е кај наставници. Што значи не надминуваме ниту еден процент, немаме ширење на ковид во училиштата внатре, рече министерката.

Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона-вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација се 107 вработени и 650 деца, информира вчера министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Таа посочува дека поголемата бројка на деца во изолација е поради тоа што еден позитивен негувател или воспитувач во изолација повлекува цела група од најмалку 15 деца и еден негов колега.

Шахпаска оцени дека состојбата во градинките е под контрола и оти тоа, како што рече, може да се види од досегашниот број позитивни случаи и лица во изолација, ако се има предвид дека во моментов околу 11 илјади дечиња се згрижени во овие установи.

Претседател на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски во интервјуто на Канал 5, нагласи дека сите сме во опасност од Ковид-19, постарите генерации се поизложени, но може да почине и човек без хронично заболување. – Ова е опасно заразување, да не се занесуваме, рече Караџовски.

Според Караџовски, само доследно почитување на мерките може да се очекува намалување на бројот за заразени.

– Кога во април и мај се намали бројката на заразени, а здравствените власти ги намалуваа мерките народот мислеше дека е готово, пандемијата заврши. Ние никогаш не сме рекле дека завршила пандемијата. Оттогаш наваму се менуваа работите и сега имаме страшни бројки, изјави Караџовски.

Тој уште еднаш посочи дека ако се внимава со кого се контактира и ако се носи маска и дистанца тогаш вирусот може да се избегне.

Караџовски предупреди дека славите се потенцијално жаришти. Тој рече дека тие понекогаш наликуваат на мини свадби.

-Затоа повторувам дека неодговорните и оние кои мислат дека вирусот не им е закана се највиновни за пренесувањето на заразата. Мислам дека поголем дел од луѓето почитуваат мерки, но токму заради оние кои не ги почитуваат стигнуваме до овие бројки, потенцираше Караџовски.

Полицијата во претходното деноноќие во државава изрече 928 санкции за неносење маска.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19./МИА

Видео: Кристијано и Георгина уживаат на плажа

Еден од најдобрите фудбалери во последните две децении Кристијано Роналдо и неговата вереница Георгина Родригез ги воодушевија своите следбеници на социјалните мрежи со видео.

Кристијано и атрактивната Георгина уживаат во одморот, а поубавата половина на Роналдо ја искористи приликата да објави жешка снимка од плажа во која ги покажува своите бујни облини.

- Во рајот со тебе - напишала Георгина во описот на видеото.

Со Георгина и наследниците, Кристијано Роналдо се бања и одмара, а кога ќе дојде времето за вечера со неговата поубава половина, наздравува и пишува на социјалните мрежи:

- Среќа!

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме.

На вечерашниот митинг кој се одржа во Гостивар, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на присутните им порача дека СДСМ е силна партија и ако некој мисли дека тукутака ќе се откажат, тогаш или не ги познава или ги потценува.

„Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме. И нема да се откажеме. СДСМ е наследник на сојузот на комунистите на Македонија. КПМ е формирана тука во соседство кај вас во Тетово, во 1943 година. Тогаш нашите претходници беа на вистинска страна на историјата и се бореа за слободна, независна држава.

Тогашниот претседател на ВМРО – Ванчо Михајлов беше на страната на фашистите и тој ја бојкотираше таа борба. Во 1993 година кога требаше да влеземе во ОН, благодарение на Киро Глигоров Македонија влезе во ОН, ВМРО – ДПМНЕ и тогаш го бојкотираше влезот во ОН. Подоцна кога требаше да станеме членка на НАТО, ВМРО – ДПМНЕ го бојхкотираше референдумот“, додава Ковачевски.

Со вас, вели тој, успеавме да го срушиме режимот на ВМРО-ДПМНЕ и да ја ослободиме државата од канџите на ВМРО-ДПМНЕ и 11-те години изолација. Оваа влада со поддршката на граѓаните ја внесе Македонија во НАТО, донесе тешки но правилни одлуки и после 30 години, успеа да ги отпочне преговорите со Европската Унија.

