ЖивотРаздвоиле близначки, растеле во различни држави, а сега ги шокирале научницитеИдентични близначки биле разделени како деца и пораснале во две различни држави, Јужна Кореја и САД.По повеќе од 40 години, тие повторно се сретнале и учествувале во истражување кое покажало дека коефициентот на интелигенција на медицинската сестра од САД е далеку помал од коефициентот на интелигенција на сестра ѝ од Кореја. Во други области, на пример, карактеристиките на личноста и медицинската историја, близначките биле слични, пренесува NextShark. Студијата била спроведена од истражувачи од Универзитетот Кукмин во Сеул и Државниот универзитет во Калифорнија. Сестрите се родени во Сеул во 1974 година. Кога имале две години, едната од нив се изгубила на пазар. Иако родителите се обиделе да ја најдат изгубената ќерка, не успеале. Таа на крајот беше посвоена од пар од Америка. Таа пораснала без никакво знаење за нејзиното потекло, па решила да учествува во програмата на јужнокорејската влада за повторно обединување на членовите на семејството. Дури во 2020 година, кога стигнале резултатите од ДНК-тестот, дознала дека покрај идентичната близначка, има и постар брат и сестра. Сестрите повторно се обединиле и набрзо се согласиле да учествуваат во студија која користела серија тестови за споредба на нивната интелигенција, личност и историја на ментално и физичко здравје. Американката на тестот за интелигенција освоила 16 поени помалку од нејзината сестра од Кореја. Ваквата разлика е значајна бидејќи, според претходните истражувања, просечната разлика во коефициентот на интелигенција на идентичните близнаци кои пораснале одделно е седум или помалку поени. – Зачудувачки е тоа што близначките покажаа значителни разлики во когнитивните способности поврзани со силното генетско влијание, напишаа научниците во написот објавен во списанието Personality and Individual Differences. Тие не знаат дали на разликата во коефициентот на интелигенција влијаело различното воспитување, но забележале дека близначката од САД претрпела три потреси на мозокот, што можело да влијае на нејзините когнитивни способности. Освен тоа, како разлика откриле дека Американката развила индивидуалистички поглед на светот, додека Корејката повеќе ги ценела колективистичките вредности. Таа го опишала растењето во нејзиното домаќинство како полно со љубов и хармонија. Од друга страна, постојано имало конфликт во домот на сестрата која пораснала во Америка, а нејзините посвоители на крајот се развеле. Во однос на сличноста, двете сестри биле на операција за отстранување на туморот на јајниците. Резултатите од тестот за самодоверба и профилите за ментално здравје биле идентични. - И двете близначки имаат висока совесност, што укажува дека и двете се добро организирани, совесни и се стремат кон постигнувања, забележале истражувачите. Тие заклучиле дека целокупната конфигурација на сестрите е слична, во согласност со литературата за умерените влијанија на генетиката врз личноста на возрасните. Сличностите во нивните темпераменти покажале дека генетиката игра улога во емоционалните преференции на една личност и покрај тоа што расте во различна средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
Магазин Дали вашето дете користи привремени „тетоважи“? Резултатите од тестот би можеле да ве загрижатПривремените тетоважи со еднорози, змејови и други детски фаворити се вистински летен хит, но новите лабораториски тестирања покажуваат дека сепак не се безопасни. Привремените тетоважи со еднорози, змејови и други детски фаворити се вистински летен хит, но новите лабораториски тестирања покажуваат дека сепак не се безопасни. Анализата на Трудовата комора на Горна Австрија (AK OÖ) и Гринпис откри голем број контроверзни супстанции во популарните детски тетоважи. Загрижувачки резултати Од 15 анализирани производи, дури 13 не ги исполнувале критериумите. Независна лабораторија открила вкупно 31 сомнителна хемикалија, а дури 12 различни штетни супстанции биле пронајдени во една тетоважа. Во Трудовата комора зборуваат за вистински „хемиски коктел“. Експертите пронајдоа растворувачи забранети во Европската унија, омекнувачи и полициклични ароматични јаглеводороди (PAH). Овие супстанции се поврзани со ризици по репродуктивното здравје, а некои се сметаат за потенцијално канцерогени. Тешки метали како олово и никел биле откриени во речиси сите примероци, објавува Heute. Пронајдени се и „трајни хемикалии“ Анализата откри уште една причина за загриженост. Таканаречените „трајни хемикалии“ (PFAS) биле пронајдени во четири тетоважи, а во некои и PTFE, попознат како тефлон. Иако измерените концентрации биле во рамките на дозволените граници, според експертите, тие би ги надминале ограничувањата предвидени со планираната забрана на „трајни хемикалии“ на ниво на Европската Унија. Производи без список на состојки Критики беа упатени и до Амазон. Во случајот со три тестирани производи купени преку таа платформа, законскиот пропишан список на состојки воопшто го нема. Ова значи дека клиентите не можат да знаат какви хемикалии ставаат на кожата на своите деца. Тие бараат построги правила Трудовата комора предупредува дека резултатите од тестовите откриваат сериозни недостатоци во постојните прописи за хемикалии. Сегашните правила главно ја проценуваат безбедноста на поединечни супстанции, но не го земаат предвид нивниот комбиниран ефект кога се во истиот производ. Затоа од Трудовата комора на Горна Австрија и Гринпис бараат построги прописи што би ги опфатиле само таквите хемиски мешавини, како и целосна забрана на „трајните хемикалии“ (PFAS).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
