Red Dot Award 2022: Новиот PEUGEOT 308 награден за својот уникатен дизајн - Канал 5

Red Dot Award 2022: Новиот PEUGEOT 308 награден за својот уникатен дизајн

Најголемото признание  во секторот на „продукт дизајн“ - “Red Dot Award 2022”,  во категоријата на „Автомобили и мотоцикли“, беше доделено на Новиот 308!

Red Dot Award 2022: Новиот PEUGEOT 308 награден за својот уникатен дизајн

Првиот модел кој гордо го носи новиот амблем на Брендот.

50-те членови на жирито на Интернационалниот “Red Dot Awards” беа потполно импресионирани од неговиот “allure”, неговиот уникатен стил, високото ниво на квалитет употребен во дизајнот, како и иновативниот i-Cockpit. Секоја година, овие дизајнерски експерти доделуваат таканаречен “Design Excellence” во 51 „продукт“ категорија.

Потенцијалните клиенти од сите континенти се ослонуваат и му веруваат на признанието “Red Dot” како гаранција за квалитет, “smart” дизајн и врвна ергономија. Peugeot 308 е 7миот модел на Брендот кој е награден со ова престижно признание, креирано во 1955та година во Германија, и од тогаш важи за признание кое се доделува за најдобри дизајни ширум светот.

Linda Jackson, CEO на Peugeot: "Ние сме горди што го добивме ова признание “Red Dot Design Award” за Новиот PEUGEOT 308. Новото лого ја симболизира грижата, вниманието и страста која е употребена во креирањето на овој модел: уникатниот “allure”, уметноста и вештите раце на креаторите, технолошката извонредност, прецизност и иновативност која всушност го карактеризира овој дизајн. Оваа награда, најценета во секторот „продукт дизајн“, само покажува дека сме го направиле вистинскиот избор во дизајнирањето на нашиот нов автомобил.“'

PEUGEOT 308: дизајн кој поставува нови трендови

Надворешниот дизајн на Новиот 308 беше пресуден за жири комисијата. Архитектурата на Новиот 308 бенифицира од хабитабилноста и динамизмот на својата силуета. Ова е првиот модел кој ја носи новата решетка со новиот амблем, во кој се крие радарска и сензорска технологија. Вертикалниот светлосен потпис е комплетиран со Matrix LED предните светла (во GT и GT Pack ниво на опременост), кој обезбедува поголема ефикасност и безбедност на патот. LED светлата со 3 канџи на задниот дел се олицетворение на ДНК на Брендот.

Во кабината PEUGEOT i-Cockpit® 3D (дигитален кластер над компактниот управувач) се карактеризира со i-Toggles конфигуративни копчиња, веднаш под интуитивниот екран на допир, налик на оној на smartphone. Седиштата се AGR сертифицирани за својата ергономија и прилагодливост. Во внатрешноста импресионираат неколку селективни детали: LED амбиентално осветлување (избор од 8 бои) како и панели на вратите креирани од Alcantara® или делови од вистински алуминиум, во зависност од нивото на опременост.

Доследен на стратегијата "Power of Choice", Новиот PEUGEOT 308 е достапен со различни мотори. Покрај различните варијации на мотори со внатрешно согорување, PEUGEOT 308 понудува и два хибридни мотори.

Red Dot Design Awards

Ова е 7ми пат како Peugeot добива ваква награда, веднаш по 208 и 2008 во 2020 година, 3008 во 2017та година, TRAVELLER во 2016, првата генерација на 308 SW во 2014 и RCZ coupe во 2010.

Оваа награда - “Red Dot Design Award” е 11та интернационална награда добиена од страна на Новиот 308, од неговото лансирање на крајот на 2021 година.

Основана во 1995 година, Red Dot наградата е најпризнанена интернационална награда за квалитет и успешен дизајн. Red Dot Design Awards се случуваат еднаш годишно во 3 дисциплини: Продукт Дизајн, Бренд и Комуникациски Дизајн, и Концептен Дизајн. Жирито се состои од 50 интернационални експерти од различни полиња: дизајнери, архитекти или учители. Повеќе информации во врска со организацијата Red Dot се достапни на: https://www.red-dot.org/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)

Во Литванија започнаа воените вежби на Бундесверот, во кои учествуваат повеќе од шест илјади војници, а ќе траат до 3 декември.

НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)

„Во вежбите „Штит на слободата 26-II“ и „Голем орел 26“ учествуваат единици на литванската 45-та оклопна бригада Литванија и 37-ма моторизирана пешадиска бригада Саксонија на германската 10-та оклопна дивизија“, се вели во соопштението, јавува LRT.