„СДСМ е единствената политичка сила знае како да го направи тоа.Затоа бидете сигурни дека заедно со граѓаните со гордо крената глава на 8 мај повторно ќе излеземе на избори и повторно ќе кажеме ДА, ние сме тие кои сме за прогресивна, напредна, европска Македонија“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во средата, во првиот круг на претседателските избори, граѓаните им испратиле силна порака и дека таа порака ја слушнале, ја прифатиле одговорноста и се свесни дека СДСМ мора да се промени за да ја врати довербата на граѓаните.

„Знаеме дека има и незадоволство кај граѓаните. Тоа не го криеме и го кажував во изминатите неколку месеци. Нас нѝ е совршено јасно дека партијата треба да се менува за да ја вратиме довербата на граѓаните. Како човек кој во животот и во кариерата се соочил со многу победи и со порази, добро знам дека првиот чекор кон промена е прифаќањето на сопствените грешки“, порача Ковачевски.

Изборите на 8-ми мај ќе бидат многу тешки за сите, појаснува Ковачевски и вели дека тие ја имале поддршката и кога било најтешко, потсетувајќи дека резултатот сѐ уште не е одлучен.

„Порешителни и пообединети од било кога, ќе продолжиме да се бориме и да ја оствариме нашата заложба – да ја видиме Македонија во ЕУ. Затоа, пред да го дадете својот глас на 8-ми мај, размислете добро кој го заслужува тоа, бидејќи тоа е најмоќниот демократски инструмент кој го имате на располагање. Ние ќе бидеме тука да ги претставуваме сите оние кои нема да се откажат од градење на просперитетно, демократско и европско општество во Македонија“, рече Ковачевски.

Ковачевски додава дека ниту тој, ниту СДСМ нема да се откажат од членството на Македонија во Европската Унија, затоа што со тоа се обезбедува подобар животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство и држава достојна за сите граѓани.

Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

Вечерва немам намера да ви држам говори полни со демагогии и лажни ветувања, а уште помалку со лажен патриотизам и национализам, рече носителската на изборната листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица шест, Славјанка Петровска.

„Во времињата кога лажниот патриотизам владееше, од Македонија над 70.000 граѓани земаа бугарски пасоши. Во тие времиња студентите беа тепани, а новинарите апсени. Вечерва ќе зборувам за иднината, а тој пат е тежок и макотрпен, но друг пат нема. Секој што ќе ви вети брз и пократок пат, знајте дека ве носи во бездна, ве враќа во минатото, а не кон иднината“ порача Петровска.

Таа се обрати до опозицијата да каже која и каква е алтернативата.

„Ќе излезете од НАТО? Ќе прекинете преговори со ЕУ? Ќе затворите граници со соседите? Ќе седите дома, додека децата ни бегаат преку граница, а вие ќе ја фатите старата песна, да изградите уште една бела палата, додека на народот му се заканувате со меѓуетничка војна? Ова е таа друга опција, почитувани. Нашата опција, пак, е јасно зацртана. Ние не бегаме од тешките прашања и не ги негираме грешките. И ние сме луѓе од крв и месо, и нас не болат неправдите кои доаѓаат однадвор, сите тешки одлуки - и за името и за односите со соседите. Сето тоа и нам ни тежи на душа... Но ние немаме право да Ве лажеме дека има успех без цена, за нашата Македонија да дојде таму кај што природно припаѓа, во цивилизирано, европско семејство“ порача Петровска.

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

Фото: Парис Хилтон „како од мајка родена“

Богатата наследничка на ланецот хотели „Хилтон“ – Парис Хилтон неодамна се појави на насловната страница на магазинот „Flaunt“ во разголено издание.

Иако позираше во „костум – како од мајка родена“, оваа 43-годишна убавица носеше додатоци од големите модни куќи – „Версаче“ и „Сен Лоран“.

Провокативната Парис никогаш не била срамежлива да ги покаже деловите од своето тело, но сега според многумина сепак отишла малку предалеку.

притисни ентер