СудбинаРодители си го оставиле своето новороденче, па на полицијата ѝ рекле дека го нашле покрај пат- сега донесоа чудна одлукаДвајца многу млади родители од областа Неапол, кои се обиделе да го сокријат фактот дека штотуку добиле бебе и се преправале дека го пронашле, наводно одлучиле да го признаат својот син, кој е роден ноќта помеѓу петокот и саботата.Стравот од неуспех, неискуството и можеби целосниот недостаток на семејна поддршка се сите можни причини зошто младите родители првично одлучиле да не го признаат своето новороденче. Сепак, по само неколку часа и огромно медиумско негодување, се случил драматичен пресврт на настаните, објави Република. Деветнаесетгодишник од Пасторано, во областа Казерта, кој заедно со своето семејство се обидел да се преправа дека го пронашле новороденчето во Пињаторо Маџоре ноќта помеѓу петокот и саботата, наводно одлучил да го признае детето. Во исто време, мајката на бебето (16), која семејството ја поддржувало од самиот почеток, наводно донела иста одлука. Превртот на настаните дошол по еден ден поминат во доверливи разговори во болницата, додека телефоните на младите родители биле исклучени, подалеку од јавноста и негодувањето предизвикано од случајот. Конечната одлука сега ќе треба да ја донесат Јавното обвинителство во Санта Марија Капуа Ветере и Судот за малолетници во Неапол. Тие ќе ги проценат понатамошните правни чекори, како и можните мерки во врска со старателството и згрижувањето. Одлуката ќе ги земе предвид и извештаите од општинските социјални служби на Пињатаро Маџоре, кои беа активирани веднаш откако беше пријавено дека бебето е пронајдено. Двете семејства изјавија за време на интервјуата со истражителите дека не биле свесни за бременоста, но сега, според достапните информации, се подготвени да сторат сè што е потребно за да се осигурат дека детето ќе порасне со соодветна грижа и поддршка. Таткоto пријавил дека пронашол бебе покрај патот Сепак, правниот статус на таткото на детето останува отворен. 19-годишникот е осомничен за лажно претставување и симулирање на кривично дело. Тој се јавил на 911 и се претставил како минувач кој наводно го пронашол новороденчето покрај патот, на периферијата на Пињатаро Маџоре. Кога карабинерите пристигнале на местото на настанот, младиот човек им дал лажно име и немал документи со себе. Сепак, истражителите набрзо открија дека приказната не е онаква каква што беше претставена. Всушност, 19-годишникот бил татко на новороденчето и неколку часа претходно ѝ помогнал на својата девојка, која била девет месеци бремена, за време на породувањето дома. Младиот пар ја пресекол папочната врвца, го искапал и облекол бебето, а потоа решил да не го задржи. Истражителите моментално веруваат дека во овој случај немало суровост кон детето, туку дека станува збор за дезориентација и страв од двајца многу млади луѓе кои не се чувствувале подготвени за родителство. Малиот Матија на крајот бил префрлен во болница. Неговото здравје се подобрува. Бебето, тешко околу два и пол килограми, било примено на одделот за неонатална интензивна нега во болницата Кардарели во Неапол, откако претходно му била укажана прва помош во болницата Сантобоно. Кога пристигнала во здравствената установа, бебето имало блага хипотермија, но нејзината состојба сега се подобрува. Во меѓувреме, заедницата на Пињаторо Маџоре се обединила околу случајот. По почетниот шок, меѓу граѓаните започна спонтан бран на солидарност и донации. Граѓаните почнаа да донираат облека, креветчиња и други основни потреби потребни за новороденчето. Локалниот парохиски свештеник е исто така подготвен да помогне. Истата мрежа на солидарност, според локални извори, наскоро би можела да се прошири и до Пасторано, родниот град на деветнаесетгодишниот татко. Таму, неговото семејство наводно се подготвува да го пречека својот внук штом неговата здравствена состојба и законските процедури дозволат.Тагови: новороденче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаШведска купува четири воени бродови од Франција за 3,5 милијарди евра Шведска потпиша договор со француската компанија „Навал груп“ за купување четири нови фрегати. Договорот беше склучен во Стокхолм на церемонија на која присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон и шведскиот премиер Улф Кристерсон, пишува Ројтерс. Набавка вредна четири милијарди долари Шведска ја објави својата намера да нарача бродови од францускиот производител уште во мај. Вредноста на договорот изнесува 3,5 милијарди евра, а инвестицијата ќе ги тројно зголеми капацитетите за воздушна одбрана на земјата со оглед на безбедносната ситуација во Балтичкото Море. Како најнова членка на НАТО, Шведска брзо ја зајакнува својата војска по руската инвазија на Украина. Првата од четирите нови фрегати треба да биде испорачана во 2030 година, а тие ќе бидат и најголемите бродови во шведската морнарица. Зајакнување на европската соработка Договорот доаѓа во време кога Франција и Шведска ја продлабочуваат својата одбранбена соработка. Двете земји се залагаат за поголема воена независност на Европа. Таквиот пристап е делумно мотивиран од сомнежите за посветеноста на американскиот претседател Доналд Трамп кон европската безбедност, поради што владите низ целиот континент ја преиспитуваат својата зависност од американското оружје и безбедносните гаранции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27