Заедно со литванските и германските војници, борбена обука ќе поминат и војници од мултинационалната борбена бригада на НАТО од Германија, Холандија, Норвешка, Чешка, Хрватска, Белгија и Луксембург, како и литванска воена единица.

Главната цел на маневрите е да се зголеми борбената готовност на војниците, да се вежба команда и контрола и планирање на операции, како и да се зајакне соработката со сојузниците.

Литванската војска појасни дека вежбата „Штит на слободата 26-II“ ќе се одржи на воениот полигон Руднинкај, додека вежбата „Голем орел 26“ ќе се одржи на воениот полигон „Генерал Силвестрас Жукаускас“ во близина на градот Пабрада.

Воените возила ќе бидат во активна употреба во текот на целата воена вежба.

Најголем сообраќај на конвои се очекува од граничниот премин Калварија на 6 и 7 ноември, а од Клајпеда на 10 и 12 ноември.

Локалните жители се предупредени за можни прекини во сообраќајот и се замолени строго да ги следат упатствата на воената полиција.

Русија во последните години постојано изразува загриженост за активностите на НАТО долж нејзините западни граници.

Кремљ истакна дека Москва не претставува закана за никого, но дека нема да ги игнорира дејствијата што се потенцијално опасни за нејзините интереси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џејми Оливер најави дека се повлекува од телевизиите

Познатиот британски готвач Џејми Оливер, кој со децении подготвуваше оброци пред милионска публика, го објави своето пензионирање од телевизијата. 

Џејми Оливер најави дека се повлекува од телевизиите

Оливер вели дека има различни планови за иднината и сака да се врати на своите корени, пишува heute.at.

На почетокот на својата кариера, Оливер сакал само да готви, но откако бил откриен од телевизијата, станал глобално познат. Сега, по речиси три децении, тој размислува за потивок живот. „Ме украдоа од кујната за да станам „Џејми Оливер““, рече 51-годишниот готвач во австриската радио емисија Ö3 „Појадок во мојата куќа“.

Тој се сети како работел во лондонскиот ресторан „Ривер Кафе“ кога бил забележан од екипа на Би-Би-Си. Набрзо следела емисијата „Голиот готвач“, која му го променила животот. „Чувствувам дека би сакал да се повлечам од јавноста“, отворено рече тој во разговор со водителката Клаудија Стокл.

Тој сака повторно да се врати на шпоретот

Оливер има јасен план за иднината. „Во следните неколку години, имам намера да се повлечам од некои од улогите што ги имав, како што е телевизиската работа“, објави тој. Неговата цел е помалку телевизија и одговорност, а повеќе време за готвење. „Кога ќе наполнам 60 години, сакам да се вратам во кујната на ресторанот и да готвам за 50 луѓе“, објасни тој.

Сепак, неговото заминување од јавноста нема да биде веднаш. Оваа година, тој го рестартираше својот синџир ресторани „Џејмис италијанец“, кој банкротираше во 2019 година, со нова локација во Лондон. Тој вели дека банкротот го научил на важни лекции за трошоците за кирија, управувањето со персоналот и важноста на одржливиот бизнис модел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД воведуваат нови санкции за Куба- реагираше Марко Рубио

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции врз Куба, насочени кон десет субјекти.

САД воведуваат нови санкции за Куба- реагираше Марко Рубио

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции врз Куба, насочени кон десет субјекти, вклучувајќи членови на кубанската елита, мрежата за транспорт на сурова нафта, државни претпријатија одговорни за увоз и техничка поддршка и добавувачи на кубанската војска со седиште во Кина.

„Владејачката елита во Куба ги присвојува енергетските, транспортните и технолошките ресурси на островот за сопствено збогатување, оставајќи го кубанскиот народ да се соочи со прекини на електричната енергија, недостиг и економска стагнација. Марксистичкиот режим во Хавана се потпира на мрежа од државни претпријатија, заеднички вложувања и офшор посредници за да го одржи овој систем во функција“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио во соопштението, објави Ројтерс.

Како што оцени, Куба продолжува да служи како лансирна рампа за глобална коалиција од непријателски, антиамерикански актери кои се закануваат, шпионираат и заговараат против САД и нивните интереси.

Рубио додаде дека Министерството за финансии на САД донело одлука со која се овластува воведување економски санкции врз секој странски субјект кој работи или работел во електрониката, производството, поморството и технологијата на кубанската економија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер